Комерцијални возила

КАМИОНИ

01_histoire_vehiculesutilitaires_camions_captureРаѓањето на Камион Citroën е запишано на октомври 1926 на име на B15 кој за првпат има корисна носивост од 1000 kg. Верзиите се зголемуваа во текот на триесеттите години со камионите C4 и C6, потоа со Тип 29, T32, T23 и T45.

Во педесеттите години, комерцијлната понуда ги задоволува целосно очекувањата на клиентите кои се во потрага по сигурност и издржливост. Од септември 1953, следат нови модели T45 постанува T55, потоа T46, T47, T48 и T60 во зависност од верзиите и моторите.
Во октомври 1965, гамата е целосно редизајнирана со новата ултрамодерната кабина Belphégor. По лансирање на новата гама со Berliet во 1969, Citroën престанува со производство на тешки товарни возила во 1973.

 

ФУРГОНИ

02_histoire_vehiculesutilitaires_fourgons_capture

Во 1939, Citroën започнува револуција со лесното комерцијално возило TUB. Ова едноделно мало камионче со погон на предни тркала, со нисок товарен праг и странична лизгачка врата ќе ги постави стандардите за модерно лесно комерецијално возило.

По војната, моделот Type H (лансиран во август 1948) ќе го примени искуството од својот претходник. Издржлив и силен, неговото производство ќе трае се до 14 декември 1981. Негов наследник е C35 (1974 – 1991), но и најновиот C25 лансиран во јануари 1974.
Jumper и Jumpy пристигнуваат на пазарот еден по друг, првиот во март 1994 а вториот во октомври 1995. Втората генерација на овие модели е комерцијализирана од јуни 2006 за првиот и од јануари 2007 за вториот.

МАЛИ КАМИОНЕТИ

03_histoire_vehiculesutilitaires_camionnettes_capture

Citroën отсекогаш нудел лесни комерцијани возила, започнувајќи од 10HP лансиран во 1919 кое и веќе беше едно комерцијално возило. Во текот на дваесетите и триесеттите се појавија : B2, 5HP, B12, B14, C4, C6, 8CV, 10CV и дури и Traction Avant (11CV) секој засебно одбележувајќи го својот успех.

По втората светска војна е лансиран 2CV Camionnette. Комерцијализиран во различни верзии од 1951 до 1978, е заманет со Acadiane. Овој модел е верзија на Dyane и е произведуван до 1987, но во меѓувреме е лансиран C15 во 1984.
Со забележителен успех, Berlingo ќе биде лансирано во 1996 а C15 ќе ја заврши својата кариера во 2006. Моментално, гамата на лесни комерцијални возила се состои од Nemo лансиран во 2007 и Berlingo втора генерација лансиран од 2008.