January 15, 2019

СПЕЦИЈАЛНА КОЛЕКЦИОНЕРСКА СЕРИЈА “ORIGINS”

ВО ЧЕСТ НА ЕДЕН ВЕК ХРАБРОСТ И ИНОВАТИВНОСТ НА CITROËN!

За да го означи почетокот на годината кога ја слави стогодишнината, марката Citroën претставува ексклузивната колекционерска серија составена од неколку модели од гамата, во зависност од пазарот, а кај нас се очекуваат: C3, C3 Aircross Compact SUV, новиот C4 Cactus и C-Elysée . Специјалните верзии ќе бидат претставени во првата половина од 2019, во чест на 100-те години креативност и храброст.
Оваа серија е карактерна, едноставна и елегантна, се одликува со хармонични бои и материјали, со детали во специјална бронзена нијанса кои отскликуват дизајн на запченик, како и со потпис “Origins since 1919”. Исто така, секој модел ќе биде опремен со современа опрема инспирирана од корисниците.

 

Со повеќе од 100 години креативност и високи стандарди, Citroën секогаш го почитуваше своето наследство со поместување на значењето на автомобилите и нивно реинтерпретирање. Во чест на стогодишнината, Citroën ја открива колекционерската серија Origins во Јануари 2019 со неколку возила во постоечката гама (во зависност од пазарот), а во Македонија на пролет се очекуваат моделите: C3 и новиот C4 Cactus, додека C3 Aircross Compact SUV и C-Elysée во втората половина од годината. Овие четири модели го поддржуваат производниот идентитет на Citroën со нагласен стилски јазик и отелотворување на програмата Citroën Advanced Comfort®.

КОМПЛЕТНО НОВА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Веднаш препознатлива, надворешноста на моделите од серијата Origins се истакнува со специфичен стилски пристап:

– Секој модел ќе биде достапен во различни, стилски и едноставни бои на каросерија: Бела, Сива и Црна.
– Двобојната комбинација ќе биде достапна со Црн кров (кај C3, C3 Aircross Compact SUV).
– Колекционерската серија ќе има внатрешност во знакот на “Origins”, со дизајнерски детали обоени во Бронзена нијанса поврзувајќи се на тој начин со оригиналниот, првичен менувач од минатото. Во истиот дух, моделите ќе бидат достапни со:
. Детали на школките од ретровизорите на вратите и украсни налепници од страните
. Налепница на задната врата (кај сите модели)
. Посебен декор во централниот дел на кровот (кај C3)
. Специјален пакет во Бранзена боја околу светлата за магла и Airbump® (кај C3, новиот C4 Cactus), околу предните светла (oкај C3 Aircross)
. Налепница “Origins since 1919” на предните врати на секое од возилата
– Дополнителни карактеристични стилски детали: затемнети задни стакла и стакло на багажниот простор, како и црни краци кај тркалата од лесна легура
Внатре, моделите од специјалната серија ќе ги одликува карактеристичнта дизајнерска шема Origins :
– Хармоничната шема се истакнува со: тапацир со Chiné Сив штоф со опшивка во Златна боја и знак “Origins” (кај C3, C3 Aircross Compact SUV и новиот C4 Cactus), декоративна лента на командната табла Mistral TEP со опшивка во Златна боја (кај C3) и специјални заштитни патосници напред и назад.

ОТВОРАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

Новата колекционерска серија ќе биде претставена на интернационално ниво. Во Франција, верзијата Origin на моделите C3, новиот C4 Cactus и C4/Grand C4 SpaceTourer е веќе достапна за нарачки. Верзијата Origins на моделите C1 и C3 Aircross Compact SUV ќе биде лансирана во втората половина од 2019. Во Македонија на пролет ги очекуваме најпрвин моделите C3 и новиот C4 Cactus, кога и дополнително ќе бидат претставени и содржините и нивото на опременост.

Современ комфор и опрема за сигурност во возењето инспирирана од употребата на клиентите.