December 17, 2020

Уникатен и смел дрес на тимот AG2R CITROËN!

Претставување на новиот дрес на тимот AG2R CITROËN
Од 1 јануари 2021, CITROËN станува главен коспонзор

Vincent Lavenu, генералниот директор, како и целиот негов тим, AG2R LA MONDIALE и CITROËN, со гордост го претставуваат новиот дрес на тимот на AG2R CITROËN.

Од 1 јануари 2021, AG2R LA MONDIALE, долгогодишниот главен партнер и Vincent Lavenu ќе му посакаат добредојде на CITROËN како главен коспонзор. Двете организации се сплотија да соработуваат сè до 2025 година. Овој дрес претставува олицетворение на исклучителна соработка и ги испишува првите страници на новото поглавје во историјата на тимот.

C5 Aircross dynamique 3

Дизајнирањето на дресот на тимот AG2R CITROËN претставуваше предизвик како за велосипедскиот тим, така и за двата главни партнера. Потребни беа пет месеци за графичка соработка за да се создаде идентитет, кој нема да биде дефиниран со комбинација од повеќе брендови, туку направи впечатлив избор од бел дрес во комбинација со кафеав краток шорц. Силната графика ќе направи да се издвојува како уникатен во групата велосипедисти. Тоа е идеален начин да се илустрира на заедничкото чуство на смелост и големите амбиции ки спој како и големите амбиции кои ги обединуваат и здружуваат партнерите-спонзори.

2 (1)

Vincent Lavenu, генерален директор на професионалниот велосипедски тим: ,,Дресот го обединува целиот наш тим, од натпреварувачите, па сè до членовите на персоналот и менаџментот. Исто така, претставува и визуелно збирно место за собирање на сите наши навивачи. Овој дрес на тимот AG2R CITROËN, означува почеток на ново поглавје во нашата историја. Тој е резултат на креативната соработка помеѓу тимот на AG2R LA MONDIALE и CITROËN, заснован на заеднички вредности. Многу сум горд со резултатот. Нашиот графички идентитет еволуира, но основниот идентитет не се менува. Со нетрпение очекуваме да ги видиме нашите натпреварувачи да почнат да се натпреваруваат во новите комплети на тимот  AG2R CITROËN.“

Clément Champoussin, надежен млад натпреварувач во велосипедскиот тим: ,,Ќе започнеме нова авантура и овој дрес е најдобрата илустрација за тоа! Ретко досега имав прилика да се натпреварувам во дрес со доминантно бела боја. Бев среќен кога видов дека ова е крајниот резултат на дизајнерскиот процес. Има пријатна естетика и е нетипичен. Во формацијата Chambéry Cyclisme пристигнав во 2017 годинам а во април 2020 започнав и со професионални натпревари. Ова беше посебна година за мене. Со нетрпение чекам да го носам дресот на тимот AG2R CITROËN за време на трките и да го дадам својот допринос за новото поглавје на тимот.“

Laurent Barria, директор за маркетинг и комуникации во CITROËN: ,,Горди сме што  Citroën стана партнер на францускиот велосипедски тим, предводен од Vincent Lavenu, рамо до рамо со AG2R LA MONDIALE. Овој тим ги споделува нашите вредности на смелост, перформанси, примерност и блискост со публиката и со сите велосипедски ентузијасти. Обелоденувањето на новиот идентитет на тимот AG2R CITROËN и на новиот дрес претставува темел во започнување на меѓусебната соработка. Со графички дизајн и смел типографски избор, совршено ја илустрира амбицијата на ова партнерство за кое мислиме дека ќе се потврди на главните меѓународни настани.”

4 (1)

André Renaudin, извршен директор на AG2R LA MONDIALE: ,,AG2R Prévoyance, а потоа и AG2R LA MONDIALE работат рамо до рамо со Vincent Lavenu и неговиот тим веќе 23 години. Оваа долгогодишна поддршка му овозможи раст и напредок. Му посакуваме добредојде на CITROËN и да му овозможи на тимот да направи нов исчекор во својот развој и да му помогне добро да се претстави на најголемите велосипедски трки на Светското првенство. Еволуцијата на дресот, со смела графика, претставува силен симбол за ова. На ваков начин визуелно му посакуваме добредојде на CITROËN, во срцето на нашата марка AG2R LA MONDIALE.“