УСЛУГИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ОД CITROËN 

Движете се по патиштата во вашиот Citroën со богат избор на услуги за поврзување. Безбедни,забавни и корисни, ќе допринесат вашите патувања да бидат незаборавни.

ЕКРАН НА ДОПИР ВО ПАТНИЧКАТА КАБИНА

Програмата Citroën Advanced Comfort го нагласува и поврзувањето, преку интеграција на екран на допир на централниот дел од командната табла. Конфигурирајте го вашето возило, пристапете до мултимедијалниот систем, вашиот телефон, климатизација и навигација. За ваша безбедност, на располагање е и гласовно препознавање.

Citroën_Connected_dashboard_2880_2717

CITROËN CONNECT PLAY (преку Mirror Screen)

Со технологијата Mirror Screen, компатибилна со Apple CarPlay™ и Android Auto, поврзете го вашиот мобилен телефон и пресликајте сè од него на екранот во возилото.
Пронајдете ги сите компатибилни апликации и користете ги преку екранот на допир.

Citroën_Connected_mirrorscreen_2880_2717

CITROËN CONNECT NAV

Преку екранот на допир, управувајте со сите функции на Citroën Connect NAV. Навигацискиот систем поврзан со TomTom Traffic, ве информира за условите во сообраќајот во реално време, достапност и цени за паркирање на вашата рута. На располагање имате визуелно и звучно сигнализирање при наидување на опасни зони за време на вашето патување.

Citroën_Connected_connectnav_2880_1531