March 26, 2015
CITROËN C4 CACTUS освои Оскар за Автомобил на годината 2015 во Србија

Бестселерот на Citroën, C4 CACTUS е прогласен за Автомобил на годината и ја освои наградата АВТОМОБИЛСКИ ОСКАР 2015 за времетраење на Меѓународниот саем на автомобили во Белград, Србија!
Стручното жири ја оценуваше иновативноста, дизајнот, квалитетот на изработка, трошоците на одржување, возните карактеристики, безбедноста и општото задоволство во возењето.
Според зборовите на претседателот на стручното жири Владица Петровиќ, генералниот директор на фабриката ФАМ од Крушевац, одлуката е донесена едногласно. Со освојувањето на првата награда и во Србија вкупниот број на принанија низ цела Европа за Citroën C4 CACTUS изнесува над 20.