СТАНДАРД EURO 6.2

Европски стандарди за ниво на загадување "Euro" налагаат ниво на издувни честички кои не смее да се надмине. Овие граници постојано се намалуваат, и неодамна се фиксирани според стандардот Euro 6.2.
Како и претходните, оваа промена на дозволениот праг на емисија на NOx (азотни оксиди), CO (јаглерод моноксид ), микро честички и несогорени хидрокарбонати. Овој правилник не поставува граница на емисија на CO2.
Стандардот Euro 6.2 се применува од септември 2017 за новите типови на возила. За сите останати возила стапува на сила од септември 2018.

НОВИ МОТОРИ

ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА СТАНДАРИТЕ EURO 6.2

Photo1_555x318

Citroën навремено се прилагодува на новиот правилник : неговите модели се хомологирани и соодветствуваат на новиот правилник Euro 6.2.
Во делот на емисија на NOx, возила со мотори Euro 6.2 го почитуваат коефициентот на сообразност од 1,5 (измерен според RDE – Real Driving Emission) кој стапува на сила од јануари 2020.
Новата генерација на мотори PureTech и BlueHDi го рангираат чекор понапред Citroën во однос на новиот стандарад Euro 6 во 2020.

ПАРАЛЕЛНО СО

СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА СТАНДАРДОТ EURO 6.2

Photo2_308x176

Два протоколи за хомологација стануваат задолжителни од 1ви септември 2018 : WLTP (Worldwide harmonized Light Vehicle Test Procedure) и RDE (Real Driving Emissions).
Во рамки на стандардот Euro 6.2, се исполнуваат 3 различни цели :

 

– намалување на емисија на CO2, основен гас со ефект на стаклена градина главен виновник за климатски промени,
– Овозможува на клиентите да ја предвидат потрошувачката на гориво во реална употреба со помош на хомологирани податоци,
– Надополнување на вредностите од тестирањето во реални услови за некои загадни честички (пр. : NOx).

ЛЕКСИКОН

Стандард Euro
Европските стандарди за емисија, наречени Euro, се дел од правилникот на Европска Унија кои ги поставуваат максималните граници на емисија на загадување за возила во движење.
Стандардот Euro 6.2 е исто така наречен Euro 6.d-TEMP. Од јануари 2020, ќе го замени стандардот Euro 6.3, исто така наречен Euro 6.d или Euro 6.d full.

NOx, CO2, Честички, CO : Азотни оксиди, Јаглерод двооксид, Микро честички, Јаглерод моноксид
Прагот на емисијата на честички од моторите со внатрешно согорување е фиксиран во европскиот правилник.

WTLP : Хармонизирана светска процедура на изведување на тестови за патнички возила и лесни комерцијални возила (Worldwide harmonized Light vehicle Test Procedure)
WLTP е нов протокол за мерење на потрошувачката на гориво како и емисија на CO2 и други загадувачки супстанции во услови кои се најблизу до реалноста во споредба со стариот протокол NEDC. WLTP е задолжителна постапка за хомологација која ги засега сите производители на автомобили во Европа.

RDE : Емисија во реалсни услови на возење (Real Driving Emissions)
Хомологацијата RDE е нов уред воведен во Европа како надополнување на WLTP. За разлика од тестовите WLTP кои се извршуваат во простории за тестирање, тестовите RDE се извршуваат во реални услови на пат со модел автомобил. Во моментов, хомологацијата RDE опфаќа само емисија на NOx (дизел) и на честички (дизел и бензин).