September 17, 2018

ЅВЕЗДА НА CITROËN НА САЕМОТ ВО ПАРИЗ 2018

ЅВЕЗДА НА CITROËN НА САЕМОТ ВО ПАРИЗ 2018

Новиот SUV C5 Aircross е одраз на новото лице на марката и најава за хибридна офанзива со напојување од CITROËN.

На Саемот на автомобили, кој ќе се одржи од 4-ти до 14-ти октомври 2018 во Paris Expo Porte de Versailles, Citroën ќе го претстави своето ново лице и новиот потпис на Марката « Inspired By you » :

– Комерцијална динамика со збогатена понуда од 6 нови модели лансирани за помалку од 2 години со препознатлив дизајн и комфор според програмата Citroën Advanced Comfort® со една светска премиера : нов SUV C5 Aircross, произведен во Франција, новиот знаменосец на марката.
– Марката ја претставува својата прва етапа од својата офанзива за гама која ќе биде 100% електрична со светска премиера: нов SUV Citroën C5 Aircross Hybrid Concept.
– Легендарна марка, која ја прославува стогодишнината, 70 години од лансирање на 2CV, соработка со легендарни личности од примерот на Jean-Charles de Castelbajac и ELLE од светот на модата или Rip Curl од делот потрага по авантура.
– Иновативна марка која има за цел да му понуди на клиентот чувство на благопријатност и релаксираност на својот нов штанд, со удобен простор според имиџот на нејзините продажни центри La Maison Citroën но исто така и услуги (Citroën Advisor, очилата SEETROËN, …)

На својот штанд од 1 600 m2, Citroën ја претставува својата подмладена и модерна гама во духот на современиот свет. Офанзива на производи која ги дава првите плодови. Во првата половина од 2018, марката бележи пораст во  продажбата од 9 % во светски рамки. Во Европа, марката регистрираше рекордна продажба во последните 7 години и зголемување на пазарното учество во делот на патнички и комерцијални возила. Перформанси добиени со успешното лансирање на најновите: C3, нов C4 Cactus, SUV C3 Aircross во Европа и SUV C5 Aircross во Кина.

Динамизам кој се базира на промена и еволуција од 360° на Марката, инспирирана од клиентите и нивниот начин на доживување на автомобилот, а кој на Саемот во Париз ќе се претстави со:

ЕНЕРГИЧНА, МОДЕРНА И КОМПЛЕТНА ГАМА

Нови модели кои ги споделуваат новите стилистички правила на Citroën со модерен, глобален и хомоген комфор, кои се производ на програмата Citroën Advanced Comfort®.

– Понуда « SUV », со Светска премиера со Citroën C5 Aircross SUV, покрај  C3 Aircross SUV со веќе потврден успех (над 100.000 продажби).  Две SUV возила со посебен карактер, комфор, просторност и модуларност.

– Понуда « Берлина», каде се вбројуваат: новиот C4 Cactus со иновативното потпирање со хидраулични прогресивни перничиња ®, best-seller C3 продаден во повеќе од 400 000 примероци кој ќе биде претставен со Edition Limitée JCC+ ексклузивно претставен како Светска премиера  (повеќе информации на 18/09) и  C1 Urban Ride.

– Понуда  «семејни  автомобили» ултра удобни прилагодени на сите потреби:  третата генерација на повеќенаменско ново Berlingo,  комерцијализирано во две верзии M и XL, и моноволумените Grand C4 SpaceTourer и SpaceTourer.

CL 18.045.002

МАРКА ПОСВЕТЕНА НА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА

Светска премиера: Нов SUV Citroën C5 Aircross Hybrid Concept. Овој концепт ја најавува хибридната верзија со можност за напојување на новиот SUV C5 Aircross, прв модел PHEV Citroën од Core Model Strategy кој до 2023 80% од гамата ќе нуди по една електрична понуда и до 100% во 2025. Модел кој нуди Zéro Emission.

Модели кои се целосно хомологирани според новиот протокол WLTP со вистински ефикасни технологии во делот на заштита од загадување на животна средина од примерот на SCR (Selective Catalytic Reduction) кај дизел моторите BlueHDi или пак филтер за честички кај бензки мотори со директно вбризгување.

CL 18.045.003

ЛЕГЕНДАРНА МАРКА, КОЈА ЌЕ СЛАВИ СТО ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ВО 2019

– « Fashion Car /Art Car » со истакнување на креациите на Jean-Charles de Castelbajac (E-MEHARI, C3)

– Соработка со други легендарни марки: магазинот ELLE (C3) и Rip Curl (C3 Aircross и SpaceTourer)

–  « Racing », со C3 WRC и симулации од трките за посетителите.

– Анимации за бутикот « Le Petit Citroën » со ново  Berlingo Van трансформирано и « Café Bulle » со Orangina.

– Потстеување на историјата на марката која ќе го прослави 100-иот роденден во 2019, со изложување на фургончето 2CV и 5 HP !

CL 18.045.004

ШТАНД СО ИМИЏ НА ИНОВАТИВНО ИСКУСТВО ЗА КЛИЕНТИТЕ

– Колоритен и пријатен штанд, слика на комфорот Citroën и простор за живеење според мотото « Inspired by You » со новата Arena која секојдневно ќе биде анимирана. Штанд според имиџот на продажните центри кои се адаптираат на новите начини на потрошувачка за да бидат најблизу до клиентите за што доказ е концептот на урбан showroom « La Maison Citroën ». Услугите од примерот на Citroën Advisor или пак Rent & Smile за максимална транспарентност и стекнување доверба кај нашите клиенти. Но и иновативни производи според имиџот на марката од примерот на очилата SEETROËN.