Mirror Screen

Функцијата Mirror Screen преку Android Car, Apple CarPlay™ and MirrorLink®, овозможува полесен пристап до компатибилните апликации на вашиот паметен телефон или екранот на допир во возилото .

Mirror Screen e функција која возможува лесен пристап до компатибилните апликации на вашиот смарт телефон  или до  екранот на допир во возилото.

Функција MIRROR SCREEN

Servicesendetail_555X318

Со Mirror Screen, вашиот смарт телефон или екранот на допир во вашиот Citroën вршат само една работа .
Вашата омилена апликација ве следи секојдневно ,присутна е и за време на вашите патувања во автомобилот! Mirror Screen го прикажува избраниот дел од апликацијата на екранот на допир во самото возило.
Потребно е само да го поврзете вашиот смарт телефон преку кабел Mirror Screen се активира на екранот. Mirror Screen ги користи дата податоците од вашиот телефон и не предизвикува дополнителни трошоци*.
Покрај можноста за појасна слика од матичниот екран,овозможена е и интеракција со вашите апликации во целосна безбедност: гласовно бирање, слушање на радио, диктирање на смс (дури и читање на истата) притоа да останете фокусирани на патото!
* Освен купување на платежни апликации, претплати поврзани со дадена апликација или трошоци поврзани со патувања во странство, функцијата на Mirror Screen постои со повеќе опции и серии во зависност од верзиите.

КОМПАТИБИЛНОСТ НА MIRROR SCREEN

APPLE CARPLAY™

Apple-Car-Play_555X318Доколку користите iPhone, Apple CarPlay™ ви нуди интуитивен начин да ги остварите вашите повици,да го користите Plane, да слушате музика, да ги читате вашите пораки со користење на глас или со помош на прст.
Без да го тргнете погледот од патот, можете да го активирате Siri speech recognition започнувајќи со допир на екранот во возилото или додека управувате со притискање на копчето за гласовно бирање кое се наоѓа под воланот. Siri ќе ви овозможи пристап до вашите контакти, повици, да слушате или да ги диктирате вашите текстуални пораки без притоа да го консултирате вашиот iPhone.
Apple CarPlay™ ви овозможува и бенефит кога се во прашање одредени аудио апликации како Spotify or Stitcher и сето тоа ви е достапно додека возите.

ANDROID AUTO

Android.auto.logo.custom_555X318За да го користите  Android Car (™), вие мора да имате возило или радио во возилото инсталирано по купувањето на самото возило, кое ќе биде компатибилно со  Android Car (™) и со телефон кој ќе има поддршка од Android 5.0 (Lollipop) или некоја понова верзија. Најпрвин,ќе треба да се инсталира апликацијата на  Android Car на вашиот смарт телефон  од Google Play store. Потоа, ќе треба да го поврзете вашиот компатибилен  Андроид телефон со возилото или со радио уредот во него, па тогаш вашите апликации ќе бидат видливи на екранот во возилото благодарение на Android Car (™). За дополнителни информации околу компатибилноста на Android Car (™), ве молиме посетете нашата страна за поддршка  support.google.com/androidauto page.

MIRRORLINK®

Mirror-Link_555X318MirrorLink® овозможува во целост лесен и безбеден пристап до сите апликации ** на вашиот смарт телефон*, директно на екранот во вашето возило,со посредство на електронски уред додека возите: навигација, помош при возењето, музика, телефонија…
Апликациите функционираат на смарт телефон,но се прикажани на екранот од вашето возило,додека вие имате звук благодарение на интегрираниот аудио систем во возилото.
Целосната палета на апликации може да биде копирана во формат кој е адаптиран на возењето,се со цел непречена и безбедна меѓусебна интеракција.
* Компатибилен.
** Доколку е компатибилна апликацијата.
Mirror Screen е достапен во моделите на C1, C3, C3 Aircross, C-Elysée, C4 SpaceTourer, C5 Aircross, SpaceTourer