CITROËN CITIZEN SERVICES ®

НОВА СЕOПФАТНА ПРОГРАМА ЗА УСЛУГИ ЗА ОДГОВОРНО И СМИРЕНО ИСКУСТВО ПРИ МОБИЛНОСТ
- Citroën ја претставува „Citroën Citizen Services ®“, сеопфатна програма што обединува портфолио услуги под една ознака, за да понуди одговорна и непречена мобилност, во согласност со предизвиците на нашето општество.
- Оваа иницијатива претставува одраз на програмата Citroën Advanced Comfort® и ја проширува посветеноста на Citroën за благосостојба на сите и надвор од границите на комфорот во патниката кабина.
- „Citroën Citizen Services ®“ го поедноставува помирното глобално искуство и поттикнува одговорна мобилност, без разлика дали се однесува на тоа како да се одржува возилото, да се вози, да се осигура, да се подготвуваат патувањата и да се поедностави полнењето во случај на електрични возила.
- Програмата „Citroën Citizen Services ®“ ќе се надградува на редовна основа со иновативни услуги дизајнирани да го подобрат животот на сите клиенти на Citroën и да промовираат можност за рециклирање и употреба на делови што може да се рециклираат.
Свесен за тековните предизвици со кои се соочува нашето општество, Citroën сака да го комплетира исклучителниот физички комфор на своите модели нудејќи целокупно смирено и одговорно автомобилско искуство преку сеопфатна програма за иновативни услуги: „Citroën Citizen Services ®“.
„Citroën е веќе добро познат по својата програма Advanced Comfort што се грижи за клиентите преку многу високи нивоа на комфор во нивните автомобили. Денес, го прошируваме ова чувство за грижа на сите елементи кои ги поедноставуваат сопственоста и користењето на возило со мотор со внатрешно согорување или електрично возило“, рече Laurent Barria, директор за маркетинг и комуникации во Citroën. „Како дел од нашата амбиција да ја направиме мобилноста подостапна, поодговорна и посмирена, „Citizen“ е заложбата на Citroën да го поедностави животот на нашите клиенти и да го зголеми нивното чувство за благосостојба, со постепено воведување на нови наменски искуства и понатамошно подобрување на нашите постоечки услуги, во посветен пристап што се грижи за нивната мобилност и секогаш да биде покрај нив“.
Со ова проширено портфолио на услуги под ознаката „Citroën Citizen Services ®“, клиентите ќе може да уживаат во смирено и рационално искуство на мобилност.
- УСЛУГИ ШТО ГИ ПОДДРЖУВААТ КЛИЕНТИТЕ НА CITROËN ВО СЕКОЈА ФАЗА ОД ЖИВОТОТ НА НИВНОТО ВОЗИЛО
Citroën ги поддржува своите клиенти како „ангел чувар“ во секоја фаза од нивното сопствеништво, од процесот на купување до животниот циклус на нивното возило, со сеопфатна понуда на услуги што им овозможува смиреност на дневна основа, ги поедноставува процедурите и ја зајакнува довербата во марката преку промовирање совети, одговорност, спокојство и достапност.
Совети со CITROËN ADVISOR, услуга претставена во 2016 година, која им овозможува на клиентите да добијат рејтинг од 5 ѕвезди и мислења од вистински потрошувачи, во целосна транспарентност и во секоја фаза од нивното патување. Досега, се објавени повеќе од 500.000 мислења од клиентите на Citroën ширум светот.
- ADVISOR PRODUCT: штом ќе почнат да пребаруваат на Интернет, клиентите можат да се консултираат со прегледи и оценки за сите модели од палетата на Citroën.
- ADVISOR POINT OF SALE: при купувањето, клиентот може да ги консултира мислењата за центрите и продажните советници за да го избере продажното место што најмногу му одговара.
- ADVISOR SERVICES: конечно, во текот на целиот животен век на нивното возило, клиентите можат да се консултираат со мислењата на другите клиенти на Citroën за сервисите каде што го оставиле своето возило за одржување.
Одговорност преку услуги кои поттикнуваат безбедно возење.
- опционално осигурување ЗАСНОВАНО НА НАЧИНОТ НА ВОЗЕЊЕ: благодарение на високите нивоа на поврзување во нашите возила, податоците може да се собираат директно од возилото во однос на неговите перформанси и начинот на кој се вози. Citroën им нуди на клиентите опција да се претплатат на поврзаното осигурување, развиено од Stellantis Insurance, при што премиите може да се намалат според податоците добиени од возилото додека се вози. Се применува попуст за пријавување од 10%, а сопственикот го задржува овој попуст за времетраењето на договорот. Преку внимателно и позитивно возење, клиентите имаат и дополнителни попусти пресметани околу три индикатори за податоци за возилото – забрзување, сопирање и брзина. Тие се евидентираат за време на патувањата и се анализираат секој месец за да се пресмета резултатот за возење што го одредува дополнителниот попуст што може да го добијат на нивната премија за следната година. (Ново во 2022 година)
Спокој благодарение на услугите за патување и одржување на вашиот Citroën.
- MY CITROËN ASSIST: ви овозможува да се јавите во 24-часовната служба за помош на Citroën во секое време и да ве лоцирааат службите при итен случај, како што е активирање на воздушно перниче.
- ОНЛАЈН ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕРМИН, што го поедноставува закажувањето на термин преку интернет во сервисен центар по ваш избор, директно од апликацијата My Citroën
- 24/7 СЕРВИС, овозможува да го оставите и подигнете вашето возило во време по ваш избор.
- ПРЕЗЕМАЊЕ И ИСПОРАКА: возач од Citroën доаѓа до домот на клиентот за да го земе возилото и да го врати при одржување.
- ВИДЕО ПРОВЕРКА, оваа услуга овозможува да се испрати видео на клиентот кој го оставил својот автомобил во сервисот во случај на дополнителна интервенција за објаснување и детална проценка. Дополнителна транспарентност и доверба ценети од 95% од нашите клиенти.
- Е-СЕРВИСНА КНИШКА, благодарение на апликацијата My Citroën, клиентите користат онлајн сервисна книшка. На пример, ќе бидат известени кога ќе дојде време за сервис или може да се консултираат со историјата на одржување на нивното возило.
- СЕРВИС НА ТРКАЛА, мобилна работилница за интервенција на место избрано од клиентот, распоредена во некои земји вклучувајќи ја и Индија за да се комплетира покриеноста на нашата мрежа на работилници.
Пристапноста до одржувањето на возилото без разлика на годината на производство.
- ЕДНОСТАВЕН ПРИСТАП ДО ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ОД ВОЗИЛА НА КРАЈОТ ОД ЖИВОТНИОТ ВЕК. Оваа услуга ќе биде овозможена благодарение на воведување наменска веб-страница на која клиентите ќе можат да ги бараат и набават резервните делови што им се потребни, а кои ќе бидат доставени до нивниот дом. Ова едноставно и економично решение ќе ги поттикне да го одржуваат своето возило во добра состојба со менување резервни делови по пониска цена. Клиентите ќе може да имаат корист од набавна цена и до 70% пониска од цената на нов дел, што ќе придонесе за зголемување на стапката на рециклирање со користење на половни резервни делови. (Ново во 2022 година)
- УСЛУГИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА МОБИЛНОСТ
Како посветен играч во енергетската транзиција, Citroën им нуди на своите клиенти низа решенија кои им овозможуваат едноставно и без стрес да ги подготват своите патувања, да ги пронајдат и платат за услугата на станиците за полнење, да имаат повремен пристап до автомобил со погон со внатрешно согорување, да имаат поддршка во користењето на нивните plug-in хибриди и корист од наменски договори за услуги кои промовираат можност за рециклирање.
Смиреност благодарение на услугите за секојдневно користење на вашето електрично возило.
- ПРИСТАП ДО ПРИВАТНИ И ЈАВНИ УСЛУГИ ЗА ПОЛНЕЊЕ преку Free2Move eSolutions: подобрена услуга која ги поддржува клиентите со најдобрите решенија за потребите за полнење на нивните возила, како дома, така и додека се во движење. На тој начин, на купувачот може да му се помогне при изборот и инсталирањето на ѕидна единица за полнење на локација по нивна желба по прецизна анализа на нивните потреби, нивната електрична инсталација и наменските понуди за финансирање. Додека се на пат, со поврзување со глобалниот портал за мобилност Free2Move, кој обезбедува пристап до 260.000 станици за полнење во Европа, возачите можат брзо да ги видат достапните станици за полнење и нивните цени и да ја отклучат станицата за полнење при пристигнување со помош на апликацијата за полнење eSolutions или Картичка за пристап на eSolutions .
- ПОДГОТВЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ (Планер на патувања): суштинска алатка за да стигнете таму каде што сакате да одите без стрес, користејќи ја апликацијата My Citroën за да го испланирате вашето патување. Апликацијата ќе ви ги прикаже соодветните станици за полнење долж секоја рута, заедно со проценетото време на пристигнување врз основа на моменталната состојба на полнење на автомобилот и времето потребно за полнење, доколку е потребно, по должината на рутата. Откако ќе се одлучите за вашата најдобра опција за рута, ја испраќате директно од апликацијата до поврзаниот интерфејс My Citroën Drive Plus во вашиот ë-C4 X, на пример, и подготвени сте да тргнете.
Способност да се одговори на специфичните повремени барања.
- ПОВРЕМЕН ЗАЕМ НА ВОЗИЛО СО МОТОР СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ. Сопствениците на Citroën ë-C4 во Франција ќе можат бесплатно да позајмат возило со мотор со внатрешно согорување седум дена надвор од двегодишниот гарантен рок, што е еквивалентно на тридневен викенд годишно, за да им ја поедностават мобилноста кога им е потребно, да го користат почесто, на пример кога патуваат во област со лоши јавни капацитети за полнење. Оваа услуга ќе биде распоредена во Европа за сите електрични возила во гамата на Citroën во 2023 година. (Ново во 2022 година)
- Корисниците на електрични возила кои ќе се пријават за договорот за услуги за одржување ќе добиваат бесплатен еднонеделен заем годишно за времетраењето на договорот. Тие можат да се претплатат на дополнителна недела подоцна.
Смиреност и одговорност при неговото одржување.
- Договор за одржливо сервисирање: Citroën ќе им понуди на клиентите на електрични модели опција за договор за услуги што вклучува употреба на рециклирани или препроизведени делови одобрени од производителот, секогаш кога е можно. Ова ќе ја максимира употребата на делови со кружна економија и ќе го намали јаглеродниот отпечаток од одржувањето на возилото. (Ново во 2022 година)
Оптимизација при возење и користење на plug-in хибриден модел.
- PHEV PLUG-IN REMINDER им помага на клиентите да го извлечат максимумот од нивниот plug-in хибриден модел со тоа што ги поттикнува да ја наполнат батеријата кога тоа не го прават доволно. Возилото го анализира режимот на користење, а доколку е потребно, издава известување на централниот екран на допир по пет дена и десет патувања без полнење.
- PHEV CONNECT, услуга која им се нуди на деловните клиенти, бесплатно првата година, која им овозможува на менаџерите на возниот парк да ја намалат потрошувачката и емисиите преку анализа на користењето и однесувањето на корисниците при полнење, со цел да ги поттикнат и поддржат во поефикасно користење на нивните plug-in хибридни возила.
- ПРОГРАМА ЗА НАГРАДУВАЊЕ PHEV. Ќе му овозможи на секој клиент на plug-in хибриден модел да собира поени секогаш кога ќе го полни своето возило. Овие поени може да се користат за користење бесплатно користење на јавна станица за полнење или ваучери за воз. (Ќе биде лансиран во 2023 година)
„Со ,Citroën Citizen Services®’ Citroën го трансформира целокупното сопственичко искуство за нашите клиенти на грижлив начин со потпис на Citroën,“ рече Barria. Иако опсегот на услугите ,Citizen’ е веќе сеопфатен, ова е само почеток на приказната. Во согласност со мисијата на Stellantis Group да понуди безбедна и одговорна мобилност, Citroën ќе продолжи да воведува нови, уште попристапни, иновативни и одржливи услуги за мобилност низ својот асортиман, дизајнирани да го подобрат животот на сите.