C-AIRCROSS CONCEPT

Légende ci-dessous
C-AIRCROSS CONCEPT

Денес Citroën го претставува C-Aircross Concept, концепт возило со истакнат идентитет кој нуди поинаква визија на компактните SUV возила.
Оригиналниот дизајн надоврзaн на динамичниот карактер на SUV како и аердинамичната изработка и свежината создадена со игра на бои.
Во внатрешноста се воочува новата етапа на програмата Citroën Advanced Comfort®, со прочистен и осветлен патнички простор, топли и нежни на допир материјали и најнова технологија ставена на располагање за уживање во возењето.
Премиерно ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Женева на 7 март, со што C-Aircross Concept је најавува светската офанзива на Citroën во сегментот на компакните SUV.

Citroën премиерно го открива велот на својот авантуристички и шаренолик компактен SUV на марката. C-Aircross Concept одбележува почеток на нова етапа за Citroën во неговата стратегија на производ.

ДИЗАЈН–ДОКАЖАН SUV:

C-Aircross Concept се истакнува и се разликува во светот на SUV со својата енергичност, оригиналност и свежина. Се истакнува со својот модерен изглед и изразени графички елементи како и обоени вметоци. Нуди амбиент во ентериерот кој истовремено е и технички и релаксирачки, благодарение на прочистениот стил.

Екипите на Style Citroën дизајнираа компактен SUV C-Aircross Concept, со должина од 4,15m, ширина 1,74m, и висина 1,63m. Визуелно подигната каросерија со заштитната подоложна лајсна како и дополнителна заштита на надкрилата на концептот C-Aircrossво сјајна црна боја, странична заштита вградена во долниот дел од каросеријата и тркалата од 18 инчи го истакнуваат неговиот уметнички и креативен израз и дизајн.

CL 17.008.007

КОМФОР – модерен SUV:

Спротивното отворање на вратите на Citroën C-Aircross Concept отвораат кон воздушниот простор на широки и исполнети седишта и светлина со подвижниот стаклен панорамски покрив. Внатрешниот патнички   простор е дизајниран според програмата Citroën Advanced Comfort® каде технологијата е во служба на примената и употребата: естетски дисплеј со приказ на информации во висина на погледот, едноделен волан со интуитивни команди, камера за движење наназад и полнење на вашите смартфони со индукција.

CL 17.008.004