Рекламирање
Настани
Политиката на комуникација на André Citroën е пред се спектакуларна. На отворањето на седмиот саем на автомобили во Париз во 1922, авион го испиша на небото името на Citroën со букви кои се протегаа 5 km.
Од 1925 до 1934 Citroën нуди грандиозно рекламирање со испишување на името на Ајфеловата Кула во светлосни букви на висина од 30 m (250000 сијалички и 600 km електрични кабли).
Сигнализација
Првата реклама за автомобил Citroën се појавува во 1919. Таа го најавува појавувањето на фамозното возило Type A… еден месец пред неговото производство. Bезвременски вкус на иновација и спектакуларен настан, се карактеристиките на начинот на комуникација на André Citroën.
Во потрага по слава André Citroën веднаш ја сфаќа корисноста на рекламирањето и затоа на сите патишта поставува сообраќајни знаци на кои било означено “”Донација од Citroën””.
Вкупно 150000 знаци ќе бидат поставени низ цела Франција… 150000 знаци кои личат на логото на марката : André Citroën сфати пред сите.”
Телевизија
Со 2CV во 1968, Citroën го запознава светот на рекламирањето на TV. Но дури во 1974, влезе во светот на телевизијата и се наметна на малиот екран со помош на агенцијата RSCG.
Citroën направи возилото Visa да прозбори со слоганот “”Visa, ќе ви ја промени фризурата””. Во 1985, со кампањата “”Дивите шеврони”” влегува во светот на спектаклите и Citroën се нурнува во авантуристички сценарија.
Со Xantia во 1993, Citroën воведува нов слоган: “”Не можете да замислите што се Citroën може да стори за вас””. Постојано се базира на креација, на реклама која се доближува до прозиводот, како на пример со филмот “”C4 Dancer”” во 2005 кој се здоби со планетарна слава.
Огласи
André Citroën придава примарно значење на рекламирањето. Во дваесеттите години Пјер Луис (дизајнер, фотограф, одговорен за рекламирање до 1934) прави прекрасни билборди и повикува талентирани дизајнери.
Во 1957 на сцената влегува Робер Делпире. Овој генијалец со зборови и слики создаде нов стил карактеристичен по својата екстра изработена естетика со нови и модерни тонови. Уметничка сценографија на 2CV и DS која користи авангардни техники и материјали.
Во 1981, по пристигнувањето на агенцијата RSCG (1974), шевроните се забавуваат на плакатите на Савињак. Накратко целата историја на Сitroën е одбележана со рекламните страници кои и ден го одбележуваат неговиот дух.