November 16, 2020

CITROËN AMI E ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА НА AUTO BEST – A STAR IS BORN

CITROËN AMI - A STAR IS BORN

Citroën Ami е добитник на специјалната награда на AUTOBEST – A STAR ID BORN (Ѕвездата е родена). Членовите на жирито на AUTOBEST одржаа виртуелен состанок, каде ги дефинираа дел од специјалните признанија.
„A Star is Born признанието е доделено на Citroën Ami. Нашиот единствен критериум препознава револуционерни солуции на мобилност. Овој двосед е дизјниран со урбана замисла на користење. Достапен е на купувачите поради прифатливата цена и можноста на изнајмување вклучувајќи не традиционални начини на продажба. Иновативната употреба на телефонот кој заменува многу функции е привлечна идеја за младите, особено оние заинтересирани за напредна технологија и екологија. Citroën Ami може да биде солуција за иднивидуален транспорт во урбаните средини, заедно со решенијата за брзо полнење и не треба многу простор за паркинг. “ соопштија од AUTOBEST.

За 100 години постоење, Citroën покажа смелост и креативност со цел да го доближи пристапот до мобилноста. Во 101-та година од своето постоење, марката промовира вистински хит со откривање на моделот AMI – 100% електично возило, како кулминација од развојот започнат со AMI ONE Concept