February 23, 2021

Citroën ë-Berlingo – Светска премиера

Ë-BERLINGO: СО ЕЛЕКТРИЧНА ВЕРЗИЈА, CITROËN ГИ ИСПОЛНУВА НОВИТЕ ОЧЕКУВАЊА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, ОД ПИОНЕРОТ ВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКИТЕ ВОЗИЛА

  • Новиот Citroën ë-Berlingo идеален партнер за љубителите на активниот животен стил. Со својот препознатлива практичност и модуларност, можe да уживаат во секојдневните активности во нагласен комфор поради електричниот мотор.
  • Електричната верзија на Berlingo испорачува нежност и смиреност поради електричниот мотор со опсег и до 280 km* (според нормативот WLTP).
  • Располага со сите усовршени функционалности на Berlingo, без компромис, адаптирајќи се на сите потреби со просторна внатрешност, модуларност и практичност. ë-Berlingo е достапен во две должини и можност да превезува до седум патници. Го задржува истиот комфор во патничката кабина, три независни седишта во задниот дел, Modutop® повеќенаменски плафон, отворање на задниот прозорец.
  • ë-Berlingo го олеснува возењето со head-up дисплеј и нов 10” HD дигитален екран на кој се прикажуваат корисни информации за возачот и патниците.

“Преку електрификацијата на Berlingo се добива одговор на два важни елементи, да се овозможи доволен опсег и да не се прави компромис кога станува збор за практичност, со што нашите клиенти ќе можат да уживаат во секојдневните активности со сета разновидност. ë-Berlingo им екстра доза на смиреност во секојдневието благодарение на мирно и тивко возење, заштита на квалитетот на воздухот и контрола на оперативните трошоци. Ова се големи очекувања од овој тип на корисници, високо стратешки поставени во сегментот, со оглед дека возилата со голем волумен се посебно ограничени кога станува збор за емисија на СО2 и потрошувачка на гориво. Горди сме што Berlingo, првото мултифункционално возило се наоѓа меѓу првите кое нуди алтернатива од овој тип.” Laurence Hansen – Производен и стратигиски директор во Citroën

*Се чека сертификација.

Креаторот на повеќенаменските возила во 1996, Citroën продолжи да рзвива вистинска заедница приврзана за карактерот, практичноста и модуларноста на Berlingo. Компактната надворешност и просторната внатрешност, како главни предности за потребите на клиентите кои бараат поголем простор. Оваа продажна точка ја зајакнува привлечноста на Berlingo во сегментот, каде овој вид понуда стана оскудна. Доаѓањето на електричната верзија на Berlingo е клучен потег. Тоа е модерен одговор на еколошките проблеми што силно се одразуваат врз овој тип на дизјн на каросерија и им се обраќа на клиентите со предиспозиција кон природата, кои се свесни за својот отисок во животната средина и внимаваат на буџет за возила. Решението комбинира практичност со задоволство, имајќи корист од најдобрата електрична технологија и дополнително зголемувајќи ја смиреноста, а здржувајќи ја при тоа сета функционалност на Berlingo.

21X4

Ë-BERLINGO: ГЕНЕРИРА СМИРЕНОСТ И СЛОБОДА

ДОПОЛНИТЕЛНА НЕЖНОСТ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ

ë-Berlingo прави секое патување да премине во време за релаксација на патниците. Возилото стартува со беспрекорно со линеарен вртежен момент и инстантно заврзување достапно без промени во брзините. Електричниот мотор не генерира бучава, ниту вибрации.

ë-Berlingo исто така обезбедува врвен комфор во патничката кабина, преку високо поставени седишта, прецизно управување и дијаметар на кругот на вртење од 10,80 m.

Електричниот мотор го придвижува возилото според избраниот режим на возење и условите.  Со моќност од 100 kW (136 KC)/260 Nm, ë-Berlingo достигнува максимална брзина од 135 km/h без оглед на користениот режим. Овие различни режими можат да бидат избрани преку специфична команда на конзолата:

  • Normal – 80 kW/210 Nm: овозможува идеален компромис помеѓу оперативен опсег и динамични перформанси
  • Eco – 60 kW/180 Nm: ја оптимизира потрошувачката на енергија со намалување на употребата на греење и климатизација, без притоа да дојде до нивно оневозможување и со ограничување на вртежниот момент и моќта,
  • Power – 100 kW/260 Nm: овозможува нагласени возни својства и перформанси на возилото при носење на максимален товар.

ОПСЕГ ЗА СЛОБОДА ПРИ ДВИЖЕЊЕТО

Клиентите за повеќенаменски возила имаат различни потреби за мобилност за да уживаат во своите активности, со патувања со различна должина. ë-Berlingo излегува во пресрет на сите барања како камелеон, адаптирајќи се од ден на ден на секое засебно. Тоа го прави преку овозможен пристап до градските делови со рестрикција во сообраќајот, со што им овозможува на клиентите проширен пристап. Во зависност од стилот на возење, литиум-јонската батерија на ë-Berlingo од 50 kWh испорачува опсег до 280 км *.  ë-Berlingo ја користи најдобрата електрична технологија и е достапен со истиот погонски систем и пакет батерии за двата типа на каросеријата.

*Се чека сертификација.

За оптимизација на опсегот, погонскиот систем на ë-Berlingo ја обновува енергијата за време на фазите на сопирање или забавување. За засилена обнова на енергијата, треба да се активира копчето со ознака “B”  сместено на централната конзола. Батеријата се наоѓа под седиштата и подот во товарниот дел. Батеријата складира и снабдува енергија потребна за работа на електричниот мотор, греење и ладење. Нивото на полнење на батеријата е прикажано на инструменталната табла преку индикатор изразен во %  и светлосно прикажан. Батеријата има гаранција од осум години или изминати 160 000 km (за 70% од капацитетот на полнење на крајот на овој гарантен период).  Сертификатот за капацитетот на батеријата се издава по проверка по 1 година или 20 000 km, а понатаму по секое сервисирање, на секои две години или по изминати 40 000 km.

CL 21.008.002

ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ И КОНТРОЛИРИРАНИ ТРОШОЦИ

Клиентите на овој модел на возило најчесто поседуваат приватен приклучок во својот дом за полесен пристап кон полнењето. На располагање се три можности за полнење. За полнење на поголем дел од батеријата се користи едноставен приклучок Green’up во текот на ноќта, за да се овозможи поголема функционалност во текот на работниот ден.

  • Приклучок за домашни услови, за што е потребен кабел од типот 2 (во серија во Франција) за употреба дома, на работно место или паркинг. Овој вид на полнење е компатибилен со стандарден приклучок од 8A или засилен приклучок од 16А (куќиште+ Green’Up приклучок), што двојно го намалува времето потребно за полнење и овозможува да се добие 100% полна батерија за помалку од 15 часа.
  • Приватен или јавен приклучок за забрзано полнење, за кој е потребено инсталирање на Wallbox куќиште – ѕиден полнач од 3,7 kW до 22 kW и кабел од тип 3 (опционал. Со овој приклучок времето за полнење од 0% до  100% трае 7 часа и 30 минути (монофазен Wallbox од 7,4 kW) или 5 часа (трофазен Wallbox од 11 kW).
  • Супер-брзо полнење на јавна станица за полнење, до 100 kW со кабел од тип 4 интегриран во самиот полнач. Овозможува да се наполни до 80% од батеријата од 50 kWh за време од 30 минути. ë-Berlingo е најдобар во својот сегмент кога станува збор за забрзано време на полнење.

Повеќенаменските возила се практични, но нивната каросерија не е подложна на аеродинамичност. Електрификацијата претставува клучен елемент во овој сегмент за намалување на штетното влијание врз животната средина и трошоците за употреба. Ова е главен критериум за клиенти кои често располагаат со ограничен буџет.  Без промена на масло, филтри за воздух, филтри за гориво или масло за менувач, одржувањето е 30% поевтино отколку за моделот со внатрешно согорување. Контрола има исто така и врз енергетските трошоци на клиентите, ë-Berlingo троши 18 kWh на 100 km во просек, по цена од 3€.

Покрај тоа, ë-Berlingo е опремен со функција за одложено полнење, за потрошувачка на електричната енергија надвор од скапа тарифа на струја и термална подготовка, овозможувајќи им на возачите да ја подесат температурата во патничката кабина кога возилото ќе биде приклучено, со што ќе дојде до намалување на потрошувачката на батеријата при тргнување со возилото кон одредена дестинација.

КОРИСНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СМИРЕН ЖИВОТЕН СТИЛ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ

Преку апликацијата MyCitroën, клиентите можат да го користат својот смарт телефон или таблет со цел да го проверат нивото на батерија и опсегот, да извршат термална подготовка во патничката кабина и да го програмираат одложеното полнење. Овие подесувања можат да се направат директно преку екранот на допир во возилото или преку поврзаниот навигациски систем во менито „Energy”.  Оваа можност е достапна и за полнење во домашни услови ( тип 2) или брзо полнење (тип 3) и може да се направи промена во било кое време.

Апликацијата Free2Move го поедноставува полнењето и паркирањето (во Франција) со овозможување на пристап до преку 220.000 станици за полнење. Клиентите можат да ја користат оваа апликација за да ја изберат најдобрата рута при патување согласно опсегот на возилото, со приказ на компатибилни и расположливи станици за полнење, потребни паузи за одмор и потребно време за полнење.

За да ги поддржи своите клиенти, Citroën нуди адекватни решенија за полнење наменети за ë-Berlingo, вклучително со опрема (стандарден или засилен Green’Up приклучок или Wallbox) како и инсталација во домашни услови или на работно место. Во секоја европска земја избрани се препорачани партнери. Избрани партнери во Франција се ZEBorne и Zeplug, во чија понуда има адаптирани решенија за инсталација наменета за физички лица или деловни лица, за индивидуални или колективни домови.

ДИЗАЈН: ИЗБОР НА ЕНЕРГИЈА, ЕДИНСТВЕНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Однадвор, стратегијата на Citroën е да му понуди на секој клиент избор на енергија согласно своите потреби. ë-Berlingo се одликува со неколку знаци однадвор кои укажуваат на нови шеврони , пред името на задната врата, и преку елементи во боја од пакетот “ Сино Anodised” на браниците и на страничните Airbumps®. Отворот за полнење е вметнат на местото претходно наменето за отворот за полнење гориво.

Внатре, кабината е дизајнирана за да ја поедностави употребата на новиот Citroën ë-Berlingo:

Централната конзола е место за ë-Toggle, преку кој се контролира менувачот со функциите Park, Reverse, Neutral, Drive и Brake, заедно со копче за активирање на трите начини на управување: Eco, Normal и Power.

8” екран на допир кај ë-Berlingo вклучува и засебно мени „Energy”, кое овозможува пристап до електричниот режим на возилото, како проток на енергија (приказ на работата на системот во реално време при активен режим на возење, електричен мотор и ниво на полнење на батеријата), статистика на потрошувачката (како што е просечна дневна потрошувачка во kWh/100 km) и активирање на одложеното полнење или термалната подготовка во кабината. Прилагодлив уред со 10” HD дигитален екран достапен на располагање (стандард од верзијата Feel Pack) за оптимален квалитет на дисплејот и модерен и брз приказ на корисни информации поврзани со управувањето и насочувањето. Возачите можат да управуваат со прилагодливиот уред согласно нивните потреби, осветлување на патот, навигациски систем, информации за проток на енергија или системи за помош при возењето.

Ë-BERLINGO: ЧЛЕН НА ФАМИЛИЈАТА, ЕДНОСТАВЕН ЗА СОЖИВОТ

ë-Berlingo, одлика во сегментот кога станува збор за повеќенаменските возилата, се заснова на силните карактеристики и иновациите на кои се должи и долгогодишниот успех. Составен дел од програмата на Citroën Advanced Comfort®, преку овој модел се акцентира просторноста, модуларноста и осветленоста, со што се обезбедува зголемена благосотојба за пет до седум патници во патничката кабина.

ДВЕ ДОСТАПНИ ВЕРЗИИ ЗА МАЛИ И ГОЛЕМИ “ ГРУПИ”

Со истите одлики како и верзијата со мотор на внатрешно согорување, новиот Citroën ë-Berlingo може да се пофали со компактни димензии со цел полесно управување. А сепак, комфорно може да прими до седум патници.

Клиентите може да се одлучат за должина на возило, дали тоа ќе биде кратката верзија M  со должина до 4,40 m или пак подолгата XL верзија со должина до 4,75 m ( дополнителни 35 cm меѓуоскино растојaние и заден дел). Без оглед на верзијата, возилото има пристап до сите паркиралишта, благодарение на својата висина која е помала од 1,90 m.

ОПТИМИЗИРАНА УПОТРЕБА НА ПАТНИЧКАТА КАБИНА ЗА УЖИВАЊЕ

На луѓето на кои им е потребен простор за нивните активности или за уживање (вклучително екскурзии, авантури и активности на отворено) исто така им е потребен простор во возилото кое го користат секојдневно за превоз на неколку лица или опрема за нивните спортски активности, како и за товарење багаж. Го дизајниравме нашето повеќенаменско возило земајќи ги притоа во предвид сите овие потреби, овозможувајќи им го на клиентите она што им е потребно, имено исклучително возило со врвна просторност и функционалност, за едноставен и пријатен живот во патничката кабина.

ПОЕДНОСТАВЕН ПРИСТАП ВО КАБИНАТА

Пристапот во ë-Berlingo е поедноставен благодарение на две големи лизгачки врати кои се опремени со електрични прозорци, голема задна врата која е практична за товарење и истоварање на тешки и специфични предмети, како што е случај со багажот, со затемнет прозор во задниот дел заедно со рафт за поставување и отстранување на предмети без притоа да мора да се отвора задниот дел кога се нема доволно простор зад возилот.

ПРОСТОРНОСТ    

ë-Berlingo обезбедува просторност во внатрешноста соодветна за сегментот со цел да се зголеми благосостојбата за сите патници.

Верзијата XL има просторна кабина со зафатнина до 4,000 L и товарна должина од 3,05 m, заедно со дарежливиот дел наменет за нозете и до 2,126 L товарен капацитет.

МОДУЛАРНОСТ

Со истиот дух на модуларен дизајн како кај парче мебел кое може да се пренамени, ë-Berlingo може да се трансформира со цел да одговори на потребите и да понуди оптимална слобода во извршување на дневните активности. Може да прими пет до седум патници зависно од верзијата или со ослободување на дополнителниот простор наменет за транспорт на тешки и габаритни предмети.

Во вториот ред, три независни седишта назад, со иста големина, кои нудат на патниците дарежлив простор за колената од 156 mm. Преклопени, одделно или во целост, тие може да се прилагодат за да се добие посакуваната конфигурација, комплетно едноставно обезбедувајќи рамен под.

Доколку се  преклопи седиштето на совозачот, подот е целосно рамен и должината на товарот се протега на 2,70 м за верзијата М и 3,05 м за верзијата XL – идеална за транспорт на долги предмети.

Третиот ред претставува база на две седишта кои се отстрануваат. Кај верзијата XL, седиштата се поставени на шини што се лизгаат напред и назад над 130 mm за да обезбедат повеќе простор за патниците или поголем волумен во багажниот дел.

Рафтот може да биде поставен во висока позиција или на средина и да послужи за одделување на багажниот дел. Може да издржи тежина до 25 kg и да овозможи лесен пристап преку задното стакло на отварање. Во практична смисла, може да се складира зад седиштата од вториот ред (во зависност од верзијата).

МЕСТА ЗА СКЛАДИРАЊА

ë-Berlingo нуди зафатнина од  167 L простор наменет за складирање и исклучително голем багажен дел од 775 L за верзијата M и 1,050 L за верзијата XL (во конфигурација со 5 седишта).

За целосна удобност, местата за складирање беа дизајнирани така што патниците, користејќи ги оптимално, може да избегнат поставување предмети пред нивните нозе. Патничката кабина е вистински „наместен стан“, функционален простор во кој патниците се чувствуваат добро и лесно можат да најдат место за сите секојдневни предмети.

Помеѓу 26-те места за складирање, генијално дизајнираниот Modutop® нуди 92 L исклучително практични и лесно достапни места. Се состои од 60 L покрив во кој може да се сместа предмети со тежина до 10 kg , достапен од седиштата во вториот ред и багажникот преку задниот прозор, како и  проѕирен одделен свод кој совршено се надополнува на формата на таванот по целата должина со проѕирен завршен дел за да можат патниците да видат кои предмети се чуваат.

ОСВЕТЛЕНА ПАТНИЧКА КАБИНА

Во внатрешноста на ë-Berlingo, патниците имаат корист од вистинска „светлосна терапија”со цел сите да останат расположени за време на долгите патувања. Големите застаклени површини, кои достигаат до 6,40 m2, вклучуваат ветробранско стакло и голем панорамски стаклен покрив, со што се овозможува светлината да навлезе во кабината. Доколку е потребно, покривот може да се покрие со употреба на електрична завеса. За патување во текот на ноќта, Citroën го опреми ë-Berlingo со индивидуални ламби за читање за визуелна удобност на задните седишта и амбиентално осветлување кое доаѓа од сводот во горниот дел наменет за складирање, кој овозможува пригушено светло за топла атмосфера.

КОРИСНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СМИРЕНОСТ

СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

ë-Berlingo може да се пофали со 18 корисни технологии кои овозможуваат безбедно и спокојно возење на професионалците.

За поедноставено возење, ë-Berlingo нуди пристап и стартување на возилото hands free, head-up дисплеј во боја (за прв пат во сегментот), помош при качување на нагорнина, сензори за помош при паркирање напред, назад и странично, камера за движење наназад со Top Rear Vision, интелигенти предни светла, автоматска електрична сопирачка при паркирање, прилагодлив cruise control и ограничувач на брзина, Park Assist,  систем кој автоматски има увид за потребното растојание при паркирање е доволно и со тоа овозмоѓува спокојно маневрирање на возилото.

За зголемена безбедност, надополнет со автоматска електрична сопирачка при паркирање, предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија,  предупредување при намалено внимание на возачот, distance alert, Coffee Break Alert, контрола на стабилност кај треилер, Grip Control со Hill Descent Assist, проширено препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки, систем за надгледување на мртов агол.

4 ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ

Новиот Citroën ë-Berlingo достапен со 3 три пакети за поврзување за безбедност и комфор на сите во возилото. Овие пакети се интегрален дел од програмата на Citroën Advanced Comfort® и беа создадени со цел да го поедностават пристапот до услугите за поврзување, кои треба да бидат брзи и интуитивни.

CONNECT ASSIST

За безбедност на возачот и на патниците, новиот Citroën ë-Berlingo Van доаѓа со пакет Assistance & SOS.

Автоматски повик или мануелно активирање на копчето „Assistance” : доколку е потребно, оваа услуга му овозможува на возачот да стапи во контакт со контакт центарот.

Connect Assist се користи доколку се има потреба од пристап до информации за возилото како статус на полнење, режим, програмирано полнење, термална подготовка, достапни паркиралишта, изминати km, следна потребна посета на сервис. Поврзаноста и прегледноста е достапна преку апликацијата My Citroën.

CONNECT NAV

Connect Nav со екран на допир кој може да биде и гласовно контролиран и може да се користи за за пристап и до навигациајта, телефонските и радио функциите. Поврзан е со врзани услуги. TomTom Traffic дава информации во реално време со цел да се изнајде најсоодветна рута при движењето. Лоцирање и цени на бензинските станици и паркиралишта, информации за временските услови и локално пребарување по места на интерес се исто така достапни.

CONNECT PLAY

Технологија Mirror Screen, компатибилна со Apple CarPlay™ и Android Auto, му овозможува на возачот да се поврзе преку својот смарт телефон со екранот на допир во возилото. Па така,сите информации се присликуваат на екранот, се добива пристап до мултимедијалната содржина и овозможена е лесна и директна контрола на смарт телефонот и компатибилната апликација преку екранот на допир од возилото.

Пионерот во повеќенаменските возилата од 1996 година, Citroën ја продолжува својата офанзива преку претставување на електрична верзија на Berlingo, кој својот продажен успех го должи на просторната и модуларна кабина, како и на дарежливиот простор наменет за складирање. Извонреден лесно превозно средство за семејства и пријатели, ë-Berlingo е опремен за да ги поддржува секојдневно во нивниот активен животен стил.