CITROËN ГО ПРЕТСТАВУВА ВО C_42 C3-XR, СВОЈОТ НОВ CROSSOVER КОЈ ЌЕ ГО ЛАНСИРА ВО КИНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА.

CITROËN ја продолжува својата стратегија на глобализација и се афирмира како најглобална марка на светскиот пазар. Во рамки на оваа стратегија важно место зазема кинескиот пазар каде една од четири возила продадени од марката се токму на овој пазар. За таа цел денес CITROËN го открива во салонот C_42 на Елисејските полиња, својот нов C3-XR, компактен издржлив, елегантен и динамичен SUV автомобил.
CITROËN ја забрзува својата политика на меѓународен развој и го зајакнува својот статус на глобална марка. Последниве месеци глобализацијата зема нов замав со прогресија на светската продажба од +7% во првото полугодие од 2014.
Во рамки на оваа офанзива, Кина е првиот пазар на CITROËN кој бележи прогресија поголема и од самиот пазар со пораст од 19% до крајот на август 2014 во споредба со 12% на пазарот. Успехот на производите C-Elysée и C4 L, докажуваат дека CITROËN умее да се наметне со конкретен одговор, по мерка на очекувањата на новите клиенти.
Тргнувајќи од солидни основи и со цел зголемување на присуството на пазарот CITROËN го откри денес својот нов модел C3-XR, кој ќе биде лансиран во Кина до крајот на годината. Оваа нова понуда на модерен SUV се потпира на вредностите на CITROËN : изразен дизајн, беспрекорен комфор наследен од умешноста на CITROËN и технологија сконцентирана на уживањето и удобноста. Прикажувањето на симболично место во салонот C_42 на Елисејските полиња е по повод прославата на педесетиот роденден од воспоставување на дипломатски односи меѓу Франција и Кина како и истакнување на француското потекло на овој SUV.
Многу наликува на концепт возилото претставено во Пекинг во април 2014, возилото C3-XR е вистински производ на центарот за стил на CITROËN кој ја употреби целокупната своја умешност, вештина и креативност за да го создаде од SUV со дизајн кој веднаш се препознава со својата издржливост, елеганција и динамичност. CITROËN C3-XR ги поседува најновите технолошки иновации од примерот на: пристап и стартување со команда, камера за движење наназад, grip control… како и поврзувањето преку телематските услуги на Citroën.
Комерцијализиран во декември, C3-XR ќе се произведува во Вухан и ќе биде на располагање со моторот THP 160 S&S со менувач од најнова генерацја EAT6.
C3-XR ќе биде изложен во салонот C_42 на авенијата Елисејските полиња од први октомври.