ТРКАЧКИОТ ТИМ НА DS VIRGIN ЌЕ ЗЕМЕ УЧЕСТВО НА PARIS ePRIX НАСТАНОТ

ТРКАЧКИОТ ТИМ НА DS VIRGIN ЌЕ ЗЕМЕ УЧЕСТВО НА PARIS ePRIX НАСТАНОТ
Тркачкиот тим на DS VIRGIN ќе земе учество во трката на Формула Е организирана во Париз на 23 април 2016. Ова е прв ваков настан организиран во главниот град на Франција.
После Пекинг, Путраџаја и Пунта дел Есте …, Сем Брд и Жан-Ерик Верн, возачите на тркачкиот тим на DS VIRGIN ќе се натпреваруваат со нивните DSV-01 болиди низ улиците на Париз.
Трасата на трката била најавена на прес-конференцијата која се одржала во градското собрание во Париз на која присуствувале Ана Хидалго, градоначалникот на Париз, Патрик Канер, државниот секретар за спорт Тиери Блаирард, и Жан Тод претседателот на ФИА. Техничкиот директор на DS, Хавиер Местилан Пинон и Жан-Ерик Верн исто така биле присутни на настанот заедно со двајцата возачи кои ќе се натпреваруваат во втората сезона на all-electric шампионатот.
Трката ќе стартува од “Hôtel des Invalides” во Париз на 23 Април 2016 година.