Origins колекционерска серија
100 ГОДИНИ ХРАБРОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

За да го означи почетокот на годината кога ја слави стогодишнината, марката Citroën претставува ексклузивна колекционерска серија од 6 модели во гамата: C1, C3, C3 Aircross Compact SUV, C4 Cactus, C-Elysée и C4/Grand C4 SpaceTourer. Специјалните верзии ќе бидат претставени во првата во првата половина од 2019, во чест на 100-те години креативност и храброст.
100 ГОДИНИ КОМФОР
КОМПЛЕТНО НОВА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Секој модел ќе биде достапен во различни, стилски и едноставни бои на каросерија: Бела, Сива и Црна.
Веднаш препознатлива, колекционерската серија има карактеристична “Origins” персонализација на надворешноста, со дизајнерски компоненти во Бронзена нијанса.
СПЕЦИЈАЛНА ДИЗАЈНЕРСКА ШЕМА ORIGINS
Хармоничната шема се истакнува со: тапацир Chiné Сив штоф со опшивка во Златна боја и знак “Origins” (кај C3, C3 Aircross Compact SUV и C4 Cactus), декоративна лента на командната табла Mistral TEP со опшивка во Златна боја (кај C3) и специјални заштитни патосници напред и назад.
ПОЗДРАВ КОН ИСТОРИЈАТА
Колекционерската серија “Origins” се претставува во чест на стогодишнината на храбрата и визионерска марка следејќи ги главните успеси и клучните теми од сопстевената историја, од 1919 до денес.
Марката повлече паралела со фотографии помеѓу секој нов модел од колекционерската серија и карактеристично возило од историјата на Citroën со кое има заедничка точка.
CITROËN C1 ORIGINS И 2 CV –
100 ГОДИНИ АГИЛНОСТ
Citroën C1 Origins
Citroën C1 е инспириран од клиентите и нивниот животен стил со цел да го олесни нивното секојдневие. Агилен и практичен, се провлекува низ тесните места во градот, благодарение на компактните димензии и импресивното управување.
La 2 CV
“Многу мало возило” или “чадор на четири тркала” способно да “транспортира корпа со јајца преку поле без ниту едно да се скрши”. Ова беа спецификациите поставени во 1936 пред дефинитивниот модел да биде откриен на Парискиот саем за автомобили во 1948.
CITROËN C3 ORIGINS И TRACTION AVANT –
100 ГОДИНИ ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Citroën C3 Origins
Разновиден и колорен, Citroën C3 се истакнува со својот единствен стил на каросеријата, ненадмината удобност и технологии кои ја подобруваат секојдневната употреба. Исто така привлекува и поради неговиот потенцијал за персонализација, со 36 можни комбинации на надворешноста.
Traction Avant
Назад во 1930, возачите веќе можеле да ги персонализираат “pilot” тркалата кај нивниот Traction Avant во црвена, жолта или зелена боја.
CITROËN C4 CACTUS И GS –
100 ГОДИНИ КОМФОР
Citroën C4 Cactus
C4 Cactus ја отелотворува програмата Citroën Advanced Comfort®. Тоа е првиот модел во Европа кој е опремен со потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња® и седишта Advanced Comfort, со што ефектот при возење како “лебдење над подлогата” е донесен на највисоко можно ниво.
GS
GS беше првиот автомобил кој овозможи достапност за широка употреба на хидропневматското потпирање. Модерен со својот изглед и паметен со неговата нагласена технологија, GS ја доби наградата за Автомобил на годината во 1971.
CITROËN C3 AIRCROSS COMPACT SUV И HALF-TRACK –
100 ГОДИНИ АВАНТУРА
Citroën C3 Aircross SUV Origins
Поради карактеристичниот стил на каросеријата, погоден е за секаде, со моќен и свеж став, C3 Aircross им нуди на љубителите на авантура ново искуство преку неговиот карактер на SUV и технологија Grip Control која овозможува прилагодување на влечната сила во зависност од подлогата и условите на патот.
Autochenille
Авантуристичкиот дух на C3 Aircross е суштински за гените на марката. Во 1922, Citroën B2 Half-Track Model K1, бил еден од првите 5 моторни возила во историјата кое ја преминало Sahara во должина од 3500km.
CITROËN C-ELYSÉE ORIGINS И TRACTION AVANT – 100 ГОДИНИ ЛИМУЗИНИ
Citroën C-Elysée
Citroën C-Elysée е познат по својата удобност и просторност. Комплетно во склад во однос на стилот и опременоста, се истакнува како привлечен избор во гамата на Citroën за клиенти кои бараат модерен седан со троделна каросерија, прифатлив за буџетот .
Traction Avant
Враќајќи се во времето, Citroën создал и други лимузини со троделна каросерија пред C-Elysée. На пример, Traction Avant, има заден багажник кој го удвојува капацитетот на багажниот простор. А пред тоа дојде Rosalie, возило кое совршено ги исполни очекувањата на возачите за благосостојба.
CITROËN C4/GRAND C4 SPACETOURER ORIGINS И C4F –
100 ГОДИНИ СЕМЕЈНИ ПАТУВАЊА
Citroën C4/Grand C4 SpaceTourer Origins
Citroën C4 SpaceTourer и Citroën Grand C4 SpaceTourer симболизираат генијалност и авантура. Тоа се весели возила способни да транспортираат 5 до 7 луѓе во единствен комфор и нагласен стил, како и мотори и технологија од последна генерација.
C4F
Кон крајот на 1920, Citroën C4 F прикажува исклучителна практичност. Одлично семејно возило, кое понуди 5 седишта и подвижна задна клупа, како и отворање на задната врата со преклопување.
CITROËN ORIGINS
ИНТЕРАКТИВЕН МУЗЕЈ НА МАРКАТА
Дали сте подготвени за патување низ времето?
Со Citroën Origins, откријте поглед под 360° кон надворешноста и внатрешноста на повеќе од 50 легендарни модели кои направија Citroën да биде легендарна марка. Од стари, историски возила, како Citroën Type A, до оние кои денес стојат зад силата на марката, како што се нашите тркачки возила и концептуалните возила, погледнете ги сите легендарни возила кои ја испишаа историјата на Citroën и ја осветлија иднина на оваа марка.