Citroën AMI ONE CONCEPT

Citroën го открива AMI ONE CONCEPT на саемот за автомобили во Женева 2019.
РОДЕН КАКО CITROËN
Од 1919, историјата на Citroën секогаш се одразувала со неконформистички и револуционерни возила кои станаа легендарни. На автомобилскиот саем во Женева – 2019 Geneva Motor Show, Citroën го открива приодот кон урбаната мобилност, која има намера да ја направи достапна за сите.
Citroën Ami One Concept е пристапот на Citroën кон слободата во градот: #LibertyElectriCityMobility! Ги комбинира сите предности на 100% електрична технологија со нагласен и колоритен дизајн, како и комплетна леснотија при употребата и достигнува највисоки оценки за комфор и практичност. Достапен без дозвола, Ami One Concept одговара на сите видови употреби “à la carte”, од секојдневно користење до рент-а-кар агенции. Така, како и 2 CV во своето време, AMI ONE CONCEPT споделува слобода на движење за сите и го носи во себе сиот потенцијал на урбана и популарна икона.
ЕДИНСТВЕН
AMI ONE CONCEPT се наметнува со шасија во форма на коцка и ултра-компактни димензии (2.50 m должина, 1.50 m ширина и 1.50 m висина), со што дава впечаток на робусност, агилност и извонредна подвижност. Создаден за градот, исто така има и заштита на четирите агли од каросеријата. Клучни стилски карактеристики, овие Airbumps® внесуваат допир воспецифична боја Out of the Blue. Модерен, Ami One Concept има изразен преден дел дотеран со елегантен светлосен потпис во форма на буквата Y кој потсетува на оној кај CXexperience concept.
Дневните светла и трепкачите додаваат допир на финост со нивната лебдечка структура. Clockwork Портокаловата боја на каросерија и 2D лого во центарот на лакираната црна површина го оживуваат погледот на возилото.
Дневните светла и трепкачите додаваат допир на финост со нивната лебдечка структура. Clockwork Портокаловата боја на каросерија и 2D лого во центарот на лакираната црна површина го оживуваат погледот на возилото. Опремен за градот, AMI ONE CONCEPT исто така има и заштита на четирите агли од каросеријата. Клучни стилски карактеристики, овие Airbumps® сочинуваат допири во боја Out of the Blue.
ИНТЕЛИГЕНТЕН
Ami One Concept има интелигентен дизајн со симетрични делови, вклучувајќи идентични врати на десната и левата страна со обратно поставени механизми за отворање (на задните шарки на страната на возачот) и истите компоненти на предниот и задниот крај, пониските штитници, страничните крила и браници.
Исто така има и задни десни/ леви светла кои се подесуваат, додека четирите дела,кои ги опфаќаат ретровизорите и рачките на вратите, вклучуваат различни насоки на склопување.
Уште една посебна карактеристика конфигурацијата на отворен кров. Кровт кој рачно се отвора е од Anthracite Сиво платно. Капакот се лизга и превиткува со едно движење.
БЕЗ ДОЗВОЛА
Ami One Concept нуди слобода во употребата и им се обраќа на урбаните клиентите со или без возачка дозвола. Достапен е за сите од возраст 16 години (14 во Франција). Citroën го креираше Ami One Concept како алтернатива за јавен транспорт и други индивидуални значења на транспортот (со две тркала).
100% ЕЛЕКТРИЧЕН
Ami One Concept е 100% електричен, заради почитување на околината и намалување на трошоците за употреба. Достигнува брзина до 45 km/h без емисија на CO2. Има опсег од 100 km, совршен за градско возење. Приклучен на јавна станица за полнење или Wallbox, Ami One Concept се полни лесно за два часа преку електричен кабел.
Тивок, Ami One Concept, e исто така и безбеден за околината благодарение на препознатливиот звучен потпис. Според европската регулатива објавена на 1 јануари 2019, сите електрични возила мора да емитуваат вештачки звук за да ги предупредат пешаците за нивното приближување.
ДИГИТАЛЕН
Ami One Concept е 100% поврзан објект во кој паметниот телефон го зазема централното место во комуникацијата човек-машина. Клиентите пристапуваат во AMI ONE CONCEPT со употреба на нивните паметни телефони. Вратите се отклучуваат и заклучуваат преку QR код на алуминиумската основа на рачките од вратите. Со помош на слушалките поставени на посебно место, дијалогот помеѓу AMI ONE CONCEPT и возачот може да започне. Избраната апликација e приажана во форма на меур, се проектира на полето на видливост на возачот со помош на head-up display систем. Возачите можат да пристапат до нивниот личен простор и гамата на услуги преку нивниот паметен телефон. AMI ONE CONCEPT има две копчиња на воланот: гласовна команда за повикување на асистент и паѓачко мени на апликацијата.
На десно од Drive POD површината, во цилиндер е сместено копчето за старт и автоматски менувач.
НОВИ РЕЖИМИ ЗА ПОТРОШУВАЧКА
Ami One Concept е поврзан објект кој ги презема работите подалеку со предлагање на нови режими за потрошувачка. Со посебна апликацијата, клиентите кои ќе изберат од неколкуте опции за позајмување на автомобили со портал за услуги за коресподенција (полнење, пребарување паркинг места, итн.). Така се опслужуваат сите потреби на клиентите при патување соодветно на различниот начин на употреба (единечно или континуирано). Со оваа апликација, клиентите може да уживваат во AMI ONE CONCEPT и да го подесат периодт на употреба во секое време, без обврска и со сѐ вклучено.
Приспособливи за одговорат на сите лични потреби за мобилност, како и понуди за изнајмување, вклучувајќи и изнајмување на 5 минути или 5 часа (преку Free2Move), пет дена (Citroën Rent&Smile), пет месеци (краткорочно), и пет години со лизинг опција (долгорочно).
ПРАКТИЧЕН
Кабината е доволно пространа со нагласена функционалност. Возачкото седиште (на шини) и совозачкото седипте (фиксирано) се поставени асиметрично за поголем простор и леснотија на движењето. Местата за складирање се генијално дизајнирани, со што се користи секој агол од кабината.
На страната на совозачот, AMI ONE CONCEPT има место за складирање со големина за кабинска торба или чанта. Назад има платформа, создадена специјално за AMI ONE CONCEPT од Damien Beal, достапна со преклопување на на возачкото седиште и може да се употребува за повремен багаж.
РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ
Рекламниот материјал дизајниран за AMI ONE CONCEPT ги дели истите ветувања и истите бои:
– # RUN (трчај): ветровка создадена во соработка со француската марка, Back to Alaska
– # LISTEN (слушај): 5W Bluetooth пренослив звучник
– # DRIVE (вози): привезок со иста форма и материјал како и рачките од вратите
– # PLUG: кабел за полнење ging cable compatible with iOS and Android
– # CARE: силиконскa футрола за смартфон развиена во соработка со марката Bone
– # CHARGE (полни): соларна оригами минијатура создадена во соработка со француската компанија Litogami
– # PLAY (играј): метална колекционерска минијатура со размер 1:43