Идентитет

CREATIVE TECHNOLOGIE

01_histoire_identite_creativetechnologie_capture

На денот на раѓање на основачот, 5 февруари 2009 Citroën го воведе на новиот потпис на марката: Créative Technologie. Créative Technologie има за цел да го истакне целиот израз на Citroën и да ја означи својата територија која природно и законски му припаѓа.

Креативноста е длабоко втиснато во гените на Citroën. Технологијата е главен предизвик на автомобилските марки. Créative Technologie, е повеќе од техничко и научно истражување. Таа е пред се даваење на вистински одговори, понекогаш зачудувачки … за нови возила и нови услуги.
Повеќе од обичен потпис, Créative Technologie е израз на ветувањето на Citroën.

ANDRE CITROEN

02_histoire_identite_andrecitroen_capture

Роден на 5 февруари 1878, André Citroën се смета за една од најважните личности во автомобилската индустрија. Живееше во Париз, патуваше често во САД и за својата компанија имаше светски амбиции. Неговиот капацитет да гледа многу подалеку го објаснуваат неговиот талент.

На само 24 години ја создаде својата прва компанија, Engrenages Citroën, која по првата светка војна ја преиначи во фабрика за производство на автомобили. Негoвата фабрика постанува модел за продуктивност благодарение на методите на Ford донесени од Америка. Амбицијата на André Citroën е да го популаризира автомобилот, да го направи предмет кој ќе служи во секојдневието.
Умира на 3 јули 1935. Неговиот талент и генијалност и имаат оставено впечаток до ден денес.

DOUBLE CHEVRON LOGO

03_histoire_identite_logo_capture

Во 1900, за време на патувањето во Полска, André Citroënја открива формата на шевронот и гледа во оваа технологија можност да ја лансира својата индустриска кариера. Се одлучува да ја откупи лиценцата и да отпочне со производство и да создаде своја лична компанија, под наслов Société des Engrenages Citroën.

Во 1919, штом започнува со автомобилско производство, André Citroën се одлучува за амблемот на двојниот шеврон. Ова лого ќе претрпува промени во текот на годините но ќе ја задржи својата боја во жолто и сино до 1980 кога логото добива бела боја на црвена основа за поголема динамичност.
Од 2009, шевроните се ослободени од нивните рамки е се претставени тродимензионално.