La Maison Citroën
Добредојдовте во ‘La Maison Citroën’ !

Најиновативен од било кој во тоа време, André Citroën умееше да ги надмине стереотипите во автомобилската индустрија. Производ на неговата работа, наследството, е домот на марката ‘La Maison Citroën’ кој се наоѓа на улица Сен Дидие бр.39 во Париз.
Самиот излог, огромен екран, ќе ја поттикне вашата љубопитност и вашето внимание за да влезете внатре. Штом ќе го преминете прагот, ве обзема пријатна атмосфера од природно дрво и ѕидови ишарани со букви во боја.
Во средишниот дел има изложено автомобили, но е далеку од традиционален продажен салон.
Тука искуството се пренесува преку бројни екрани, дополнителна опрема со можности на персонализација, но и изложба на lifestyle производи …
Токму во Париз на улицата Сен Дидие бр.39 ( 16-иот арондисман), Citroën одлучи да го вгнезди својот прв концепт на урбано продажно место
‘La Maison Citroën’. Архитектурата на овој концепт веќе е најавена на штандовите на саемите на автомобили Citroën, La Maison Citroën е идеална инкарнација на слоганот на марката ‘Be Different, Feel Good’.
Поиновативен од било кој во тоа време, André Citroën умееше да ги надмине стереотипите во автомобилската индустрија. Производ на неговата работа е домот на марката кој се наоѓа на улица Сен Дидие бр.39 во Париз.
Самиот излог, огромен екран, ќе ја поттикне вашата љубопитност и вашето внимание да влезете внатре. Штом ќе го преминете прагот, ве обзема пријатна атмосфера од природно дрво и ѕидови ишарани со букви во боја.
Во средишниот дел има изложено автомобили но е далеку од традиционален продажен салон.
Тука искуството се пренесува преку бројни екрани, дополнителна опрема со можности на персонализација но и изложба на lifestyle производи …
Ова ново место во срцето на Париз е во духот на слоганот на марката « Be Different, Feel Good ». Секој посетител доживува посебно оригинално искуствo, спој на « cosy » и технологија, урбан хибриден концепт спој на дигитален свет со реални сензации за да ве придружуваат во вашата посета на домот.
Овој концепт на продажен салон ги доби заслужените почести од страна на списанието Стратегија со ‘ Гранпри Стратегија за Дизајн ‘ во категорија на ‘Комерцијална архитектура’, а Францускиот институт за дизајн му ја додели наградата за ‘Janus du Commerce 2016’.
“Citroën Wall” претставува екран осетлив на допир за конфигурација на целокупната гама на возилата од марката, со квалитетни слики во 3D, за исклучително и несекојдневно искуство.
Конфигурацијата може да се направи и он лајн и да се преземе.
Во срцето на домот, Café André ве кани на пауза за освежување, а во соседната просторија можете да се релаксирате и да уживате во дизајнот во стил на дневен салон.
Релаксирање и удобност за време на паузата помеѓу две конфигурации на вашето возило!
Citroën Origins, виртуелен музеј на Citroën достапен преку специјалниот екран на допир за таа намена. Под агол од 360° однадвор и однатре запознајте повеќе од 50 легендарни модели кои се дел од наследството на Citroën.
Уредувањето на овој простор ви гарантира непречена посета на салонот без прегради, и можете сосема природно да седнете на една од масите за да ги прецизирате деталите околу купувањето на вашиот автомобил.
Доколку конфигурација сте ја започнале пред да го посетите салонот истата можете да ја продолжите на лице место.
Од бутикот Le Petit Citroën може да си заминете со дел од историјата на марката, каде се понудени минијатури или lifestyle произвиоди , од он лајн бутикот. Mugs, украсна заштита за смартфони, боенки … Прифатете го духот на Citroën !
Пред да заминете имате можност да го оцените вашето искуство доживеано во la Maison Citroën, преку веб страната Citroën Advisor.
И да ја комплетирате вашата посета, можете да направите тест возење или да го посетите сервисот, кој исто така се наоѓа на истата адреса.