April 2, 2021

Citroën C4 e „Автомобил на годината во Македонија за 2021“

Citroën C4 ја понесе титулата  „Автомобил на годината за 2021“ во Македонија, согласно критериумите на Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“, на манифестација која годинава се одржи по 26-ти пат.  

„Изграден врз целосно нова платформа, C4 прави квантен скок во однос на неговиот претходник. Со мулти-енергетската архитектура, која овозможува во едно возило вградување на бензински, дизел и чисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината.  Citroën C4 импресионира со концепцијата давајќи нова димензија на семејните хечбек возила. На границата на компактните кросовери, тој непогрешливо ќе знае да ги исполни сите очекувања, преминувајќи ги детерминирањата поставени од класната припадност. Новиот C4 ја сублимира децениската интенција на Citroën C4 за иновативен пристап во интерпретацијата на високата технологија притоа применувајќи дизајнерска креативност која никого не остава рамнодушен.“ – се вели во образложението од жири комисијата.

Во изборот учествуваа новинари со долгогодишно искуство и стаж во следење на автомобилските новитети и случувања. Изборот е направен помеѓу 8 возила кои согласно условите за учество влегоа во финалето (по азбучен редослед):

Citroën C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf