УНИКАТЕН И СЕОПФАТЕН КОМФОР

Citroën отсекогаш нуди уникатно искуство во патничката кабина, фокусирано на благосостојба. Палетата автомобили комбинира веднаш препознатлив дизајн и исклучителен комфор, резултат од 100 годишната експертиза. Уникатен и поразличен од останатите, комфорот на Citroën се заснова врз мноштво иновации и прерасна во вистински белег на мараката.
ПРОГРАМА CITROËN ADVANCED COMFORT
Пристапот на програмата Citroën Advanced Comfort има 4 столба:
– ЕФЕКТ НА ЧАУРА, со нежност при допир и акустика
– ПРАКТИЧНОСТ во внатрешниот простор во сите околности, за да се истакне гостопримливоста
– СМИРЕНОСТ на умот, одмор во пријатна атмосфера
– ФЛУИДНОСТ, заснована на интуитивна и корисна технологија.
ЕФЕКТ НА ЧАУРА
CITROËN ADVANCED COMFORT: ЕФЕКТ НА ЧАУРА
Експертизата на Citroën за комфор е дел од програмата Citroën Advanced Comfort. Оваа програма следи 4 цели, вклучувајќи комфор при возењето. Се состои од заштита на присутните во возилото од надворешни влијанија, како во смисла на поткревање на потпирањето така и на ниво на бучава, за кога сте во Citroën се чувствувате како во чаура. Citroën мисли на вас создавајќи удобна патничка кабина, благодарение на спојките со подот дизајнирани да ги измазнат нерамнините на патот, комфорните седишта, како и со изолирачкиот и акустичен третман.
ПОТПИРАЊЕ СО ХИДРАУЛИЧНИ ПРОГРЕСИВНИ ПЕРНИЧИЊА
Достапно кај моделите C5 Aircross и C4, потпирањето со прогресивни хидраулични перничиња нуди исклучителен комфор во возењето. Оваа иновација овозможува филтрирање и апсорпција на големи деформации како мали нерамнини на патот, создававајќи впечаток дека се лети над патот благодарение на „ефектот на лебдечки килим“, истовремено обезбедувајќи исклучителна поддршка и динамичност.
СЕДИШТА CITROËN ADVANCED COMFORT
Citroën дизајнира седишта што комбинираат мекост и поддршка, со специфична завршна обработка, нови функции и засилени безбедносни детали со цел на патниците да им се понуди највисоко ниво на комфор при возењето. Дури и најконвенционалните модели на марката се опремени со седишта што нудат повеќе во споредба со конкурентите: седиштата се помеки, а во истовреме обезбедуваат добра поддршка.
КОМФОРНИ ЗАДНИ СЕДИШТА
Благодарение на сунѓерот со висока густина што го поддржува на телото за време на патување, седиштата Advanced Comfort нудат и комфор при држење на телото и подобрена динамична удобност. Во задниот дел, благодарение на 3 независни седишта со исти димензии, сите патници уживаат во еднаков комфор, без разлика на кое седиште седат.
СВЕТЛИНА И АКУСТИЧЕН КОМФОР
Со акустично изолирани предни стакла, ефектот чаура е засилен. Патниците се удобно сместени и заштитени од надворешни влијанија.
Citroën внесува светлина во патничката кабина, патниците се облеани во меур од светлина преку кровот или панорамското ветробранско стакло.
Во режим ZEV, генерално при најстресните моменти на возење низ град или при кратки патувања, акустичниот комфор на возилата Citroën е зголемен. Никакви вибрации го нарушуваат спокојството во патничката кабина.
ПРАКТИЧНОСТ
CITROËN ADVANCED COMFORT: ПРАКТИЧНОСТ
Citroën го надградува искуството преку програмата Citroën Advanced Comfort. Оваа програма следи четири цели, вклучувајќи го комфорот за живеење. Се состои од олеснување на животот во патничката кабина благодарение на дарежливите волумени, практичното складирање и просторниот распоред.
Нема потреба да ги затворите очите за да се чувствувате како дома.
ПРАКТИЧНИ МЕСТА
ПАМЕТНО СКЛАДИРАЊЕ
Внатрешноста е дизајнирана за да го олесни секојдневието во патничката кабина нудејќи паметни додатоци и складирање како што се полици или отстранливи делови за складирање.
ГОЛЕМ ПРОСТОР
Волуменот и просторноста се обележја за возилата од марката Citroën.
Ова исто така е програмата Advanced Comfort, која нуди просторни и воздушести патнички кабини за уживање во долги патувања и нагласување на гостопримливоста. Без оглед кад седат и високите луѓе ќе имаат многу простор за нозете.
МОДУЛАРНИ СЕДИШТА
Возилата на Citroën се генијални и нудат задни седишта што се преклопуваат одделно или заедно, за да се прилагодат на саканата конфигурација. Така се овозможува рамен под за сместување долги или габаритни предмети.
ПРАКТИЧНА И ДОСТАПНА БЕЗБЕДНОСТ
Со поместување на задните седишта максимално нанапред, преклопени надолу или повлечени, багажниот простор во возилата на Citroën се зголемува. Многу практично, до багажниот простор може да се пристапи и со помош на делива клупа или полицата на повлекување при отварање на вратата на багажникот.
СМИРЕНОСТ
CITROËN ADVANCED COMFORT: СМИРЕНОСТ
Програмата на Citroën Advanced Comfort следи 4 цели, вклучувајќи и смиреност на умот.
Се состои од обезбедување на смиреност преку помош на возачот при возење, со организација на информациите и прикажување само на оние што се навистина корисни и преку создавање на смирена атмосфера во внатрешноста.
ИСКЛУЧИТЕЛНА СВЕТЛИНА
Со прифаќање на имагинативна архитектура, Citroën користи светлина и боја за да го намали заморот и да го зголеми комфорот. Панорамскиот сончев кров овозможува исклучителна светлина и чувство на благосостојба, правејќи го секое патување посебно искуство. Кај мини van возилата, панорамско ветробранско стакло ги облева патниците во меур од светлина.
НЕЖНИ И ТОПЛИ МАТЕРИЈАЛИ
- КОМФОР ЗА УМОТ
- БЛАГОСОСТОЈБА ВО ПАТНИЧКАТА КАБИНА
- СМИРЕНА ВНАТРЕШНОСТ
УЖИВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО
Дигиталната инструмент табла и екранот на допир со интуитивни команди означуваат впечатлива промена како во дизајнот на внатрешноста на возилата, така и во искуството при возењето.
БЕЗ КОМПРОМИС КАЈ PLUG-IN HYBRID
Верзијата plug-in hybrid претставува решение за клиентите кои:
– користат возило за градска и пригратска употреба.
– остваруваат просечно 50km дневно, со вистинско искуство на електрично возило, задржувајќи ја сестраноста на возилото.
– бараат технолошки возило со значајно намалување на потрошувачката и над сè, сакаат секојдневно да го полнат без ограничување.
НАМАЛЕНО ОДРЖУВАЊЕ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ
Електричното возило е едноставно за одржување. Потребно е промена на неколку делови и поретка промена. Предвидените трошоци за одржување на електрично возило се 30 до 40% пониски од возилата со внатрешно согорување.
ФЛУИДНОСТ
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО
Комфорот во патничката кабина кај Citroën е исто така поврзан со безбедност. Системите за помош при возењето ви помагаат во секојдневните патувања и ви овозможуваат да откриете потенцијални опасности на патот. Новиот C4 е опремен со технологија за помош при возењето од најнова генерација.
CONNECTEDCAM CITROËN
Интегрирана во држачот на внатрешниот ретровизор, ConnectedCam Citroën овозможува да фотографирате или да снимите видео од непосредната околина, а потоа да ги поставите и споделите на социјалните мрежи. Дополнително, ги чува видео снимките во случај на незгода.
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ ВО БОЈА
За уште поголемо внимание на патиштата, возилата Citroën се опремени со стаклен екран на извлекување на кој се прикажуваат корисни информации поврзани со возењето, како инструкции за брзина или навигација. Сместено во вашето видно поле, не пречи во возењето и овозможува да го задржите погледот на патот.
БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ
На располагање кај повеќенаменските и SUV возила, оваа технологија овозможува пристап до багажниот простор и страничните врати со едноставно движење на стапалото под задниот спојлер. На овој начин, се овозможува отклучување и автоматско активирање на отворањето кога рацете ви се зафатени.
УСЛУГИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ
Откријте го најдоброто за поврзување во вашиот Citroën. Со Mirror Screen, пренесете ја содржината од екранот од вашиот смарт телефон директно на централниот екран. Уживајте во сите информации за сообраќајот преку Connect Nav. При дефект или незгода, Connect Assist овозможува контакт со служба за грижа за корисници што ќе ве лоцира.