ГОРИВА: НОВИ ИМИЊА И НОВИ СИМБОЛИ

На 12 -ти октомври 2018, имињата на горивата беа променети во 28 држави членки на Европска унија, како и во 7 соседни држави (Исланд, Македонија, Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Лихтенштајн).
Оваа европската хармонизација на имињата на горива е имплеметирана заради поедноставно користење на бензиските станици и избегнување грешки при полнење гориво во странство. Воведувањето на новите имиња е поврзано со новите симболи на пумпите за гориво на бензинските станици.
Дознајте повеќе за овие нови ознаки и нови имиња на горива.
НОВИ ЕТИКЕТИ
3 РАЗЛИЧНИ ФОРМИ, 3 РАЗЛИЧНИ БОИ
Посебен симбол со посебна боја ги означува различни типови на горива :
• Бензините се означени со круг и внатре е впишано името на секое гориво
• Нафтените горива се означени со квадрат
• Гасните горива се означени со ромб.
Бензинот е означен со ладни бои (тиркизна боја или зелена), нафтата со топли бои (жолта или портокалова) а гасот е со сина боја.
НОВИ ИМИЊА НА ГОРИВАТА
Новите имиња им овозможуваат на возачите полесно и поедноставно да го пронајдат горивото кое одговара на нивниот автомобил.
БЕНЗИНСКИ ГОРИВА
Доколку вашиот автомобил користи бензин како гориво, отсега името на ова гориво ќе започнува со буквата E, а потоа ќе следи број кој ќе одговара на максималното дозволено присуство на биогорива од типот на етанол.
Оттука, безоловниот 95 или 98 постанува E5 затоа што содржи до 5% биоетанол ; SP95 E10 постанува E10 , а супер етанолот се одбележува со новата ознака E85.
НАФТЕНИ ГОРИВА
Ако вашиот автомобил вози на дизел, името на горивото започнува со буквата B, на која се додава број што го означува максималното дозволено присутво на биогориво од растителни или животински масла.
На тој начин, стандардниот дизел, постанува B7, а новиот што може да содржи до 10 % биогорива го носи името B10. Синтетичкиот дизел ја носи ознаката XLT .
ГАСНИ ГОРИВА
Имињата на гасни горива се менуваат на следниот начин: водородот ја добива кратенката H2, а сите останати гасови ги носат англиските називи.
GPL постанува LPG, природниот гас под вакум CNG, а природнио течен гас LNG.
CITROËN И НОВИТЕ НАЗИВИ ЗА ГОРИВАТА
Ова ново означување ќе биде истакнато на сите бензински станици за полнење на гориво. Прогресивно ќе се внесува и во техничката документација на возилата и на капачињата за гориво на возилата на сите нови возила комерцијализирани во Европа.