AG2R CITROËN TEAM

ГОЛЕМО ПАРТНЕРСТВО ВО ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ

НОВА СПОРТСКА АВАНТУРА

Повеќе од 100 години, Citroën создава прекрасна приказна со своите клиенти, придонесувајќи за нивното секојдневие и мобилност. Во јануари 2021 година, заедно со AG2R LA MONDIALE, Citroën стана партнер и спонзор  на тимот на Vincent Lavenu. Ова партнерство, со единствен потпис „Roulons autrement” („Да патуваме поинаку”) пренесува моќни пораки.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ТИМОТ НА AG2R CITROËN

CITROËN

ПОПУЛАРНА МАРКА

ACT_IMAGE1_Citroen_555x318

Од своето создавање, Citroën отсекогаш бил популарна марка, блиска до луѓето. Велосипедизмот совршено ја отелотворува таа блискост- зближува голем број на луѓе од сите возрасни категории, во бројни земји низ целиот свет.
Токму затоа, беше многу природно Citroën да се вклучи во велосипедизмот.

AG2R LA MONDIALE

ДОЛГОГОДИШЕН ПАРТНЕР НА ТИМОТ НА  VINCENT LAVENU

ACT_IMAGE2_AG2R_555x318

AG2R LA MONDIALE, претходно AG2R Prévoyance, работеше рамо до рамо со Vincent Lavenu и неговиот тим од пред 23 години. Со прифаќањето на Citroën како партнер се започнува ново поглавје во историјата на тимот, кој од јануари 2021 го добива името тимот на AG2R CITROËN.

AG2R CITROËN TEAM

ФРАНЦУСКИ ТИМ СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ДИМЕНЗИИ

ACT_IMAGE3_Team_555x318

Тимот на AG2R CITROËN е составен од 30 велосипедисти од осум различни националности: 17 Французи, пет Белгијци, двајца Луксембуржани, двајца Швајцарци, еден Италијанец, еден Финец, еден Австралиец и еден Американец.

Ги споделува вредностите на Citroën – смелост, перформанси и блискост – со своите фанови и ентузијасти на велосипедизмот генерално.
Новото партнерство ќе овозможи влез во нова развојна фаза на тимот и учество на најголемите трки на World Tour.

УНИКАТЕН И СМЕЛ ДРЕС

НОВ ИДЕНТИТЕТ ЗА ТИМОТ

ACT_IMAGE4_Maillot_555x318

Создавањето на новиот графички идентитет на тимот на AG2R CITROËN претставуваше клучен момент во соработката помеѓу Citroën, AG2R LA MONDIALE и тимот на Vincent Lavenu. Проектот траеше пет месеци.

Дизајнот на дресовите немаше ограничувања при подредување на марките. Претставуваше вистински предизвик за трите екипи, кои избираа силен, уникатен и впечатлив графички пристап кој со сигурност ќе се издвојува во групата велосипедисти. Тоа е идеален начин да се илустрира заедничкото чувство на смелост, заедништво и амбиции на партнерите.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ КАКО БЕШЕ СОЗДАДЕН ТИМСКИОТ ДРЕС

ВОЗИЛАТА НА CITROËN НА ПАТОТ

ПОДДРШКА НА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ

ACT_IMAGE5_AG2R_555x318

Тимот на AG2R CITROËN е придружуван од флота со најновите возила на Citroën. Ќе бидете во можност да ги видите Citroën C5 Aircross SUV и Citroën SpaceTourer XL SUV, заедно со други нови модели, кои ќе ги возат во текот на целата година.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА

УСПЕХ НА СПОРТСКО И ХУМАНО НИВО

ACT_IMAGE6_Cycliste_555x318

Веќе 20 години, како програмата за обука на тимот на Vincent Lavenu идентификува таленти, ги обучува и им помага да созреат и да се подготват за иднината. Има три цели: благосостојба на спортистите, развој на велоспипедизмот како и на оставрување резултати. Програмата во моментот се состои од:
. Тимот на AG2R CITROËN U19, јуниорски тим во Voiron (Isère),
. Тимот на AG2R CITROËN U23, заменски тим in Chambéry (Savoie).
Темелејќи се на уникатен модел, програмата за обука значи дека најдобрите француски и интернационални надежи нема потреба да избираат помеѓу спорт на високо ниво и континуирано високо образование.