Citroën Oli [all-ë]

Нов слоган на Citroën
#NothingMovesUsLikeCitroën
Достапност, благосостојба, смелост
Откријте ги заложбите на Citroën
Citroën Oli [all-ë]
Електричен на вистинскиот начин
Дизајнирањето на електрични автомобили е добар потег. Но за нас, тоа не е доволно.
Нашиот концепт автомобил Citroën Oli [all-ë] е направен да биде колку што е возможно полесен за да потроши што е можно помалку електрична енергија, додека гарантира опсег од 400 km. Дизајниран е со рециклирани делови кои се рециклираат за да го продолжи својот животен век. Па, дали сме сите тука?
ПОМАЛКУ ТЕЖИНА = ПОМАЛКУ ЕНЕРГИЈА
Го дизајниравме Citroën Oli [all-ë] за да може да биде што е можно полесен.
Кров
Кровот и капакот над моторот се направени од картон со структура на саќе со мала тежина, но кој е поцврст од челик.
Седишта
Седиштата се направени само од 3 дела со екстремно лесни материјали.
Командна табла
Наменски прочистена и функционална командна табла.
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НЕПОТРЕБНОТО
Citroën Oli [all-ë] се придружува кон одржување на основните карактеристи без да се наруши вашиот комфор.
Климатизација
Поедноставна климатизација за намалување на потрошувачката на енергија: аголот од 90° на ветробранското стакло и стаклата под агол природно ги одбиваат сончевите зраци за да ја оптимизираат температурата во патничката кабина.
Интуитивна технологија
Смартфонот и преносните звучници на возачот се сè што е потребно и може да се интегрира директно на командната табла.
СВЕТЛА ИДНИНА ПРЕД НАС
Citroën Oli [all-ë] е дизајниран со рециклирани делови кои може да се рециклираат, едноставни за поправање и замена, со што се продолжува животниот век.
Идентични и заменливи резервни делови за ограничување на трошоците и употреба на суровини: предни врати и прозорци, браници и контури на тркалата. Овие делови одговараат и за левата и за десната страна на возилото. И обратно.
Мисијата на Citroën Oli [all-ë] е да ја инспирира иднината на достапна, одржлива семејна мобилност во која се ужива
Многу повеќе од автомобил, овој концептуален автомобил е сестран придружник и додава добра доза на забава во секојдневниот живот, корисен без разлика дали го возите или не.
ДОСТАПНОСТ, БЛАГОСОСТОЈБА, СМЕЛОСТ
Nothing Moves Us Like Citroën
Храбар исчекор за иднината на Citroën
За Citroën, замислувањето на свет каде личната мобилност е достапна за сите е веќе воспоставена идеја. Овој манифест е во форма на изненадувачко концепт возило полно со паметни идеи за да ги размрда работите. Патоказ за оптимистична и функционална електрична мобилност, за подобрување на секојдневието на сите во блиска иднина.
AMI
Ami ги прави работите поинаку
Особено иновативен, Ami се обврзува да ја направи електричната мобилност достапна за сите. Ami ја стимулира креативноста на марката да го замисли Oli кој се противставува на актуелниот тренд во индустријата за правење на дури и потешки, посложени и поскапи електрични возила.