July 1, 2015

VIRGIN RACING И МАРКАТА DS ОБЈАВИJA ПАРТНЕРСТВО ВО FORMULA E ШАМПИОНАТОТ

Virgin Racing Formula E тимот и марката DS најавија новo партнерствo и
создавање на DS Virgin Racing Team за сезоната 2015/16 во Formula E, новиот шампионат на електрични возила.

Во новото партнерство марката DS благодарение на своите Racing активности во дивизијата Motorsport ја внесува технолошка експертиза која ја поседува од истражувањето и развојот на тркачките автомобили и заедно со стратегијата за дизајн на Virgin Racing Engineering, обезбедува инфраструктура, тркачко искуство, дизајн и интегрирање на експертизата за да се натпреварува на највисоко ниво и да победи на шампионатот.

Директорот на Virgin Racing Алекс Таи изјави за партнерство: “Нашата соработка со марката DS не е само партнерство меѓу две неверојатни марки, туку е и одлична можност да се покаже нашата намера за победа во FIA Formula E шампионатот. Покрај тоа, ова партнерство ги нагласува нашите амбиции да се биде во првите редови на пионерските нови технологии во Formula E за да се помогне нејзината примена кај автомобилите од сериско производство. ”

Основачот на Virgin Group, Сер Ричард Бренсон, додаде : ”Јас сум апсолутно воодушевен што Virgin Racing најде партнер од калибарот на марката DS. Во првата сезона, Formula E ја исполни својата визија за создавање возбудливи, фан-пријателски тркачки спектакли каде што речиси секој тим може да победи; сега со нетрпение очекувам во втората сезоната со нашиот нов партнер DS да се натпреваруваме за победа во повеќе шампионати. Јас сум воодушевен што Virgin Racing има водечка улога во уште една од визиите на Formula E, за привлекување на големите автомобилски производители во спортот, со цел технологијата која е развиена да биде вградена во автомобили кои сите ние може да ги возиме. Не се сомневам дека партнерството ќе се покаже како голем успех, не само на тркачките патеки, туку исто така и како катализатор за развој на електрични возила на иднината.”

Ив Бонфон, извршен директор на марката DS, кажа, “Ангажманот на марката DS во Formula E со нашиот партнер Virgin Racing е целосно во согласност со позиционирањето на брендот. Ние целосно ги споделуваме вредностите на Formula E: авангардни технологија и настани блиску до јавноста. Искуствата кои ќе се акумулираат благодарение на трките се клучни за нас во подобрување на нашата технологија која директно им служи на нашите клиенти. ”

Formula E е нов FIA шампионат каде што Formula автомобилите се напојуваат исклучиво со електрична енергија. Тоа претставува визија за иднината на автомобилската индустрија во текот на следните децении, која служи како рамка за истражување и развој на електрични возила, привлекување на интересот на јавноста за овие автомобили и промовирање на одржливоста. Функционирајќи како “Отворено првенство”, серијата им дава можност на производителите на автомобили и конструкторите да ги прикажат своите иновации на полето на електричната енергија на тркачките патеки преку проектирање автомобили кои ги задоволуваат техничките спецификации утврдени од страна на FIA.