Нов Citroën C5 Aircross SUV Hybrid Concept

Légende ci-dessous
Нов Citroën C5 Aircross SUV Hybrid Concept

 ПРВО ВОЗИЛО PLUG-IN HYBRID ОД CITROËN

Новиот C5 Aircross SUV Hybrid Concept ја најавува верзијата Plug-in-Hybrid на новиот C5 Airross SUV кој ќе биде комерцијализиран во 2020. Првиот модел Plug-in-Hybrid од Citroën, е првото ремек дело на офанзивата наречена “Low Emission Vehicle” која ќе биде дел од новата понуда LEV на годишно ниво од почетокот на 2020. Новиот C5 Aircross SUV Hybrid Concept е наменет за клиенти кои посакуваат автомобил “две во едно”, за да можат да го користат електричниот мотор на возилото (ZEV) во град, на кратки растојанија и мотор со внатрешно согорување за долги патувања.

Напредната технологија PHEV (Plug-in-Hybrid Electric vehicle) од високата гама на новиот C5 Aircross SUV Hybrid Concept нуди нова димензија на програмата Citroën Advanced Comfort®, со уште попрецизно и бесшумно возење со електричниот мотор ZEV, нова дефиниција на мобилност и уживање во возењето со мотор со внатрешно согорување како и новиот автоматски осумстепен електричен менувач EAT8.

РЕЛАКСИРАНА И ЕФИКАСНА МОБИЛНОСТ СО НОВА ДИМЕНЗИЈА

Mobilite_18.045.001_597X550.295823

Новиот C5 Aircross SUV Hybrid Concept овозможува возење со електричниот мотор, целосно изолиран од надворешниот свет, како во заштитна капсула: сите нерамнини се филтрирани и сите патници се чувтвуваат безбедно во заштитниот меур.

Со употреба на хибридниот начин на возење нема емисија на C02, а може да се изминат до 50 km во режим ZEV, сосема доволно за секојдневите потреби и тоа со брзина до 135 km/h. Најдоброто од овие два света ви е понудено вам : одлично изминато растојание при кратки секојдневнио патувања и вклучување на моторот за внатрешно согорување за далечни и релаксирани патувања.

Новоит C5 Aircross SUV го има на располагање моторот со внатрешно согорување PureTech 180 (€6.3) и електричниот мотор од 80 kW, како и автоматскиот осумстепен менувач EAT8, кој гарантира оптимален премин на степени и со додаден нов режим “Brake” при намалување на брзината на возилото без потреба од притиснување на сопирачката.

ЛЕСНА УПОТРЕБА

IHM_18.045.004_597X500.295776

Преминот од електричен во мотор со внатрешно согорување и обратно се врши автоматски, но и вие можете да го изберете помеѓу : ZEV, Hybrid или Sport.

Новиот C5 Aircross SUV Hybrid Concept нуди IHM со лесна употреба : специјална презентација на дигитален дисплеј (мерач на моќност, индикатор за електрична струја и бензин, автономија при електричен начин и при термички начин, дијаграм за проток на енергија, време на наполнување, време за комплетно наполнување, автономија, …). На таблетот на допир на располагање се и информации специфични за хибридизацијата (дијаграм за проток на енергија, статистика за потрошувачката, Eco coaching…). Навигацијата 3D Citroën Connect Nav локализира места за наполнување на електричниот мотор. Апликацијата MyCitroën овозможува програмирање на наполнување, започнување и завршување како и состојбата на наполнетост на акумулаторот.
Времето на наполнување и исто така оптимизирано на класичен приклучок за една ноќ, а на Wall box 32 A (да си го купите или изнајмите), за 2 часа. Наполнувањето е многу едноставно благодарение на ергонимичниот пристап и каблите за наполнување .

Citroën го претставува новиот C5 Aircross Hybrid Concept SUV

Annonciateur_18.045.003_597X500.295775-1024x575

Запознајте го новиот SUV Citroën C5 Aircross! Најудобниот и најприлагодливиот SUV во својот сегмент, носител на програмата  Citroën Advanced Comfort ®, со потпирање со хидраулични прогресивни перничиња ® и 3 сосема независни седишта назад, кои одделно се лизгаат и преклопуваат, како и зафатнина на багажен простор Best in Class.