100 ГОДИНИ CITROËN – МАРКА ‘ИНСПИРИРАНА ОД ВАС’

Légende ci-dessous
100 ГОДИНИ CITROËN – МАРКА ‘ИНСПИРИРАНА ОД ВАС’

Прославата во чест на 100 години Citroën значи славење на 100 години на марка која од секогаш била инспирирана од од луѓето и нивниот начин на живот. Тоа значи нагласување на 100 години постоење на инспиративна марка низ светот и за сите генерации, преку настани кои вистински обединуваат и се фокусирани кон луѓето:

Aff-Retromobile 2019-A4-FR

• RETROMOBILE 2019 (6-10.02.2019 Paris Expo Porte de Versailles)
За ова шоу кое е задолжително за љубителите на автомобилската историја, Citroën подготви исклучителен пакет заедно со специјален штанд по повод стогодишнината од 1,200 m2 каде ќе бидат претставени 30 легендарни модели организирани во 3 групи и тоа 10 претставници на веќе произведени клучни возила, 10 возила концепти и 10 тркачки возила.
Специјален колекционерски каталог кој ќе ја раскаже приказната за овие 30 претставени модели.
• CITROËN ‘ORIGINS’ RENT&SMILE (во Април, во Париз)
Претставена кон крајот на 2016, услугата за краткорочно изнајмување возила кое овозможува изнајмување Citroën возило од Citroën, т.н. Citroën Rent&Smile, исто така има посебно издание. Како дополнување на понудата на постоечките модели ќе бидат достапни и историски возила Citroën! Оваа нова иницијатива на марката ќе биде првично понудена на клиентите во Париз за време на месец Април. Возилата ќе може да се изберат и резервираат преку web страница (https://fr-rentandsmile.citroen.com), едноставно како и за тековните модели. Единствена можност секој да искуси возење на стар Citroën!
• ОД ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА НА ДРУГА’ (од Мај, на социјалните мрежи)
Фамилии, бизниси и прдавачи од целиот свет, лојални на Citroën со генерации, ќе сведочат со видео за нивната единствена приврзаност кон марката. Објавени на социјалните мрежи овие видеа ќе ја нагласат пасијата предизвикана од Citroën на четири страни на светот.
PROGRAMME_ENG

•‘STREET BURST DAY’ (средина на Јуни, на скришно место…)
Поради фактот што првиот Citroën во историјата (Type A) бил претставен во Париз во Јуни 1919, марката го избра токму овој месец да организира  досега невиден јубилеен настан: ‘Street Burst Day’. Фонетски поврзана со зборот  ‘Birthday’ (Роденден), иницијативата ќе се одржи за прв пат во светот така што марката ќе зафати цела улица за време на ноќта за да паркира 100 возила Citroën, кои ќе претставуваат 100 години од создавањето на марката: модели од колекционери и од конзерваториумот на марката, но исто така и концептуални возила … Договорено е: загарантирано изненадување за минувачите, кои ќе имаат можност да уживаат во оваа исклучителна изложба отворена за сите. За оние кои нема да имаат можност да присуствуваат, настанот ќе биде споделен на социјалните мрежи.
•‘ПРИКАЗНИ ЗА CITROËN’ (од Јули, на социјалните мрежи):
На меѓународното патување низ седум земји на новиот C5 Aircross SUV, тргна и новинар за да запознае “Citroën-џии” во срцето и сопственици на легендарните модели. Тоа беше шанса за нив да ја споделат нивата сопствена историја и поврзаност со марката како и да раскажат единствена приказна за нивниот Citroën. Видеата со овие приказни ќе бидат споделени на социјалните медиуми.
•‘LE RASSEMBLEMENT DU SIÈCLE’ (19-21.07. , la Ferté-Vidame- Eure-et-Loir):
Клучната кулминација на прославата по повод стогодишнината, на иницијатива на колекционерите на оваа марка (Amicale Citroën & DS France) во соработка со l’Aventure Peugeot Citroën DS, ‘Le Rassemblement du Siècle’, е собирот на колекционери ќе ја преземе легендарната тест патека во la Ferté-Vidame (историско тајно место на марката каде, особено моделот 2CV бил развиван). Овој интернационален собир ветува дека ќе биде од историско значење на повеќе начини, освен што повеќе од 11,000 колекционери ќе дојдат заедно на исто место, ќе бидат изложени речиси 5,000 возила и се очекуваат и до 50,000 посетители на местото овие три дена. Citroën како активен поддржувач на настанот, исто така се вклучува во плановите, особено преку специјална изложба.
Повеќе информации на https://citroencc.com