Numéro 9

Филозофија

01_Philosophies

Numéro 9, нова визија на високата гама, сублимат на ДНК на моделите од линијата DS. Уметничка креација, оригинален и препознатлив стил со силни имагинарни емоции, исклучителна елеганција и ниво на опременост.

Сензациите предизвикани од возењето на Numéro 9 се неповторливи а пеформансите се прилагодени на секојдневна употреба.

Со своите линии на « shooting brake », Numéro 9 е високо харизматичка понуда.

Дизајн

02_DesignСо модерни детали, Numéro 9 е инкарнација на елеганцијата на линијата DS на најрафинираниот начин. Дизајниран во Париз, центарот на модата во кој се отвора ново стилистичко поглавје на светот на DS.

Numéro 9 нуди флотантен покрив, акцентиран со хромиран потпис на кој дискретно се појавува филигранот на DS, а страничните светла се поврзуваат со задното стакло.

Според изразот на боите и употребата на материјали, Numéro 9 се претставува како мистериозно и софистицирано возило.

Технологии

03_Technologies

Сoncept car Numéro 9 е спој на технологии кои нудат исклучителни перформанси во смисла на комфор и сигурност но истовремено се и високо еколошки а на патниците им гарантираат силни а истовремено и суптилни сензации во возењето. Креативните технологии идеално ја отцртуваат целата умешност и знаење на марката.

Концепт возилото Numéro 9 претставува хибрид во комбинација со термички мотор, бензин или дизел, и електричен мотор поставен на задното подвозје. Овој мотор се напојува со батерии lithium-ion, и развива моќност од 70 КС и вртежен мометн од 200 Nm и се наполнува во домашни услови за само 3 h 30.

 

Животна средина

04_EnvironnementСо хибрид технологијата plug-in, Numéro 9 допринесува за заштита на животната средина. При урбана употреба, со начинот ZEV (Zero Emission Vehicle) овозможува електрична примена на возилото со автономија од 50 km, или пак при потреба од чести забрзувања хибридниот погон ја превзема одговорноста за да се ограничи потрошувачката и да се употребат и двете енергии. На автопат пак, термичкиот моторо гарантира реални перформанси. Со оваа технологија Numéro 9 остварува перформанси од 295 КС, без воопшто да влијае на потрошувачката (1,7 l/100 km и 39 g/km CO2).