C4 CACTUS AIRFLOW 2L

Légende ci-dessous
C4 CACTUS AIRFLOW 2L

Потрошувачката на гориво е една од најважните преокупации на клиентите. Верна на својата ДНК, CITROËN ја исправа креативноста и технологијата пред нов предизвик и на Саемот во Париз го претставува своето концепт возило C4 Cactus AIRFLOW 2L.

Вистинска лабораторија на идеи, концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L е концентрат на технологија и умешност кои ја изразуваат желбата и способноста на CITROËN за иновативни автомобили кои ќе ги задоволат предизвиците и потребите на сегашноста и иднината.
Со концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L, CITROËN нуди возило со потрошувачка на гориво од само 2l/100 km и тоа благодарение на:
• оптимизирање на дизајнот и подобрување на аеродинамичноста за 20%,
• намалување на отпорот на тркалање (пневматици Tall&Narrow)
• вградување на полесни делови и намалување на вкупната маса на возилото за 100 kg
• воведување на технологијата Hybrid Air која гарантира заштеда во потрошувачката до 30%.

Генеза на концепт C4 Cactus AIRFLOW 2L
Проектот C4 Cactus AIRFLOW 2L е воден во рамки на програмата « Возило 2l/100 km » чија цел е пронаоѓање конкретни решенија за намалување на трошоците за употреба и влијанието врз животната средина со користење на овој автомобил.

Концептот CITROËN C4 Cactus AIRFLOW 2L
Елегантен и мазен дизајн, применета технологија за намалување на масата и вградување на ефикасни мотори: серискиот модел CITROËN C4 Cactus веќе поседува сериозни перформанси за намалување на потрошувачката.

Со концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L, CITROËN оди еден чекор понатаму:

1. Оптимизиран облик за подобра аеродинамичност

Оргиналниот дизајн на CITROËN C4 Cactus е спој на естетска убавина и функционалност со флуидни линии и графички елементи за истакнување на практичноста (заштита со Airbumps и премини на тркалата, транспорт на предмети на носачите на кров, светлина со големиот застаклен панорамски покрив).
За подобрување на аеродинамичноста на концептот во споредба со серискиот модел додадени се следните стилски елементи:

• Стилски елементи со варијабилна геометрија:

o Нов браник напред со три управувани отвори за воздух кои гарантираат истовремено ладење на моторот и проток на воздух.
o Подвижни странични спојлери зад задното фиксно стакло за контролирање на протокот на воздух околу возилото

• Стилски елементи со фиксна геометрија:

o Пневматиците на ова возило го носат називот Tall&Narrow 19’’. Овие пневматици се тесни а со голем дијаметар за подобра енергетската продуктивност.
o Воздушна завеса « Air Curtain » е вградена во премините на тркалата за канализирање на протокот на воздух долж тркалата.
o Класичните ретровизори се заменети со ретро-камери со што се намалува влијанието на протокот на воздух.
o LED светла напред и назад ги заменуваат постоечките. На овој начин се намалува електричната потрошувачка и се заштедува енергија и гориво.

Аеродинамичните елементи се во портокалова боја за да го истакнат технолошкиот аспект и карактер на концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L.

2. Иновативни материјали за намалување на масата на возилото.

200 kg помалку кај серискиот C4 Cactus во споредба со масата на CITROËN C4, на кои се надоврзува концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L, со дополнително намалување на тежината од 100 kg.
Долниот дел од каросеријата на концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L е изработен од нови материјали од типот на алуминиум, челик со високи степен на еластичност и композитни материјали.

Лесни материјали со високи перформанси се вградени во концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L:
• Композитни материјали на база на карбон се вградени во пружините на потпирањето, на стаклото назад, на задната клупа, на страните на возилото, на премините на плафонот, на крилата на возилото и на вратите.
• Алуминиумот е употребен за носачот на моторот. Капакот на моторот е исто така изработен од алуминиум како и кај серискиот C4 Cactus.

И затоа што секој грам е важен, CITROËN се одлучи да употреби:
• Нов процес на изработка на системот на издув на гасови за намалување на масата,
• Проѕирен поликарбонат за панорамскиот покрив. Материјал кој е навистина полесен од повеќеслојното стакло а ги има истите карактеристики за термичка изолација и заштита од ултравиолетови зраци,
• Карбонатни влакна на Airbump® за намалување на масата на возилото но задржување на техничките карактеристики.
3. Технологија Hybrid Air, за значително намалување на потрошувачката

Благодарение на вградените мотори од најнова генерација со мала работна зафатнина според еко стандардите Euro 6, серискиот CITROËN C4 Cactus се карактеризира со најниска потрошувачка во сегментот од само 3,1 l/100 km а емисија на CO2 од 82g/км.
Концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L ги надминува овие граници со технологијата Hybrid Air. Оваа технологија комбинира повеќе проверени подсистеми и технологии: бензински мотор со 3 цилиндри PureTech, систем за складирање на компримиран воздух , хидраулична пумпа/мотор и автоматска трансмисија со епицикличен пренос.

На располагање се 3 начини на функционирање:
• На воздух (нула емисија) кога моторот на компримиран воздух го заменува термичкиот
• На бензин, кога термичкиот е во функција
• Комбиниран начин кој ја кумулира моќноста на термичкиот мотор и на моторот на компримиран воздух

Кај концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L, двата резервоари за компримиран воздух се од композитни материјали и се поставени во задниот дел од возилото.
Спојот на бензинскиот мотор PureTech 82 со технологијата Hybrid Air кај концептот C4 Cactus AIRFLOW 2L гарантира намалување на потрошувачка до 30 % и може да ја достигне бројката од 2 l/100 km со што им се доближува на динамичните перформанси на PureTech 110.
Оваа потрошувачка е резултат на:
• оптимизирање на дизајнот и подобрување на аеродинамичноста за 20%,
• намалување на отпорот на тркалање (пневматици Tall&Narrow),
• намалување на глобалната маса на возилото за 100 kg,
• технологија Hybrid Air која доведува до намалување на потрошувачката до 30%.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :
Маса на празно : 865 kg
Должина : 4156 mm
Ширина : 1729 mm
Висина : 1487 mm
Технологија Hybrid Air со мотор PureTech 82 S&S
Пневматици : Michelin 155/70/R19