April 19, 2016

УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ВО НИЗАТА НА ХОЗЕ МАРИА ЛОПЕЗ (JOSÉ MARÍA LÓPEZ) !

Неизвесност и напнатост до последниот свиок, Хозе Мариа Лопез сепак ја доби главната трка на FIA WTCC која се возеше на рингот во Словачка. И покрај дополнителните 80кг на Citroën C-Elysée WTCC, возачот на Citroën Total целосно успеа да се наметне уште на почетокот од сезоната.

 

 За време на квалификациите, сончевото време ги привлече сите посетители на рингот во Словачка. Согласно новите правила, за првите десет квалификации стратувањата на почетната трка ќе бидат по обратен редослед. Хозе Мариа Лопез ја држи осмата позиција додека Иван Милер е десетти.

На стартот, Мехди Бенани направи одличен старт позиционирајќи се на чело благодарение на неговото стартување на првата линија! Првиот круг Хозе Мариа Лопез и Иван Милер го завршија на петтата и шестата позиција.

Многу брзо Лопез се обиде да го помине Таркини, а Милер ја искористи ситуацијата и се постави пред Пекито! Во тркачкиот тим и двете возила на Citroën C-Elysée WTCC останаа еден до друг сè до седмиот круг, кога Лопез успеа да го помине Милер.

На три круга до целта, Тиаго Монтеиро се искачи на врвот. Последниот круг е одбележан од страна на Норберт Мишелиц кој го помина Иван Милер и се постави на ниво на Хозе Мариа Лопез. Двократниот светски шампион го сочува петтото  место додека неговиот тимски колега ја помина целната линија на седмата позиција.

По едночасовна пауза, механичарите ги подготвија возилата за главната трка. По исклучувањето на светлата, Иван Милер стартуваше од пол позиција  а пак Хозе Мариа Лопез премина од трета на прва позиција. Поттчукнат од Ник Катсбург уште на првиот свиок, Иван Милер се најде на третата позиција.

Четирикратниот светски шампион по контактот со Роб Хаф го загуби петтото место. Очигледно почетокот на трката за кланот на Citroën, беше навистина тежок затоа што Лопез му ја препушти позицијата на Катсбург!

Првите тројца се групираа еден до друг а Пекито ја зазема челната позиција! И покрај заканата од Монтеиро, аргентинецот одлично се држеше до целта и ја извојува втората последователна победа на главната трка. Откако успеа да ја задржи позицијата во екипата, Иван Милер заврши на шестата позиција и си заработи вредни поени.

Уште од утре, екипата на Citroën Total ќе се упати кон Будимпешта. Третата средба на Светскиот шампионата на FIA WTCC ќе се одржи на Унгарскиот ринг на 23-ти и 24-ти април.