URBAN COLLËCTIF
CITROËN, ACCOR И JCDECAUX, ОБЕДИНЕТИ ВО URBAN COLLËCTIF, ЈА ИЗМИСЛИЈА УРБАНАТА МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА, АВТОНОМНА И НАМЕНЕТА ЗА СИТЕ

- Urban Collëctif е ново партнерство меѓу Citroën, Accor и JCDecaux, три француски компании со интернационално присуство во секојдневието на жителите на градовите низ светот и со заедничка визија за иднината на урбаната мобилност.
- Нивната заедничка амбиција е оптимизирање на мобилноста, за секој да може да се наврати на урбаниот простор и значително да го подобри квалитетот на животот.
- Оваа амбиција се потпира на иновативниот концепт наречен Citroën Autonomous Mobility Vision, (Визија за автономна мобилност од Citroën), што комбинара високотехнолошка и универзална платформа за мобилност, Citroën Skate, со три нови услуги Pods – Sofitel En Voyage, Pullman Power Fitness и JCDecaux City Provider – секоја од нив нуди уникатно искуство за истражување на градовите на еден нов начин.
- Со користење на автономна, електрична и агилна технологија од Citroën , овој концепт со отворен код има за цел да ги ослободи градовите, а истовремено да излезе во пресрет на растечките потреби во смисла на мобилност, услуги, безбедност и благосостојба во градови.
- Овој нов концепт на одговорност и урбана мобилност по мерка се заснова врз отворен пристап: платформата Citroën Skate може да ги смести сите компатибилни Pods развиени од страна на партнерот, со што се зголемува мобилноста и понудата на услуги.
СОДРЖИНИ
- Системско решение по принципот клуч на рака за ослободување на градовите и зголемен комфор
- Мобилност – главен предизвик за градовите на иднината
- Citroën Autonomous Mobility Vision – нов модел за заедничка автономна мобилност
- Urban Collëctif: меѓусебна соработки и нескротлива креативност
- The Accor Pods: Sofitel En Voyage и Pullman Power Fitness
- JCDecaux City Provider
- Citroën Skate
- Отворен пристап: движење кон бескончен број на подлоги што одговараат за различна употреба.
ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ
Транспортот е основна потреба во секојдневниот живот, особено во градовите. Со својата силна привлечност, градовите воочуваат дека нивното население се зголемува, така што условите за патување треба да се обноват.
Во исто време, кризата Covid-19 ги зголеми очекувањата на жителите на градовите за почист, побезбеден, пофлексибилен модус за патување, во согласност со правилата за социјално дистанцирање, со што се влијае врз развојот на урбаниот пејзаж и паметните решенијата за мобилност за иднината. Појавата на автономни возила може да помогне при намалување на метежот во градовите; сепак, овие решенија немаат среднорочна економска одржливост поради високата цена на технологиите за автономното возење во споредба со прифаќањето.
За да одговорат на овој проблем, Citroën, Accor и JCDecaux се обединија за да формираат креативно и посветено партнерство наречено Urban Collëctif. Водени од верувањето дека мобилноста во иднина мора да обезбеди сигурност и благосостојба, Urban Collëctif создаде револуционерен концепт за мобилност, потпирајќи се на 200 годишното искуство во иновирањето. Користејќи модел на отворен пристап именуван Citroën Autonomous Mobility Vision, овој концепт се потпира на:
- Автономна и електрична мобилна платформа: Citroën Skate
- и Pods за различни услуги и апликации.
Со одделување на платформата од услугите за мобилност, овој концепт нуди можност да се доведат до максимум употребата на автономната технологија, а истовремено да се зголемат понудите за услуги. Citroën Skate може по потреба да ги премести сите Pods користејќи посебна патека, притоа да понуди неверојатен комфор благодарение на вековната експертиза на Citroën.
Pods дизајнирани за Urban Collëctif го прикажуваат потенцијалот на отворениот пристап со понуда на три иновативни и многу различни услуги за мобилност: Sofitel En Voyage, ексклузивно урбано искуство во мобилноста, Pullman Power Fitness, нов начин за спортување додека се движите и JCDecaux City Provider, иновативна урбана услуга за мобилност по барање.
,,Во Citroën, ги истражуваме среднорочните и долгорочните трендови за да ги предвидиме очекувањата и потребите на потрошувачите. Ние веруваме дека овој нов концепт може да ја редефинира рамката на урбана мобилност: заедничка, електрична и автономна. Со решението што го презентираме во партнерство со Accor и JCDecaux, измислуваме автономна мобилност за сите.”
Vincent Cobée, Генерален менаџер во Citroën
,,Почестени сме со фактот дека ги здружуваме силите со Citroën и JCDecaux за овој иновативен проект. Со речиси 5.200 хотели ширум светот, нашата групација е активна во локалниот екосистем и е посветена да понуди уште поексклузивни искуства, како за патниците, така и за локалните заедници, истовремено придонесувајќи за развој на одржливи градови. Проширувањето на хотелското искуство надвор од sидовите на нашите компании е во согласност со нашата смела и модерна визија за гостопримство “.
Sébastien Bazin, Претседател и Главен извршен директор во Accor
„Здружувајќи се со јавни и приватни партнери за развој на иновативни и корисни решенија за одржливо подобрување на градскиот живот е целосно во согласност со мисијата на JCDecaux. Како резултат на тесна соработка со Citroën и Accor, Urban Collëctif ја симболизира желбата на JCDecaux да продолжи да иновира и замислува услуги за урбана мобилност на иднината.”
Jean-Charles Decaux, Помошен извршен директор, во JCDecaux
01.РЕШЕНИЕ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЗАБРАНИТЕ ВО ГРАДОВИТЕ И ЗГОЛЕМЕН КОМФОР, НА БАРАЊЕ
- МОБИЛНОСТ – ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА ГРАДОВИТЕ НА ИДНИНА
Без разлика дали вклучува пристап до работното место, образование, здравствена заштита или слободни активности, мобилноста претставува суштинска потреба. Заедно со автомобилите и велосипедите во понудата на слобода и бегство, иднината на мобилноста е поставена да биде заедничка, разновидно комфорна, урбана и на долги растојанија со раст во купувањето од далечина и испораки дома, комплексноста поврзана со сообраќајниот метеж и паркирањето во урбаните центри , како и тешкотијата за задоволување на потребите за патување на сите, без оглед на регионот, парадигмата на мобилноста се менува.
Градовите постојано растат и ги привлекуваат оние кои бараат работа, висококвалитетни услуги и културен, социјален и општествен живот. Светската банка предвидува дека две третини од населението ќе живее во градовите до 2050 година. Во овој контекст, како можеме да ги подобриме дневните патувања? Во високорастечки, градови заглавени со сообраќаен метеж со понекогаш заситени мрежи за јавен транспорт, замислата на транспортот на иднината отвора нови хоризонти. Играта се менува, меката мобилност се зголемува и автономната мобилност го проширува опсегот на можности.
- ВИЗИЈА ЗА АВТОНОМНА МОБИЛНОСТ ОД CITROËN – НОВ МОДЕЛ ЗА ЗАЕДНИЧКА АВТОНОМНА МОБИЛНОСТ
Ако се земе во обѕир ова набљудување, неопходно е повторно да се размисли околу урбаната мобилност, така што секој ќе ги ужива сите можности што ги нудат урбаните центри, без ниту еден недостаток. Ветувањето на Citroën Autonomous Mobility Vision е да го направи градот пофлуиден, попријатен и похуман за живеење.
Станува збор за револуционерен модел на отворен приод, колективен и заеднички, а нуди автономна мобилност адаптирана според барањата.
Моделот се потпира на возниот парк на транспортните роботи Citroën Skate, кои бес престан се движат низ градовите и во комбинација со Pods, ветуваат уникатни искуства. Citroën Skate е медиумот и транспортерот за мобилност. Pod, прикачен на Citroën Skate, им овозможува на своите корисници да уживаат во нивната избрана услуга, кога и да посакаат.
Одделувањето помеѓу Citroën Skate и Pods е камен-темелник на концептот, нудејќи флуидна и инвентивна урбана мобилност. Со создавање автономна и електрична флота на Citroën Skate, како и Pods што одговараат на целните потреби, како оние на нашите партнери – Accor (Sofitel En Voyage и Pullman Power Fitness) и JCDecaux (JCDecaux City Provider) – мобилноста e повторно измислена и подобрена, како индивидуално така и колективно.
Ова технолошко решение што нуди мноштво можности за употреба се попира на флотата на Citroën Skates и Pods, без возач, автономни и меѓусебно поврзани, што патуваат тивко и ја подобруваат флуидноста на сообраќајот за најмалку 35%. За да се постигне ова, Citroën Skates се дизајнирани да патуваат по наменски линии и се опремени да се интегрираат во урбаната животна средина на најефикасен и економичен начин. Предлагајќи автономно возило на јавните патишта, за физички лица, по технолошкиот предизвик, би било екстремно скапо. Во спротивно, Citroën Autonomous Mobility Vision се базира на совршена адекватност помеѓу Pods, Citroën Skate и инфраструктурата. Дотолку повеќе што решението е максимизирано со возење по посебни линии или со употреба на паметен флотен менаџмент, поред потребите.
- THE URBAN COLLËCTIF: ВКРСТЕНА СОРАБОТКА И НАПЛИВ НА КРЕАТИВНОСТ
Citroën, Accor и JCDecaux, три интернационални компании со 200- годишно комбинирано искуство во иновација, смелост и понуда на услуги, формираа посветен и визионерски колектив – Urban Collëctif. Оваа соработка создаде заедничка визија за урбана мобилност со цел да се раздвижат работите, да се одвои време и да се врати забавата во градското патување преку комбинирање на колективната интелигенција и искуство на трите партнери во областа на мобилноста, гостопримството и градовите.
Оваа сосема нова платформа за мобилност нуди урбани искуства предводени од вештината и експертизата на трите партнери. Изграден на слој технолошка, електрична и автономна мобилност на Citroën – Citroën Skate. Трите Pods( јазли) го илустрираат концептот и степенот на неговиот потенцијал, што е можно поради неговиот отворен пристап. Двa Pods беа развиени со Accor и истакнуваат две луксузни, врвни марки во своето портфолио: Sofitel (Sofitel En Voyage) и Pullman (Pullman Power Fitness). Третиот беше дизајниран со JCDecaux: JCDecaux City Provider.
- THE ACCOR PODS: SOFITEL EN VOYAGE & PULLMAN POWER FITNESS
Преку своите Pods Sofitel En Voyage и Pullman Power Fitness, Accor, светски лидер во хотелската индустрија, измислува „мобилно гостопримство во градот“, овозможувајќи им на сите свои клиенти, како и жителите на градот да се стекнат во целост со искуството на марката надвор од неговите хотелски ѕидови.
Со 200- годишно комбинирано искуство во внатрешно уредување и француски автомобилски дизајн, ова партнерство доведе до иновативни и смели Pods. За време на развојот со тимовите на Citroën, особено внимание беше посветено на квалитетот на материјалите, боите, склоповите и деталите, како и интерфејсите.
Damien Perrot, Глобален виш подпретседател за дизајн во Accor, коментира: „Секој Pod е смело и модерно толкување на внатрешен и автомобилски дизајн. Тие се дизајнирани надвор од конвенциите и стандардите што индустријата ги користи денес, со прецизно инженерство, врвни материјали, префинета естетика и обновени функции и апликации. Благодарение на ова ново партнерство, што е многу иновативно и по форма и по суштина, создаваме бескрајни можности за иднината“.
Конечно, двата Pods може да се резервираат со апликацијата ALL – Accor Live Limitless, секојдневниот придружник за животен стил кој ги собира и подобрува сите марки, услуги и партнерства што работат во еко-системот на Accor.
Steven Taylor, Главен маркетинг директор во Accor, забележува: „Презентацијата на Sofitel En Voyage и Pullman Power Fitness Pods е нов пример за нашата стратегија за подобрено гостопримство. Ние сме одлучно фокусирани да ги направиме нашите марки повидливи и порелевантни, за да бидеме на располагање за нашите гости, надвор од нивниот престој во нашите хотели“.
Повеќе од кога било, марките и одржливата урбана мобилност се во центарот на визијата за зголемено гостопримство понудено од страна на Accor.
- SOFITE EN VOYAGE
Sofitel En Voyage, првиот Pod создаден од соработката помеѓу Accor и Citroën, претставува покана кон нова урбана мобилност, патување со исклучителен комфор, шик услуги и погледи кои го одземаат здивот.
Како Sofitel, кој беше прва француска марка на луксузни хотели и се прошири интернационално, Sofitel En Voyage Pod ја рефлектира француската елеганција и уметноста на живеење.
Без разлика дали се упатуваат кон најдобрите ресторани, најпрефинетите бутици, за да стигнат на време за воз или лет, да го истражуваат градот или едноставно да работат, гостите можат да го доживеат искуството на Sofitel на „Францускиот начин“ по сопствено темпо, како и да одлучат, во движење и на барање.
Спектакуларен и монументален, Sofitel En Voyage Pod е архитектонски паралелопипед од стакло и интарзија (парчиња од дрво, бисер, слонова коска), што созадава интимна атмосфера, додека е целосно отворена кон надвор.
Органски изглед на дрвената изработка, традиционална француска вештина, модернизирана благодарение на најсовремените технологии и многу прецизното ласерско сечење, создава тело што го евоцира градот Париз, францускиот мебел и високата мода. Ова извонредно дело суптилно ја нагласува луксузната и модерна атмосфера, пренесувајќи ја светлината преку систем на екрани.
Дејствувајќи како контрапункт, употребата на стакло го открива гостопримливата и топла внатрешност, софистицирана и префинета, во тонови на црвено портокалови кадифени тонови од подот до таванот, предизвикува дискретен пристап кон современиот луксуз.
Со автоматски застаклени лизгачки врати, Pod ќе им овозможи на дваа до три патници да седат удобно заедно со нивниот багаж во посебен дел. Внатрешна LED лента на лизгање би прикажувала информации во реално време, како што се лични пораки, вести, временска прогноза, време на пристигнување и патување.
Сè е дизајнирано за испорака на персонализирана услуга од Sofitel, со бар што се отвора како цвет на допир за понуда на пијалоци и закуска, звучен систем, индукциски полначи и конфигурирано осветлување според расположението.
Клучниот доказ за услугата Sofitel, таблет на допир ќе овозможи видео-конференциски повик да се упати до рецепционер во Sofitel, за да се направи резервација во ресторан или театар, на пример.
- PULLNAN POWER FITNESS
Pullman Power Fitness Pod е вториот Pod создаден од партнерството помеѓу Accor и Citroën и претставува одраз на визијата на Pullman Hotels & Resorts за поместување на границите во фитнесот. Со својата Power Fitness програма, членовите на заедницата на Pullman се предизвикани да го донесат своите перформанси на повисоко ниво, со 24 часа тренинг, интегрирана технологија и стилска забавна околина. Марката Pullman продолжува да ја менува играта со позиционирањето како врвна хотелска марка за фитнес.
Програмата Power Fitness, промовирана во мрежата на Pullman во повеќе од 140 хотели и ресорти низ целиот свет, иновативно е сумирана во Pullman Power Fitness Pod, што илустрира модерна визија за транспорт која го прави времето на патување покорисно за оптимизирање на врвните фитнес перформанси.
Затоа, Pullman Power Fitness Pod ќе ја прошири атлетската енергија која владее во фитнес објектите на Pullman, каде корисникот-поединец може да вежба самостојно и извонредно, со веслач од едната и велосипед од друга страна, додека се движи низ градот.
Pullman Power Fitness Pod се карактеризира со необичен стаклен меур кој вклучува дихроични модели во форма на ролетни (жалузии), одекнувајќи ги графиката и градацијата на тонови на Pullman, заедно со нијанси кои се прелеваат на сина, виолетова, розова и зелена. Оттаму, приватноста на корисникот е заштитена, со истовремено задржување поглед кон надворешноста.
Промислената футуристичка и авангардна атмосфера совршено ја илустрира симбиозата помеѓу спортот, музиката и светлината. Прилагодлив систем за звук и осветлување преку LED лента обезбедува уникатен ефект, со три режими кои вклучуваат три бои и светли амбиенти прилагодени за избор на вежбање, со што се создава уникатно, возбудливо и регенерирачко искуство за секој корисник.
Верен на хиперповрзаниот дух на Pullman, дигиталниот тренер, кој се појавува на холографски екран, ќе го охрабри корисникот, додека дава информации за рутата и забава за време на кардио сесии на следно ниво.
Вежбањето на платформата е корисно за полнење на батериите на Citroën Skatе.
- JCDECAUX CITY PROVIDER
JCDecaux City Provider произлезе од партнерството помеѓу Citroën и JCDecaux, светскиот лидер во надворешно рекламирање што обезбедува корисен, одржлив уличен мебел и услуги во над 80 земји. Неговиот уличен мебел поставува репер низ целиот свет во однос на иновацијата, квалитетот, естетиката и функционалноста и неговите велосипеди за самопослужување направија револуција во меката мобилност во градовите од 2003 година.
Со JCDecaux City Provider, JCDecaux останува верен на својата иновативна стратегија за одржливо подобрување на квалитетот на животот во градовите. Како што паметните градови влегуваат во нашите животи, JCDecaux се позиционира како еден од главните играчи во овој сектор и веќе е вклучен во поттикнувањето на појавата на сѐ похуман, отворен и одржлив паметен град.
Како вистинска дополнителна услуга, помеѓу јавен и приватен превоз, JCDecaux City Provider нуди иновативно решение на барање за урбан транспорт, достапен за сите корисници. Едноставно за качување од патници со багаж, количка, во инвалидска количка, сами или со други луѓе, JCDecaux City Provider е решение достапно за сите, ја олеснува мобилноста во градот нудејќи повеќе слобода и избор при патување. Pod им ја нуди на своите патници најдобрата маршрута помеѓу појдовната точка и дестинацијата, благодарение на паметна автономна технологија, која ги оптимизира времето и растојанието, обезбедувајќи пријатно и мирно искуство во срцето на градот.
Инспириран од уличниот мебел JCDecaux, JCDecaux City Provider е исполнет со чисти форми, безвременски, воздржан и функционален дизајн, нуди комфор и простор во патничката кабина. Комбинира разни материјали и текстури за удобно сместување на патниците – црна боја со тектура, сатен во алуминиум сива боја, прозорци со темна нијанса, како и естетско светло дрво и растенија.
JCDecaux City Provider нуди два гостопримливи простори еден наспроти друг, заштитени под зелен, покрив со садници: отворен дел, заштитен од временските услови со настрешница и затворена, светла застаклена површина со оригинален распоред на осветлување според расположението. Во патничката кабина може да се сместат до пет лица и да патуваат во удобна и светла околина, што нуди одлична видливост над градот. Во внатрешниот дел, патниците имаат на располагање приклучоци за USB за полнење на сите мобилни уреди.
Два интерактивни екрани го подобруваат чувството за мобилност, со информации и корисни услуги за планирање и следење на патувањата, добивање информации за културниот, туристичкиот и заедничкиот живот како и откривањето нови места, предложени активности до кои подножјето може да се насочи на барање.
Со својот отворен дизајн, JCDecaux City Provider ја враќа магијата на градското патување за секого.
- THE CITROËN SKATE
-Вградена технологија за подобрено патување низ град
Citroën Skate е урбано решение за мобилност, способно да патува низ сите урбани центри во посебни заштитени ленти за да обезбеди флуидна и оптимизирана мобилност. Автономен, електричен и со индукциско полнење, Citroën Skate може да работи речиси постојано, 24/7, да се полни автоматски кога е потребно на наменски бази за полнење.
Citroën Skate е платформа за мобилност која им овозможува на Pods да се движат по потреба и на барање може да се постави под Pods, да генерира движење и да ја активира услугата. Поради ова, Pods потоа може да се постави за помалку од 10 секунди. Citroën Skate е универзална платформа за мобилност која може да се користи за преместување на сите видови Pods, со што се зголемува употребата на технологија во секојдневниот живот.
Опремен со сета технологија потребна за движење на транспортни и логистички единици, овозможувајќи им да се ослободат од вишокот и скапа опрема и да ја направат технологијата за автономно возење профитабилна. За споредба, патничките возила се паркирани 95% од времето според статистичките податоци и никогаш не би ја искористиле оваа технологија до нејзиниот полн потенцијал. Еден вид ултра-технолошки скејтборд, Citroën Skate ја вклучува сета интелигенција и технологија потребни за автономно и електрично патување: батерии, електричен мотор, сензори, итн. Неговата максимална брзина е ограничена на 25 km/h или 5 km/h за да се обезбеди сигурност на сите корисници во зависност од областа. Брзината може да се конфигурира според начинот на кој се користат Pods за да се задоволи побарувачката што е можно поефикасно.
Citroën Skate има минимален отпечаток со ограничени димензии од 2,60m должина, 1,60m ширина и 51cm висина, што значи дека не го загрозува јавниот простор. Неговите компактни димензии и дизајн, без автомобилскиот слој, го прават паметно и универзално решение за мобилност.
–Технологија за прикажување на дизајн
Имајќи ги формалните модели на ултратехничкото подвозје користено кај 19_19 Concept*, дизајнот на Citroën Skate ја истакнува вградената технологија со вистинско внимание на детали: макро-шеврони и материјали со темни нијанси кои комбинираат мат црн и алуминиумски изглед, делувајќи како подиум а за Pods поставен одозгора. Логото со двојниот шеврон, кое е големо и гордо прикажано во центарот на Citroën Skate, го толкува оригиналното лого на марката играјќи со текстури и материјали. Го носи факелот 19_19 Concept, кој ги вклучуваше овие карактеристики.
*19_19 Concept е концептуален автомобил развиен од Citroën во 2019 година, на 100-годишнината на марката, кој нуди визија за ултра комфор и екстра урбана мобилност за да се оддалечи од градот.
Вградени системи се распространети насекаде околу Citroën Skate, скриени зад логоата на Citroën за да обезбедат целосно безбедно и автономно возење со откривање пешаци, автомобили, велосипедисти, скутери или било кој друг предмет на патот. Бидејќи предниот и задниот дел на Citroën Skate се целосно идентични, логоата на Citroën се со задно осветлување, бели напред и црвени одзади, за да се усогласат со прописите и јасно да го покажат правецот на патување до другите учесници во сообраќајот.
За да обезбеди неспоредлив комфор во возењето за време на патувањето, како и удобно и без вибрации да ги смести Pods, Citroën Skate е опремен со подвижни хидраулични перничиња. Логоата на Citroën Advanced Comfort® потсетуваат дека Citroën е синоним за удобност, без оглед на видот на возилото.
-Пневматици Goodyear
Пневматиците, кои се револуционерни во нивниот концепт и дизајн, беа осмислени и развиени од страна на Goodyear, кој веќе беше партнер на Citroën за спектакуларно дизајнираните и извонредно димензионирани тркала на 19_19 Concept. За Citroën Skate, Goodyear разви универзални тркала Eagle 360, составени од сферични гуми, со „крилјата“ и логото на Goodyear.
Вклучувајќи мали електрични мотори, тие му даваат на роботот целосна слобода на движење од 360° за да може дасе движи во која било насока, исто како и компјутерскиот mouse, да се сврти во место и да го заокружи својот пат во најмалите простори, без да се занимава со одредена насока на патување.
- ОТВОРЕНА ПЛАТФОРМА: ДВИЖЕЊЕ КОН БЕСКОНЕЧЕН БРОЈ PODS, ЗА ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА РАЗЛИЧНИТЕ НАМЕНИ
Покрај Pods дизајнирани како дел од Urban Collëctif, може да се има предвид и надополнување за други услуги. Благодарение на одвојувањето помеѓу Citroën Skate и Pod, креативноста може да се ослободи за развој на нови апликации и нови визии за индивидуален и колективен транспорт. Треба да се земат предвид партнерствата што ги надминуваат границите на автомобилската индустрија за да овозможат оваа визија да стане реалност.
Со технологијата Citroën Skate, сè е возможно благодарение на пристапот со отворена платформа што овозможува на секоја трета страна да развие компатибилен Pod со техничките спецификации на Citroën Skate.
Без оглед на нивните потреби, локалните власти, јавните службеници и компании би можеле да имаат корист од технологијата Citroën Skate со развивање на сопствени Pods за превоз на патници, услуги или стоки за широка потрошувачка, во јавни или приватни простори, како што се аеродроми, фабрики или центри за конвенции.
Citroën Autonomous Mobility Vision нуди широк спектар на флексибилни и достапни услуги. Токму затоа, локалната власт која сака да воведе електрични и автономни јавни услуги во густонаселените градови, може да ги намали трошоците за работа со помош на флотата Citroën Skate.
Исто така, би можеле да бидат вклучени бројни јавни услуги што покриваат различни аспекти од секојдневниот живот на граѓаните, вклучувајќи транспорт, здравје и отпад. Со возниот парк Citroën Skate, локалните власти би можеле поефикасно да го апсорбираат порастот во побарувачката за транспорт и да понудат превоз на барање за време на вонредните часови, заедно со безбедни опции за патување без бучава во текот на ноќта. Флотата на Citroën Skate отвора нови хоризонти во мобилните, локалните и личните јавни услуги и може да се користи за медицински практики, диспензери за храна, камиони за храна и безбедност. Вештачката интелигенција дава можност да се предвиди каде и кога треба да се постават овие Pods според настани на отворено или индивидуални преференции.
Како одговор на главните предизвици на нашето време, Urban Collëctif нуди иновативно и одржливо решение за урбана мобилност што го олеснува урбаното живеење.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
CITROËN SKATE
- Должина: 2.600m
- Ширина: 1.600m
- Висина: 0.510m
- Максимална брзина: 25 km/h
- Автоматско индукциско полнење
SOFITEL EN VOYAGE
- Должина: 3.160m
- Ширина: 1.800m
- Висина: 1.963m
PULLMAN POWER FITNESS
- Должина: 3.257m
- Ширина: 1.700m
- Висина: 1.825m
JCDECAUX CITY PROVIDER
- Должина: 3.006m
- Ширина: 1.654m
- Висина: 2.516m
__________________________________________________________________________________________
За Citroën
Од 1919 година, Citroën создава автомобили, технологии и решенија за мобилност за да ги задоволи променливите потреби на општеството. Марка која се карактеризира со смелост и иновативност, Citroën го става мирот и благосостојбата во срцето на искуството на клиентите и нуди широк спектар на модели, од карактеристичниот Ami, електрично возило дизајниран за градот, до лимузини, теренци и комерцијални возила, од кои повеќето се достапни во електрични или хибридни верзии на полнење. Citroën е пионер во услугите и вниманието посветено на неговите физички и бизнис корисници. Има присуство во 101 земја и мрежа од 6.200 продажни места и сервиси низ целиот свет.
За Accor
Accor претставува светски лидер во гостопримството и е активен во 110 земји, со речиси 5.200 хотели и 10.000 ресторани и барови. Групата располага со интегриран хотелски екосистем меѓу најразновидните во секторот, комбинирајќи луксузни и премиум ланци, средни и економични понуди, ексклузивни концепти за начин на живот, места за изведба и забава, клубови, ресторани и барови, приватни ресорти, заедничко сместување, услуги и простори за соработка. Accor има незаменливо портфолио на брендови, управувано од над 260.000 вработени ширум светот. Повеќе од 68 милиони членови уживаат во сеопфатната програма за лојалност на групата, ALL – Accor Live Limitless, придружник на секојдневниот животен стил, што обезбедува пристап до широк спектар на придобивки, услуги и искуства. Преку своите иницијативи Planet 21 – Acting Here, Accor Solidarity, RiiSE и ALL Heartist Fund, Групата е посветена на преземање конкретни активности во професионалната етика и интегритет, одговорен туризам, одржлив развој, граѓански ангажман, разновидност и вклученост. Основан во 1967 година, Accor SA, со седиште во Франција, е наведен на Euronext Paris (ISIN код: FR0000120404) и на OTC пазарот во САД (код: ACRFY). За повеќе информации, посетете group.accor.com или следете не на Twitter, Facebook,LinkedIn и Instagram.
За Sofitel
Sofitel Hotels & Resorts е амбасадор на француската елеганција, стил, култура и уметност низ целиот свет. Основан во 1964 година, Sofitel е првиот меѓународен бренд за луксузни хотели кој потекнува од Франција со скоро 120 шик и извонредни хотели во најбараните дестинации во светот. Sofitel зрачи со префинето и непроценено чувство за модерен луксуз, секогаш мешајќи допир на француска елеганција со најдоброто од локалната култура. Колекцијата Sofitel вклучува значајни хотели како Sofitel Paris Le Faubourg, Sofitel London St James, Sofitel Dubai The Obelisk, Sofitel Munich Bayerpost, Sofitel Rio de Janeiro Ipanema, Sofitel Washington DC Lafayette Square, Sofitel Sydney Darling Harbor и Sofitel Bali Nusa Dua Beach Resort. Sofitel е дел од Accor, светски лидер во гостопримството со повеќе од 5.100 хотели и 10.000 ресторани и барови низ 110 земји.
sofitel.accor.com | all.accor.com | group.accor.com
За Pullman
Pullman Hotels & Resorts поставува ново темпо во глобалното патување и живеење, давајќи инспиративно, енергично и збогатено искуство за новите претприемачи. Pullman ги пречекува гостите со простор што им е потребен за да се фокусираат, да работат и да играат. Напреден и хипер-поврзан, со страст за уметност и фитнес, Pullman постојано го заживува авантуристичкиот дух и амбицијата со отворен ум што го натера да стане пионерски бренд за патувања пред повеќе од 150 години. Денес, брендот Pullman има повеќе од 140 хотели во најдинамичните и најкосмополитските дестинации во светот, управувани од водечки локации како Pullman Paris Bercy, Pullman Suzhou Zhonghui (Голема Кина) и Pullman Maldives Maamutaa. Pullman е дел од Accor, светски лидер во угостителството со повеќе од 5.100 хотели и 10.000 ресторани и барови низ 110 земји.
pullman.accor.com | all.accor.com | group.accor.com
За JCDecaux
JCDecaux, светски број еден во рекламирање на отворено, сега присутен во над 80 земји и повеќе од 3.670 градови со над 10.000 жители. Повеќе од 55 години, производите на JCDecaux се сметаат за репер во иновациите, квалитетот, естетиката и функционалноста. Благодарение на експертизата на своите вработени, услугите што ги нуди Групата, особено во сервисирање и одржување, се препознаваат низ целиот свет од страна на градовите, аеродромските и транспортните власти и огласувачите. JCDecaux во моментов е единствената компанија во светот исклучиво активна во надворешно рекламирање и развивање на сите поврзани активности: уличен мебел, рекламирање во транспорт и дисплеи со голем формат. Како што паметните градови влегуваат во нашите животи, JCDecaux се позиционира како еден од главните играчи во овој сектор и веќе е вклучен во поттикнувањето на појавата на похуман, отворен и одржлив паметен град.
За повеќе информации: jcdecaux.fr. Следете нè на Twitter, LinkedIn, Facebook, Instagram и YouTube.