April 12, 2021

CITROËN C5 X СВЕТСКА ПРЕМИЕРА

CITROËN C5 X Е НАЈАВАНГАРДНИОТ ИЗРАЗ НА ФИЛОЗОФИЈАТА НА CITROËN: ХРАБРОСТ И ИНОВАЦИЈА ЗА СМИРЕНО ИСКУСТВО ПРИ ПАТУВАЊЕТО

  • Стилот на C5 X е совршена преобразба на филозофијата на Citroën. Оригинален, C5 X е уникатна комбинација од елеганција на седан, динамичност на караван и издигнат став на
  • C5 X нуди вистинска смиреност во патничката кабина благодарение на ненадминливиот комфор обезбеден од програмата Citroën Advanced Comfort®, со патнички дел налик на дневна соба, надополнет со целосно ново активно потпирање Advanced Comfort®, како и седишта Advanced Comfort.
  • C5 X се одликува со модерна технологија за да го олесни секојдневието во патничката кабина, како продолжен дигитален head up дисплеј, технологии за помош во возењето кои се вовед за полуавтономно управување и целосно нов 12″ HD екран на допир- интерфејс за комуникација со можност за природно гласовно препознавање.

Citroën го претстави својот нов предводник, C5 X, кој вдахнува нов живот во сегментот на големи возила со уникатен дизајн, комбинација од седан и караван, иновативен предлог согласно најчистата традиција на одличните автомобили од Citroën. Овој нов модел, достапен и во бензинска и plug-in хибрид верзија, одлика на современост, статус и иновација, во склоп со високите очекувања на потрошувачите на големи возила како и на сегментот SUV.

CL 21.009.008

C5 X го крши мразот со Светска премиера, претставување на активното потпирање Citroën Advanced Comfort, со што се засилува впечатокот на патување на лебдечки килим, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën. Вистинска покана за патување, со внатрешен простор налик на дневна соба кој нуди препознатлив комфор со седиштата Advanced Comfort и неспоредлив простор, особено во вториот ред. Багажниот простор со капацитет од 545l и прецизната изработка, e идеално осмислена за потребите на клиентите на караван возила. Верзијата plug- in хибрид, со ë-Comfort комбинирано со возење во електричен режим на дневна база, го надополнува чувството на смиреност во патничката кабина.

Ова чувство на благосостојба во патничката кабина е исто така зголемено со напредните технологии кои ја поедноставуваат употребата на возилото. На пример, надградениот Head up дисплеј, како и низа уреди за помош при возењето допринесуваат за намалено ментално оптоварување на возачот, како што е Highway Driver Assist-Помош на возачот на автопат или пак новиот интерфејс на инфо-забавниот систем со 12”HD екран на допир, природно гласовно препознавање, прилагодлив екран со додатоци, исто како на таблет.

CL 21.009.027

„Со C5 X, Citroën создаде амбициозно, големо патничко возило, вистинска алатка за придобивање на клиентите кои се спремни да го истражат светот. Храбар и оригинален предлог кој ја отелотворува целата експертиза на Citroën: иновација, грижа и пред сè благосостојба, што овде ги издигнуваме како одредена форма на уметност во живеењето.“ Vincent Cobée, Citroën CEO

АВАНГАРДЕН СТИЛ НА СИЛУЕТА КОЈ ГИ ИЗМЕША КАРТИТЕ ВО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ D-СЕГМЕНТ

C5 X предизвикува изненадување и возбуда на прв поглед во прилично традиционалниот D-сегмент. Со својот силен концепт, единствен на пазарот, C5 X е природно позициониран како нов предводник во гамата на Citroën и инспириран, дури и за своето име од CXperience Concept, претставен на Саемот за автомобили во Париз 2016.

  • Уникатен концепт: модерна и иновативна силуета

Силуетата на C5 X е впечатлива на прв поглед: наметлива, робустна и карактеристична. Обновувајќи ги кодовите на D-сегментот, има интересна силуета, комбинација од седан и караван со дополнителни елементи што прават да биде и попривлечен SUV. Целосно нова форма со посебен осврт кон аеродинамиката.

CL 21.009.016

Долгиот капак на мотороит, флуидни и аеродинамични линии, високо поставена средишна линија и поткренат дел над задните тркала кои внесуваат разлика и динамичност; потсетник на различните видови модели високо рангирани во историјата на Citroën. Задната врата, уште една од разликите на големите возила на Citroën, ги нуди сите практични елементи на возилата караван: има широко, функционално отворање и низок праг за уште полесна, попрактична секојдневна употреба.

  • Издигнат став за подобра контрола на патот

Издигнатиот став, благодарение на зголеменото растојание од земјата во споредба со традиционален седан и тркала со голем дијаметар  од 720 mm опремени со 19 ” тркала Tall & Narrow  на повеќето верзии, овозможува повисока позиција на возење, за поголема безбедност и видливост, елемент кој е многу ценет од клиентите на SUV возила.

CL 21.009.015

Потпрен на меѓуоскино растојание од 2.785 mm, гаранција за одлична просторност на задниот дел, C5 X нуди дарежливи надворешни димензии, со должина од 4.805 mm, ширина од 1.865 mm и висина од 1.485 mm, вредности што го позиционираат во срцето на Д сегментот.

  • Модерен, високо технолошки светлосен графички потпис: да гледа и да биде виден

C5 X има нов светлосен потпис во форма на буквата V како во предниот, така и во задниот дел, за првпат претставен кај новиот C4. Истапува од останатите, а притоа веднаш се идентификува како Citroën, овој технолошки светлосен потпис опфаќа LED светла кои се протегаат долж целата ширина. Забележлив како преку ден, така и во текот на ноќта, ја истакнува уникатната силуета на C5 X.

CL 21.009.014

„Со својот иновативен стил кој комбинира елеганција на седан, динамичност на караван и робустност на SUV, C5 X ја отелотворува смелоста на стилот на Citroën. Уникатната морфологија, аеродинамичните линии и модерниот светлосен потпис го прават вистински Citroën, веднаш препознатлив на патот“ Pierre Leclercq, Директор на дизајн во Citroën

ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО АПСОЛУТЕН КОМФОР

Патничката кабина на C5 X дава вистински впечаток на топлина, смиреност и простор, покана за патување низ дарежливите пропорции, чувство на добредојде, уникатно внимание на детали и исклучителна практичност. Елеганција и комфор, комбинирани со интуитивна, но дискретна технологија, се клучни зборови за добредојде на оваа патничка кабина, во најчистата традицијата на Citroën.

  • Простор како дневна соба, покана за благосостојба и смиреност

Верен на филозофијата за персонализација на гамата на Citroën, C5 X нуди оригинални амбиенти на внатрешност, давајќи можност патничката кабина да се обликува според сопствената замисла на возачот. Дадена е предност на топлите тонови, префинети комбинации, со посебно чувство за детали. Седиштата Advanced Comfort во C5 X се одбележје за комфор при седењето, овозможувајќи ви да се чувствувате како да сте во својот дом, во својата дневна соба. Тие нудат уникатно добредојде и визуелен комфор благодарение на специјалното штепување, како површина на душек. Динамичниот комфор и комфорот на држењето на телото се изработени од густ слој на структуриран сунѓер што овозможува да се чувствувате релаксирани дури и по најдолгите патувања.

CL 21.009.019

Оригинален ексклузивен дизајн од Citroën со намера да го репродуцира ефектот на волшебен  килим на легендарните возила на Citroën и воедно да ги надмине препреките, дупките, рабовите од тротоарите, удари од јака брзина и останатите поврзувања на патот, сосема природно потпирањето Citroën Advanced Comfort® е дел од опремата во C5 X. Кај plug-in  хибридната верзија, C5 X  истапува чекор понапред со активнато потпирање Citroën Advanced Comfort® .  Со избор на три режими, системот за контрола при потпирањето, ја подобрува ефикасноста на Прогресивните хидраулични перничиња® со дополнително олабавување на потпирањето за време на фазите на возење, за да лебди на патот и да понуди поголема ефикасност, особено при свиоци.

CL 21.009.018

Просторноста беше една од  главните грижи при дизајнирање на C5 X. Напред, удобните седишта и прецизно дефинирана контролна табла обезбедуваат огромен и чист животен простор. Просторниот заден дел повикува на одмор и релаксација, со исклучителен простор за нозете, удобна ширина и дарежлив простор за главата.

Просторноста дополнително се зголемува преку осветленост на стаклените делови од 360°  околу автомобилот, вклучувајќи ги задните стакла и големиот стаклен покрив што се отвора и овозможува изобилие од светлина секогаш кога е потребно.  

Со цел патувањата да бидат колку е можно порелаксирани, особено внимание е обрнато на акустиката, преку акустично обложени предни и задни стакла, обезбедувајќи исклучителна  изолација од надворешна бучава.

  • Сите предности на караван: функционалност и практичност на дневна основа

При дизајнирање на C5 X практичноста беше опфатена до најситен детаљ. Токму затоа, со цел да се појави пред европските клиенти кои се познати по функционалноста, багажниот простор на C5 X е дизајниран во духот на караван возилата, како во однос на димензиите, така и во однос на ексклузивните карактеристики: зафатнина од 545 литри до неверојатни 1640 литри кога задното седиште е преклопено, овозможувајќи рамен под, широко и функционално отворање, низок праг и прави ѕидови. Вградена преграда во багажниот дел го олеснува складирањето, додека функцијата hands-free што ќе веослободи од паника кога рацете ви се зафатени. Целата патничка кабина располага со паметно дизајнирани места за складирање, функционални и практични со цел да ги чуваат, складираат и воедно затскриваат секојдневните предмети.

  • ë-Comfort кај Plug-in хибрид: електричен секој ден, мотор со внатрешно согорување доколку е неопходно

C5 X нуди соодветна понуда за сите намени, за секојдневен живот, за неочекувани моменти, без никакви ограничувања и во целосна слобода: Plug-in Hybrid. Испорачувајќи 225 КС, овој хибрид нуди задоволство при тивко стартување и управување со нула емисија на CO2, со опсег за возење повеќе од 50km во режим ZEV, опсег во електричен режим погоден за поголемиот дел од дневните патувања на корисниците, максимална брзина до 135km/h. Токму затоа, ќе може да поминете цела недела без притоа да го користите моторот со внатрешно согорување за секојдневните релации, полнејќи го возилото како што е потребно, во својот дом, на своето работни место или на јавен полнач. Во исто време, имате можност да патувате далеку, да заминете на викенд или на одмор без да се грижите околу полнењето, бидејќи постои можност за економично и ефикасно решение со преземање на управувањето од страна на моторот со внатрешно согорување.

CL 21.009.011

C5 X Plug-in хибрид претставува модерно, високо технолошко мобилно возило кое нуди комфор и функционалност во употребата: мобилност од ë-Comfort класа, совршено изолирана од патот и надворешниот свет, во целосен мир и тишина, како да се наоѓате во кожурец, со филтрирање на сите надворешни влијанија. Бесшумното работење, едноставноста и движењето на возилото, задоволството при возењето, нежното потпирање, меките седишта Advanced Comfort, отсуството на вибрации во патничката кабина, ергономијата и едноставноста за користење на интерфејсите и наменските услуги, сето тоа допринесува за подобрен комфор за сите присутни во возилото. C5 X  е нова покана за патување, без стрес, смирено и опуштено, со одлично чувство на грижа.

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА БЛАГОСОСТОЈБА И СМИРЕНОСТ ВО ПАТНИЧКАТА КАБИНА

C5 X ги прифаќа сите најсовремени технологии со цел да го направи патувањето порелаксирано, побезбедно и позабавно.

  • Надграден Head Up дисплеј во боја : сите корисни информации се прикажуваат директно пред вашите очи за да се намали менталниот напор

C5 X нуди иновативност што е неверојатна исто толку колку што е и корисна: надграден Head Up дисплеј во боја, голем екран, целосно во боја, head-up дисплеј ги проектира податоците на на ветробранското стакло, прв чекор кон проширена реалност. Ова е импресивна технологија наговестена кај 19_19 Concept, која допринесува посмирено и порелаксирано искуство при возењето:  возачите немаат потреба да го отргнат погледот од патот за да добијат потребни информации од брзина до телефонски повици и навигација.

  • Со My Citroën Drive Plus до опкружување слично како кај таблет

C5 X воведува комплетно нов интерфејс од информативно-забавен карактер за Citroën,  со фокус кон поврзаноста. Комбиниран со 12″ HD  екран на допир, 4 USB  приклучоци Type C како и безжично полнење за смарт телефони, се ажурира во реално време преку Cloud и има Mirror Screen, без притоа да треба да го приклучите вашиот паметен телефон.  Интерфејсот е дизајниран по принцип како да е таблет осетлив на допир: прилагодување, поставки и предности кај дисплејот, контроли на почетен екран. Овој систем има природно, ефикасно и лесно за употреба гласовно препознавање, личен асистент кој разбира сè што ќе му биде кажано и притоа извршува команди, слично како кај личниот асистент кај 19_19 Concept.

  • Збир на системи за помош за побезбедно и порелаксирано возење

C5 X  ја имплементира најсовремената технологија од полето на системи за помош при возењето, користејќи најразлични уреди инсталирани низ возило: радар, камери и сензори.

C5 X го нуди најдоброто во полуавтономното возење на ниво 2 во согласност со сегашното законодавство: Highway Driver Assist, кој комбинира Adaptive Cruise Control со Stop & Go и Lane Keeping Assist (Помош за задржување во лента): возачот повеќе не треба да управува со брзината или траекторијата, бидејќи возилото се грижи за сите овие функции.

Многу други карактеристики кои го олеснуваат секојдневието, како што е Систем за надгледуање на мртов агол, Предупредување за сообраќај во задниот дел од возилото кој упатува на опасност при возење наназад, Top 360 Vision, кој го олеснува управувањето со возилото прикажувајќи ја надворешноста на таблетот на допир, или пак функцијата Пристап и стартување на возилото hands-freе, преку која автоматски можете да ги отклучите/заклучите вратите од возилото кога возачот се приближува или одалечува од истото.

CL 21.009.039

C5 X, достапен со бензински и plug-in hybrid мотори, ќе се најде во продажба во првата половина од 2022 година.

„Со моделот C5 X, сакавме да обезбедиме емоционален и рационален одговор во сегментот D каде има потреба од модерност, префинетост, комфор и функционалност. Со својот уникатен стил на изглед, надополнет комфор, plug-in хибриден мотор и иновации, C5 X нуди задоволство и смиреност на својствен  начин за Citroën .“ Laurence Hansen, Директор за производ и стартегија во Citroën