Автоматски менувачи EAT6 и EAT8
За релаксирана контрола и максимално уживање

Менувач EAT6
Автоматскиот менувач EAT6 (Ефикасна автоматска трансмисија со 6 степени) со конвертор од последна генерација, овозможува уживање во возењето од највисоко ниво и тоа благодарение на флуидното и брзо менување на степени. Менувач кој гарантира удобност во употребата, суптилност и уживање во возењето, со што ќе го направи вашето патување уште попријатно. Овој менувач EAT6, конструиран за комфор при контролата и флуидност при промената на степените, има уште две дополнителни програми кои се поставени пред менувачот: програма « Sport », која гарантира стил на динамично возење, како и програма « Снег », за полесно стартување на автомобилот и зголемување на влечната сила при услови на недоволно прилепување со подлогата. Автоматски менувач кој истовремено е ефикасен и со високи перформанси!
Менувач EAT8
Најнова генерација на автоматски менувач EAT8, (Ефикасна автоматска трансмисија со 8 брзини), со команда Shift and Park by wire нуди дополнително повеќе ефикасност и релаксирано возење и тоа особено:
– Намалена потрошувачка на гориво до 7 % во споредба со EAT6 благодарение на двата дополнителни степени, подобрување на перформансите со проширување на системот Stop & Start до 20 km/h и намалување на масата и зголемување на компактноста (до 2 kg во споредба со EAT6)
– Комфор во употребата и уживање при премин на степени со оптимизирање на вртежниот момент помеѓу моторот и менувачот, 2 дополнителни степени за намалување на скок во режимите при секоја промена на степен.