CITROËN C5 X
Стилот на Citroën C5 X е совршено олицетворение на филозофијата на Citroën. Автомобилот е уникатна комбинација на елеганцијата на лимузина, динамика на караван и издигната позиција на SUV.
Citroën C5 X нуди вистинска ведрина во автомобилот благодарение на врвниот комфор обезбеден со програмата Citroën Advanced Comfort®.
Citroën C5 X се одликува со модерна технологија за поедноставување на секојдневието во патничката кабина, со проширен Head up дисплеј, системи за помош при возењето кои воведуваат полуавтономно возење и целосно нов комуникациски интерфејс со 12" HD екран на допир со природно гласовно препознавање.
CITROËN C5 X PLUG-IN HYBRID
Citroën C5 X Plug-In Hybrid е модерен, high-tech автомобил со можност за електрична мобилност нудејќи комфор и разновидност при користење: мобилност од ë-комфор класа, совршено изолирана од патот и надворешниот свет, во целосен мир и тишина, како во чаура, со филтрирање на сите надворешни влијанија.
Тивко управување, флуидност и движење на возилото, задоволство при возењето, нежно потпирање, меки седишта Advanced Comfort, без вибрации во кабината, ергономијата и леснотијата при користење на интерфејсите и наменските услуги, сè придонесува за подобрување на комфорот во кабината, за сите патници.
CITROËN C4
Со C4, се враќа компактната лимузина од Citroën. Автомобилот е идеален партнер за вашите долги патувања благодарение на потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња® и седишта Advanced Comfort.
Citroën C4 има цврстина и карактер, со големи тркала и дарежливи, мускулести линии.