ПРЕДНОСТИ
100% ЕЛЕКТРИЧЕН, 100% ЕФИКАСНОСТ
Новиот електричен Citroën ë-Berlingo Van обезбедува конкретни решенија за новите мобилни предизвици во регулираните гратски области, но и во руралните области за занаетчиите, комерцијалистите и доставувачите, овозможувајќи патување во исклучителен комфор, истовремено контролирајќи ги трошоците благодарение на:
● Автономија до 275 km*,
● Брзо полнење до 80% за 30 минути,
● Бескомпромисни корисни услуги и опрема: 100% Berlingo Van,
● Возење во режим ë-комфор,
● Пристап до услугите за олеснување на секојдневието во електричен режим (програмирано полнење од далечина, планирање на дестинации итн.).
*Се чека на одобрување.

100% ЕЛЕКТРИЧЕН
Најдобар во класата: Автономија до 280km
Новиот електричен ë-Berlingo Van осигурува тивко и едноставно возење во електричен режим. Опремен е со батерија со капацитет од 50 kWh, која нуди до 275 km автономија според WLTP циклусот.
Исто така овозможува да заштедите пари:
● Со ниски трошоци за користење благодарение на намалената потреба за одржување,
● Корист од владини субвенции поврзани со електрификација (еколошки бонус, бонус за конверзија).
Батеријата има гаранција од 8 години или изминати 160.000 km за 70% од капацитетот за полнење.
100% ефикасно возење
Електрично возење кое е и динамично и смирено, флуидно :
● Мотор со моќност од 100 kW (136 КС) и вртежен момент од 260 Nm достапен од 0 km/h,
● Тивок мотор,
● Без менување на брзините.
Едноставни и практични решенија за полнење
Неколку решенија ви се на располагање :
● Полнење на јавна станица од 100kW: 80% од капацитетот за полнење за 30 минути,
● Полнење со Wall box со моќност од 11 kW : 5 часа за полнење,
● Полнење со Wall box со моќност од 7,4 kW : 7 часа и 30 минути за полнење,
● Приклучок за забрзано полнење Green’up : 5 часа и 30 минути за 100km,
● Стандарден приклучок за домашни услови : 11 часа за 100km.
Citroën ве придружува во процесот на инсталација со соодветно решение за полнење преку неговиот партнер ZEBorne.

БЕСКОМПРОМИСЕН ТОВАРЕН КАПАЦИТЕТ
Батеријата е поставена во шасијата на возилото за да се зачува корисниот волумен и услугите за полнење, што го прават ë-Berlingo Van возило скроено по мерка, сестрано и модуларно:
• 3,3m3 минимум и 4,4m3 во верзија XL,
• до 800 kg корисна носивост.

ГАМАТА BERLINGO VAN ДОСТАПНА И ВО ЕЛЕКТРИЧНА ИЗВЕДБА
Исто како и Berlingo Van, така и електричниот Citroën ë-Berlingo Van нуди прилагодено решение за секоја активност/ употреба преку различни големини, кабини, уредување.
За да одговори на потребите на професионалците, достапен е во верзии Club и Driver.
• 2 должини Верзија M: должина 4,40m и Верзија XL : должина 4,75m,
• 2 конфигурации во кабината : кабина Extenso® и продлабочена кабина,
• До 2 странични лизгачки врати и 1 задна со отворање до 180.

КАБИНА EXTENSO®
Новиот електричен Citroën ë-Berlingo Van исто така е опремен и со кабина Extenso®, што можже да се прилагоди согласно вашите желби. Во истата, може да се транспортираат до 3 лица и да се зголеми должината и корисниот волумен.
За да се зголеми товарната должина, страничното патничко седиште се вовлекува со што се ослободуваат до 3 m должина кај големината M и 3,4 m кај големината XL.

BERLINGO VAN ВО РЕЖИМ Ë-CONFORT
Новиот Citroën ë-Berlingo Van нуди поедноставно и посмирено секојдневие со флуидност на возењето во електричнен режим :
• Слобода за пристап во регулираните зони со нивоа на емисија на CO2,
• Нула емисија, нула бучава, нула стрес: без вибрации, бучава на моторот
• Веднаш достапна моќност и вртежен момент за моментални перформанси и флуидно возење
• Далечинска предклиматизација на патничката кабина преку апликацијата My Citroën или преку екранот на допир со услугата Connect Nav.
• Паметно распореден простор за складирање во патничката кабина.
Толку многу квалитети ќе цените за време на повеќекратните секојдневни патувања и без кои нема да сакате да тргнете.

ПЕРФОРМАНСИ
100%ЕЛЕКТРИЧЕН, 100% ЕФИКАСЕН
Електрично возење кое е и динамично и смирено, флуидно :
● Мотор со моќност од 100 kW (136 КС) и вртежен момент од 260 Nm достапен од 0 km/h,
● Тивок мотор,
● Без менување на брзините.

3 РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ
На располагање се 3 режими на возење :
• Normal обезбедува најдобар компромис помеѓу автономијата и динамичните перформанси,
• Eco ја оптимизира потрошувачката на енергија ,
• Power одржува идентични перформанси за возилото и кога е под максимално оптоварување.
Копчето за регулирање на режимот на возење се наоѓа на конзолата за автоматскиот менувач.

АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ
Металното копче кај автоматскиот менувач нуди 3 позиции (R, N и D) за едноставен избор на степен за пренос за наназад, неутрална положба или нанапред. Поврзано е со две притискања со осветлување на позадината со:
• P за активирње на режимот за паркирање – Parking,
• B за активирање на режимот за сопирање – Brake кај електричниот мотор, а со тоа и поврат на повеќе енергија при успорување.

ДЕТАЛИ
ВПЕЧАТЛИВ ДИЗАЈН

Новиот електричен Citroën ë-Berlingo Van го задржува уникатниот стил и стандардниот комфор на верзијата Berlingo Van со внатрешно согорување .
Своето членство во електричната понуда на комерцијални возила Citroën го потпишува со монограмот «ë-Berlingo Van» поставен во задниот дел на возилото.
ë-ТЕХНОЛОГИИ

Новиот елекричен Citroën ë-Berlingo Van добива нов 10’’HD дигитален екран (опционално) за првпат во сегментот и 18 технологии за помош при возењето.
Како и кај дизел верзијата, новиот електричен Citroën ë-Berlingo Van е опремен со 3 технологии за поврзување:
• Citroën Connect Nav, систем за поврзана 3D навигација,
• Citroën Connect Assist: локализирани услуги за итни повици и помош,
• Mirror Screen (Apple Car Play(TM) / Android Auto / MIrror Link®)

Електричниот Citroën ë-Berlingo Van нуди 18 технологии за помош при возењето, вклучувајќи Surround Rear Vision, иновација за ненадмината видливост.
3 можни прикази на 5” екран во боја на местото на централниот ретровизор:
• Следење на опкружувањето назад,
• Следење на страничното опкружување,
• Камера за движење наназад.
РЕШЕНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Citroën го избра ZEborne за партнер што ќе ви помогне во процесот на инсталација на станица за полнење во деловен или приватен објект, заради експертизата и мрежата сертифицирани техничари на територијата на Франција. Добивате гаранција за квалитена инсталација, по најдобра цена и ќе одговара на критериумите за субвенциите за помош од државата.