100 ГОДИНИ CITROËN – ВИЗИОНЕРСКА И ЛЕГЕНДАРНА МАРКА

Légende ci-dessous
100 ГОДИНИ CITROËN – ВИЗИОНЕРСКА И ЛЕГЕНДАРНА МАРКА

Славењето 100 години Citroën, значи и славење на 100 години на марка која континуирано гледа во иднината на автомобилската индустрија, со понуда на иновативни решенија во линија со барањата на секоја ера. Оваа стогодишнина, исто така ќе биде и можност за марката да ја прикаже својата визија за иднината откривајќи 2 комплетно нови концепти:
• CONCEPT #1 (Февруари)
Ќе биде откриен во Февруари и изложен за својата светска премиера во Женева (Март), а овој прв концепт ќе ја интерпретира визијата на Citroën во однос на урбаната мобилност.Concept1• CONCEPT #2 (Мај)
Ќе биде откриен во Париз за неговата светска премиера во Мај, а овој концепт ќе ја отелотвори заложбата на Citroën за ултра-комфор.Concept2

 

100 ГОДИНИ ЛЕГЕНДАРНА МАРКА

Славењето на 100 години Citroën значи и прикажување на мараката инспирирана од луѓето, симбол на храброст, кративност и француски начин на живот низ светот, преку своите легендарни возила, нејзиниот единствен начин на комуникација и нејзините спортски анвантури. Толку многу елементи кои за 100 години го обликувале индивидуалниот идентитет на Citroën, а кои марката ќе ги нагласи по повод нејзината стогодишнина, со:
• НОВА ВЕРЗИЈА НА КАМПАЊАТА ЗА МАРКАТА
По првата епизода претставена во Март 2018, кампањата за марката Citroën има нова верзија по повод стогодишнината. Во неа, следиме автостопер кој патува низ различни ери во четири нови и оригинални видеа. Многу специфично, се појавуваат ликови кои се неразделни од историјата на марката: публицистот Jacques Séguéla во DS и Sébastien Loeb во неговата Xsara WRC.
• КОЛЕКЦИОНЕРСКА СЕРИЈА ‘ORIGINS’ (од Јануари)
Колекционерската серија ‘Origins’ е специјално издание на моделите од гамата развиено наменски за означување на стогодипнината на марката и ќе биде достапна на интернационално ниво. На македонскиот пазар ќе бидат достапни Citroën C3, C3 Aircross Compact SUV, новиот C4 Cactus и C-Elysée, додека на европскиот пазар и C1 и C4/Grand C4 SpaceTourer. Колекционерската серија ‘Origins’ особено се истакнува преку специфичниот избор на бои и материјали, со елементи во бронзена нијанса, кои го отсликуваат знакот ‘Origins since 1919’ кој ја краси каросеријата. Сите посочени модели се достапни за нарачка во Франција, со исклучок на C1 и C3 Aircross кои ќе бидат во продажба во втората половина од годината. На македоскиот пазар на пролет се очекуваат моделите C3, новиот C4 Cactus и C- Elysée, а подоцна и C3 Aircross SUV.
• ВИРТУЕЛЕН МУЗЕЈ ‘CITROËN ORIGINS’ ВО БОИТЕ НА СТОГОДИШНИНАТА
Страницата Citroën Origins (www.citroenorigins.com) е претставена во 2016 и редовно се надградува. Сега е достапна во повеќе од 40 земји на 23 јазици, во 2019 виртуелниот музеј на марката ќе им посака добредојде на не помалку од 5 нови модели кои ќе можат да се откријат во 3D технологија и со звук, со што колекцијата ќе достигне бројка од 79 возила. Во боите на стогодишнината, сајтот од јануари, ќе биде клучна точка за да останете информирани за распоредот на прославите. Дополнително, ќе бидат претставени и оригинални pop-up изложби, како и главни настани планирани за стогодишнината пренесени со слики и видеа.
• НОВИ ПРОИЗВОДИ И ИГРАЧКИ ОД CITROËN ДИЗАЈНИРАНИ ЗА СТОГОДИШНИНАТА ‘Мама, тато, Citroën’: ова се првите 3 збора кои André Citroën сакал децата да ги кажуваат кога во 1920-тите, претставил серија на играчки од  Citroën. Дотогаш невидена иницијатива со една цел: името на неговата марка да се слушне во домовите и од најмалите деца. Во тој дух, за стогодишнината ќе биде претеставена нова палета производи кои ги отсликуваат графичките кодови на Citroën од 1920: емајлирани чаши, карти и мемориски игри, дури 100% издание од Citroën на познатата игра MONOPOLY! Дополнително, марката ќе претстави и минијатури на стари модели кои никогаш претходно не биле достапни за продажба, како и различни колекционерски комплети со комбинации на возилата од минатото и денес.
Сите производи Citroën LifeStyle се достапни во онлајн продавницата : https://lifestyle.citroen.com
• ТРГОВСКАТА МРЕЖА ВО БОИТЕ НА СТОГОДИШНИНАТА
На сите четири страни од светот и самата продажна мрежа на Citroën ќе се придружи кон прославата на стогодишнината со специјален изглед како пред така и во самите изложбено-продажни центри, создаден за оваа прилика. Ознаки, знамиња, банери, тотеми и налепници се наменски создадени на тема на логото Citroën ‘Origins since 1919’. Во истиот дух, создадена е 3D скулптура ‘100 YEARS’. Амбиентот кој ќе се создаде во изложбено-продажните салони преку овие различни елементи совршено ќе ги прикажат моделите од специјалната колекционерска серија ‘Origins’. Исто така, низ цела година, во одредени салони ќе може да се видат и стари возила од историјата на марката.
• CITROËN RACING ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ СПОРТСКИ АВАНТУРИ
Од првото преминување на Sahara организирано од André Citroën на WRC Светскиот Рели Шампионат, Citroën континуирано го прикажува својот вкус секогаш да оди еден чекор понапред и за авантура. На овој начин, Citroën Racing ќе ја претстави стогодишнината преку ова светло, преку различни иницијативи: нов дизајн за C3 WRC во боите на стогодишнината ќе биде откриен на 12 Јануари на Меѓународниот саем за авто-спорт во Birmingham, мини-филм за историјата на Citroën во натпреварувањата ќе биде откриен на саемот Rétromobile во февруари, комплетно нова сезона на дигиталната серија ‘Little Big Racing’ во ретро издание ќе биде објавено по социјалните мрежи, итн.
• КОЛЕКЦИОНЕРСКА КНИГА ‘100 YEARS OF CITROËN ADVERTISING’ ОД JACQUES SÉGUÉLA
Citroën опстанал 100 години со напреден стил, но и бил предводник во однос на напредно информирање на луѓето (‘faire-savoir’). Додека неговите конкуренти ‘рекламирале производи’, André Citroën веќе добро и вистински генерирал ‘публицитет’: осветлувајќи ја Ајфеловата кула,  организирајќи трки,експедиции, правејќи сообраќајни знаци, играчки Citroën… Сите Дозволени беа сите средства за да се подобри репутацијата на неговата марка. Оваа култура на храбра комуникација оттогаш ќе остане  преплетена во гените на марката. Единствена сага која публицистот Jacques Séguéla, таткото на филмовите за марката инспирирани од настани во 1980-тите (‘дивите шеврони’, Visa GTi носачот на авиони Clémenceau,, AX на Големиот кинески ѕид, итн.) се враќаат во колекционерска книга. Оваа богато илустрирана и убава книга ќе биде издадена во  Франција, во Април, а  ќе биде достапна и на англиски и кинески јазик.

СВЕТ ИНСПИРИРАН ОД CITROËN’
Стогодишнината, исто така ќе биде и можност за Citroën да им даде слобода на познатите интернационални фотографи, во чест на 100-те години да направат 100 нови фотографии. Овие оригинални уметнички фотографии ќе се снимаат во светските метрополи (Париз, Рим, Амстердам, Њујорк, Буенос Аирес, Тунис, Токио) и ќе ја илустрираат аурата на марката на четири страни од светот, поврзувајќи го притоа минатото со сегашноста и иднината. Овие 100 фотографии освен што ќе бидат објавувани на социјалните мрежи, ќе бидат и предмет на отворена изложба во Париз во Јули и Август 2019. Исто така, ќе бидат комплетно објавени и во специјално XXL издание на познатиот магазин IDEAT.