- Преградна мрежа помеѓу патничкиот и товарниот простор
- Стилски е идентичен со патничката верзија
- Наменет и за физички и за правни лица
- Можност за поврат на ДДВ за правни лица
- Регистриран за 5 лица
- Можност за преклопување на седиштата во втор ред
- Преклопливи седишта за патници
- Едноставен транспорт на домашни миленици
Citroën Berlingo Business има робустна и иновативна морфологија. Модерниот и разигран модел е достапен во должина на стандардната верзија М, со димензија 4,40 m.
Верзијата со должина М може да превезува и до 5 лица.
Предниот дел на Citroën Berlingo Business се издвојува поради препознатливите стилски карактеристики: повисок и пократок капак на мотор, преден лик во склад со идентитетот на марката Citroën и светлосен потпис на две нивоа, како и поместено ветробранско стакло нанапред, што нуди повеќе простор и светлина.
Обликот на каросеријата е зајакнат со потпорните носачи на багажникот за кров (ниво на опременост Feel Pack*) и дизајнерските елементи Airbump®, кои го нагласуваат неговиот робустен изглед и истовремено ја штитат каросеријата.
Citroën Berlingo Business нуди широк спектар на бои на каросерија*: песок Sable, сива Artense, сива Platinium, сина Nuit, црна Perla Nera и бела Icy.
Citroën Berlingo Business може да се пофали со дизајнерска контролна табла со чисти линии, на кои има многу простори за складирање.
Внатрешниот амбиент може да се комбинира со бојата на каросерија, покрај стандардната внатрешност од сива ткаенина Mica, внатрешноста може да се комбинира и со пакетот XTR, кој е достапен во ткаенина Wild Green, со портокалова лента во пределот на наслоните на седиштата.
*во зависност од нивото на опрема и верзијата на моделот
Citroën Berlingo Business со можност за персонализација со пакетот XTR, кој се состои од:
- Тапацир изработен од ткаенина Line Green,
- Контролна табла во темно зелена боја Green со лента од TEP материјал Alba со портокалови рабови
- Декоративни додатоци на ѕидовите на вратата во зелена боја Green
- Куќиште на надворешниот ретровизор во црн ONYX
- Обоен додаток на предните фарови за магла и заштита Airbump® во портокалова боја
- 17" тркала од лесна легура Pontevedra
- Gris Acier
- Blanc Banquise
- Gris Platinum
- Noir Perla Nera
На задниот ред седишта во Citroën Berlingo Business, сите уживаат во истиот комфор, без разлика на кое место се, благодарение на три индивидуални седишта со иста ширина*, од кои секое е опремено со Isofix систем за прицврстување.
Исто така, има доволно простор за колената. Секое индивидуално седиште може да се преклопи до подот. Зад задните седишта има цврст преграден ѕид кој ги дели патниците од товарниот простор.
*Трите индивидуални преклопливи седишта во вториот ред се во зависност од нивото на опременост. Проверете го ценовникот за повеќе информации.