19_19 Concept

19_19 Concept , патување во ë-комфор режим .
BORN CITROËN*
По концептот за електрична урбана мобилност Ami One Concept, Citroën го претставува 19_19 Concept, второто електрично концепт возило за да го прослави своето стогодишно постоење и за да ја постави својата визија за екстра-урбана мобилност. 19_19 Concept е концепт со висока технологија и спектакуларен дизајн, инспириран од аеронаутиката. Екстремно го нагласува комфорот, создавајќи од патничката кабина вистинска дневна соба на тркала, со паметно потпирање за да се добие чувство на лебдење над патот. Иновативен и футуристички, тој нуди опсег од 800 km, автономна технологија на возење на ниво 4 и личен асистент кој е во интеракција со патниците.
*Создаден нов Citroën
Проѕирна капсула
Со целосно застаклена шасија, 19_19 Concept изгледа како проѕирен меур. Неговата должина, меѓуоскиното растојание и ултра-краткиот преден и заден дел, допринесуваат за неговиот импресивен изглед.
Високо заоблената патничка кабина, која на секоја страна ја потсетува на основа на крило на авион, создава впечаток на робусност и ширина.
На предната страна има плексиглас во црна боја, а на задната обоен во сино, инспирирано од сината боја на Petite Rosalie, одбележје на самата марка. Напред, во патничката кабина, патниците можат сè да видат и да бидат видени, додека во задниот дел, со вметнување на микро-перфориран филм, се зачувува приватноста.
Футуристички преден дел
Дизајнот на 19_19 Concept е аеродинамичен. Во предниот дел е вметнат капак од двоен плексиглас . Горниот дел од капакот има можност да се издигне многу високо над крилата, служејќи како перка и како поддршка за Full LED светлечкиот потпис, кој го содржи и шевроните на марката како и логото Origins. Структурата на потпирањето, тркалата и внатрешноста на крилата се украсени со ребра кои потсетуваат на шевроните.
Технолошки заден дел
Задниот дел претставува ехо на предниот: меурот на задната врата, аеродинамичната подрамка, светлосниот потпис со две линии во форма Y, заедно со интегрираните шеврони кои формираат спојлер. Два LIDAR-и (ласерски системи за мерење) се наоѓаат на задниот дел од покривот. Подлогата е дизајнирана во форма на скејтборд, откривајќи ги батериите и сите технички компоненти. Украсена е со три линии во сина, бела и црвена боја.
XXL тркала
Се чини дека 19_19 Concept e потпрен над самите XXL тркала, (дијаметар: 930 mm и пневматици 255/30 R30), развиени во соработка со Goodyear. Се добива впечаток дека пневматиот и тркалото се како едно, бидејќи пневматикот преминува над рамката,што придонесува за акустичен комфор.
Крилата, одвоени од каросеријата, а интегрирани во тркалата, сугерираат на комплетна независност на тркалата: се добива впечаток дека кабината е поставена на 4 сфери, одделени од патот.
Централниот вртлив дел останува фиксиран, прикажувајќи го логото на Citroën Origins кога 19_19 Concept е во движење.
BORN COMFORT*
Дневна соба на тркала
19_19 Concept нуди специфичен универзум за секој патник. Возачкото место има интуитивни контроли, head-up display кој емитува важни информации на ветробранското стакло, ултра-комфорно седиште и звучник во потпирачот за глава. Совозачот добива „лежалка“ со прилагодлив потпирач за нозе, а задните седишта се дизајнирани како софа. Секој патник има сопствена звучна зона, со персонализирана содржина испратена директно до нив.
Во долниот дел, максимално поедноставената командна табла има застаклена површина која се претвора во екран за филмска проекција. Управувачот лебди, изгледа како мермер и има екран во центарот на кој континуирано се прикажува логото на Citroën од секоја генерација.
Вратите се обратно поставени, овозможувајќи оптимален пристап за сите патници бидејќи нема столб B.
* Создаден комфор
Чувство на лебдење на патот
19_19 Concept покрај интелигентната суспензија, активниот систем на управување, располага и со anti-roll и anti-list систем со Progressive Hydraulic Stops® со кој доаѓа до елиминирање на ударите и надворешните пречки. Тркалата и гумите исто така допринесуваат за удобност при суспензијата. Благодарение на интелигентниот сензорски систем IntelliGrip, 19_19 Concept нуди оптимален режим на возење кој влијае на брзината, сопирањето, управувањето како и на стабилноста .
BORN FUTURE*
100 % електричен и независен
800 km независност 19_19 Concept е 100 % електричен.Достигнува брзина од 0-100 km за 5 s и достигнува максимална брзина од 200 km/h. Има ултра-брзо индукционо полнење, што значи дека може да се достигнат 600 km за само 20 min, без кабел за полнење.
* Создадена иднина
Автономно возење
19_19 Concept може да го управува возењето автономно. Може да се делегираат различни режими во зависност од условите на патот, како при возење на автопат или при сообраќаен метеж. За поголемо уживање во возењето или при покомплексни ситуации како при возење низ гратскиот метеж, возачот може да го преземе управувањето во секое време.
Интиутивен и проактивен личен асистент
Личниот асистент е во форма на цилиндер поставен на контролната табла. Опремен со вештачка интелигенција, служи за интеракција со возилото и со патниците. Кога возачот вози, тој останува активен, но не ја презема контролата. При режим без возач управувачот и единицата за педали се вовлекуваат, а личниот асистент се поставува над контролната табла, ослободувајќи ја површината за проекција за возачот.
Личниот асистент располага со услуга за гласовно препознавање на природниот говор, развиен од SoundHound Inc, start up компанија од Силиконската долина.