- Дома
- Возила
- ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА
- Ново Citroën Berlingo Van1
ПРЕДНОСТИ
Дознајте повеќе за новото Citroën Berlingo Van преку видео
За првпат комерцијализирано во 1996 и произведено во повеќе од 1,5 милиони примероци, третата генерација на легендарното Citroën Berlingo го носи називот Citroën Berlingo Van. Новото Berlingo Van претставува вистински генерациски отскок во смисла на стил, опременост и модуларност. Идеален партнер за сите професионалци.
Ќе се комерцијализира во 2019 година.
ИСТО КАКО ВАС, СПОСОБНО Е ЗА СÈ!
Издржливо и заштитнички, новото Citroën Berlingo Van се истакнува со енергичен дизајн на надворешноста со флуидни линии без ниту трунка агресивност.
– Изгледот напред е во духот на идентитетот на марката и на неговиот постар брат Citroën Jumpy : високо поставен и краток капак на моторот со широки светла.
– Од профил, флуидни линии и грижливо изработени страници. Одраз на практичност и просторност во внатрешноста.
Издржливо и заштитнички, новото Citroën Berlingo Van се истакнува со енергичен дизајн на надворешноста со флуидни линии без ниту трунка агресивност.
– Изгледот напред е во духот на идентитетот на марката и на неговиот постар брат Citroën Jumpy : високо поставен и краток капак на моторот со широки светла.
– Од профил, флуидни линии и грижливо изработени страници. Одраз на практичност и просторност во внатрешноста.

Berlingo Van DRIVER
Верзија наречена « Driver », специјално дизајнирана за компании и нивните вработени чии задачи им се долготрајни патувања или повеќекратни испораки во урбана средина.
– Удобност во возењето
– Пакет звучна изолација
– Бројни уреди за помош во возењето со технологијата Surround Rear Vision
– Екран на допир 8′ со поврзано радио
Удобност и практичност за ефикасни работни денови.

Berlingo Van WORKER
Верзија наречена « Worker » за професионалци кои пренесуваат материјали а и своите вработени до разни градилишта:
– Кабина Extenso(R) : 3 седишта напред, подвижна канцеларија и транспорт на долги предмети за оптимална модуларност.
– Grip Control со Hill Assist Descent, со високо држење од подлогата (+30mm), големи тркала, (690mm) со пневматици Mud & now за поголема управливост.
– Поголема корисна носивост од 1.000kg , нови светла и прстени за прицврстување по средината за поголема практичност.

SURROUND REAR VISION
Новото Citroën Berlingo Van ги надминува сите стереотипи со 20 уреди за помош во возењето и 4 технологии на поврзување. Нуди и една иновација: технологијата Surround Rear Vision за неверојатна видливост.
Екран во боја 5′ на местото на средишниот ретровизор кој прикажува слики од двете камери (една во совозачкиот ретровизор и една во горниот дел од вратата назад).
На располагање се 3 начини на прикажување :
– Контрола на опркужувањето назад : екранот ја прикажува зоната назад во насока на возилото за подобра видливост на сообраќајот
– Контрола на опркужувањето од страна : на екранот се прикажува зоната од совозачката страна за да се намали ризикот на мртов агол
– Визуелна помош при движење кон назад – екранот ја прикажува непосредната околина на возилото назад за да се олеснат маневрите при движење наназад

ПЕРФОРМАНСИ
МОТОРИ
Нова платформа ефикасни мотори и динамично однесување на патот за вистинска удобност во возењето и контролирана цена на чинење при употреба .
– 1 бензинска верзија со PureTech 110 S&S BVM6
– 4 дизел верзии : BlueHdi 75 BVM, BlueHDi 100 BVM, BlueHDi 100 S&S BVM, BlueHdi 130 S&S BVM6 и EAT8
Најновата генерација на автоматски менувачи со 8 степени EAT8 “Efficient Automatic Transmission” со команди на воланот за вистинско уживање при долги или повеќекратни патувања.

DETAILS
МОДУЛАРНОСТ

Ново Citroën Berlingo Van, ги задоволува и најспецифичните потреби на професионалците. Комерцијално возило дизајнирано по мерка за да понуди максимална модуларност и мултифункционалност :
– 2 должини: Големина M : 4,40m и Големина XL : 4,75m
– 2 конфигурации на патничките кабини: Кабина Extenso(R) и Продлабочена кабина
– 2 лизгачки странични врати / Отворање на вратите под агол од 180°
– Најголема товарна зафатнина во сегментот : 3,3m3 минмиум и 4,4m3 кај Величина XL и до 1000kg корисна носивост
– Бројни простори за чување на предмети : со зафатнина од 113 литри од кои треба да се истакне Top Box од совозачка страна, приклучок 220V, …
НИВО НА ОПРЕМЕНОСТ & КОРИСНА ТЕХНОЛОГИЈА

Новото Citroën Berlingo Van е вистински концентрат на корисна технологија.
Функционално и практично, новото Citroën Berlingo Van е во дослух со својата генерација и нуди безбедно и релаксирачко возење. За разлика од другите возила од неговиот сегмент е опремено со :
– 4 технологии на поврзување меѓу кои се вбројуваат Citroën Connect Nav и Mirror Screen (Apple Car Play / Android Auto) со бежичен полнач за смартфон – 20 технологии за помош во возењето
Citroën, стогодишен партнер на добрите мајстори
Кај Citroën, историјата на производство на фургон возила започнува на почетокот од дваесетиот век. Berlingo има долга традиција која запоќнува во 1928 под назив C4 Van. Во 1950 е претставен легендарниот фургон 2 CV , кој подоцна постанува вистински легендарен модел.
Во 1978, 2 CV Фургон е заменет со Acadiane.
Во 80-тите години се појавува легнедарниот Citroën C15 кој остварува над 1,18 произведени примероци за 22 години.
Следната револуција датира од крајот на XX-иот век и се нарекува Berlingo! Првата генерација се појавува во јули 1996 и целосно ги поместува границите за овој сегмент на возила во делот на особеностите и комфорот. Во текот на годините името Berlingo претставува синоним за репер во сегментот.