Citroën Inspired By You

Од создавањето на марката во 1919, најважниот дел од Citroën сте вие. Вашиот живот и желби се наша инспирација. Ние сме INSPIRED BY YOU (Инспирирани од вас)..

Inspired_By_You_555x318

Од нашиот основач André Citroën па сè до денешните дизајнерски студија, веруваме дека нашата креативност и иновации го подобрува вашето секојдневие.

За да ја оствариме нашата визија, ние сме INSPIRED BY YOU ( Инспирирани од вас ). Внимателно ги набљудуваме вашите желби за поголема слобода и авантура, за посреќни моменти поминати заедно и помирни понеделнички утра.
Потоа ние создаваме и развиваме смели и визионерски возила, како и услуги кои се плод на неисцрпен извор на инспирација: вие.

Да се мисли секогаш на луѓето е наше мото на постоење.

Посетете ја виртуелната страница на CITROËN ORIGINS MUSEUM

СМЕЛ И УНИКАТЕН ДИЗАЈН

Citroen-cars-animation-0.5

БИДЕЈЌИ САКАТЕ ДА СЕ ИЗДВОИТЕ ОД ДРУГИТЕ

Дизајнот на Citroën се базира на уникатен пристап да се биде смел и да се издвои од останатите.
Како го остваруваме тоа? Со користење на легендарните стилски кодови и детали од модели од минатото, секогаш тежнеејќи кон едноставност.
Со тоа нашата гама на возила се издвојува од сето она што го среќаваме на улиците.

КАКО СЕ ИЗГОВОРА CITROËN?

Погледнете ги овие насоки за тоа како се изговара Citroën.
Изговорот е лесен исто како и возењето со него!

 

 

ЛОГОТО НА CITROËN НИЗ ГОДИНИТЕ

Logosavecdates_597X500

. Во 1900, André Citroën успешно ги патентирал двата запчаника во форма на двојни шеврони, симбол кој го користел во 1919 при изработката на возила.
. Помеѓу 1921 и 1936, заоблената форма била заменета со шестоаголник на сина позадина која ги потенцирала жолтите шеврони, а потоа било вметнато името Citroën .
. Во раните 30-ти, се појавило паралелно лого во вид на лебед кој плови врз исписот на Citroën, симбол за новите пловни мотори.
. До 1959 застапени биле жолтите шеврони испакнати од бела елипса, а потоа во 1966 година, името Citroën е вметнато во син квадрат.
. Од 1985, со цел модернизирање на марката, стрелките биле бели, наместо црвени и биле вметнати во црвен квадрат.
. Во 2009, новото лого на нарката има хромирани и заоблени 3D шеврони, со испишанo Citroën во црвена боја одоздола. Понатаму во 2016 била претставена префинета 2D верзија, инспирирана од рамен дизајн.