Кон содржината
Новиот ë-C3

НОВИОТ CITROËN Ë-C3

Заборавете сè што знаевте за електричните автомобили. Целосно новиот Citroën ë-C3. Целосно електричен.

Новиот ë-C3 одново ја открива електричната мобилност: компактен, произведен во Европа, достапен за секого и над сè, без компромис во смисла на дизајн, комфор или опрема! 

НОВИОТ CITROËN Ë-C3

Заборавете сè што знаевте за електричните автомобили. Целосно новиот Citroën ë-C3. Целосно електричен.

Новиот ë-C3 одново ја открива електричната мобилност: компактен, произведен во Европа, достапен за секого и над сè, без компромис во смисла на дизајн, комфор или опрема! 

Најкомфорен во класата

Најдоброто од комфорот на Citroën во градски автомобил, со седишта Advanced Comfort® и потпирање Citroën Advanced Comfort®.

Едноставно електричен

Со опсег за возење од 320 km (според WLTP) и брзо полнење од 20% до 80% во 26 минути, ë-C3 претставува идеално возило за вашите секојдневни рути.

Комплетно опремен

ë-C3 има врвни системи за информации и забава, поврзаност и опрема за безбедност за да ги поедностави твоите патувања.

100% ЕЛЕКТРИЧЕН И ГОРДО ЕВРОПСКИ 

Најкомфорен

За прв пат во сегментот на мали градски автомобили, ë-C3 има потпирање Citroën Advanced Comfort® за мирно возење, без вибрации. Исто така, комплетно ќе го цените неговиот комфор, благодарение на мекоста и  воедно поддршката  што ја нудат седиштата Citroën Advanced Comfort®. Сето тоа, додека уживате во тивко возење без емисија на издувни гасови. 

Компактен и урбан, ë-C3 исто така ви овозможува да уживате во поткрената позиција за возење за поголема безбедност во градот и по пат.

Едноставно електричен

Новиот ë-C3 е направен на паметна и ефикасна глобална платформа, со локација во Европа. Батерискиот пакет од 44 kWh нуди опсег на возење и до 320 km според WLTP, додек од 20% до 80% од батеријата се полни за само 26 минути. Новиот ë-C3 е совршен за сите ваши секојдневни патувања и рекреативни активности. Искористете ги услугите за поврзување преку апликацијата MyCitroën. Откријте ја апликацијата Citroën e-Routes, пасош на возачот за планирање на најефикасните рути. Едноставно надгледување на нивото на батеријата и директно следење на полнењето.  

Комплетно опремен

Во кабината на ë-C3 ќе најдете опрема за информации и забава достапна од централниот екран на допир од  10.25” како и функција за безжично Wifi што овозможува поврзување и пресликување на паметниот со Apple Carplay и Android Auto. На новиот во волан се достапни и бројни контроли.