Citroën Business Centre
РЕШЕНИЕ ЗА СÈ ВО ВРСКА СО ВАШИОТ БИЗНИС

Citroën Business Centre овозможува персонализирани решенија за сите бизнис корисници и деловни субјекти. За што подобро да ги исполниме очекувањата на занаетчиите, компаниите - од мали, средни до големи претприемачи до клучни купувачи, нудиме широка палета на услуги, прилагодливи токму на вашиот бизнис.
Нашите заложби:
– Квалификуван продажен персонал
– Изложени бизнис и комерцијални возила
– Тест возила
– Соодветен избор на дополнителна опрема и можност за трансформација
– Целосна понуда за финансирање и сервисирање
КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
ВОЗИЛА СОЗДАДЕНИ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
За максимално да одговориме на вашите специфични професионални потреби, навики и очекувања од возилата во однос на обемот на товарот, димензиите и носивоста, истовремено одржувајќи ја удобноста на корисникот, Citroën ви нуди широк спектар на комерцијални возила. Откријте што најмногу ви одговара од гамата комерцијални возила од Citroën: Berlingo Van, Jumpy или Jumper.
BUSINESS И ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА
Доколку за вашиот бизнис или службени патувања ви е потребен автомобил, изберете од гамата Bussines или патнички возила од Citroën. Без разлика дали сте rent-a car компанија, лизинг компанија или клиент со возен парк, на располагање сме за да ви понудиме решение по мерка на вашиот бизнис. Сите правни лица при набавка на Business возила имаат право на поврат на данокот на додадена вредност.
CITROËN TRANSFORMER: РЕШЕНИЈА ПО МЕРКА
За да се исполнат специфичните потреби на секоја активност, нудиме можност за доработка и трансформација на возилата.
ИЗОТЕРМНИ И ЛАДИЛНИЦИ
За превоз на производи со ограничен рок на траење, Citroën создаде комплетна гама на изотермни и ладилни возила врз платформа на Berlingo, Jumpy и Jumper. Одговараат на потребите на професионалците во секторот месари и дистрибутери на прехрамбени производи со зафатнина на товарен простор од 1,35 m3 до 16,3 m3.
ТРГОВИЈА И УСЛУГИ
Citroën нуди иновативни технички решенија во дизајнирање на мобилни продавници со специјални уредувања (пекарница, рибарница, месара, пицерија, snack), компактни и ефикасни возила за подигнување смет, возила за помош на пат, подвижни сервиси и возила за погреб. Овој тип на возила се достапни на платформа на Berlingo, Jumpy и Jumper.
ГРАДЕЖНИШТВО
За превоз на тешки товари, во град и на автопат, Citroën нуди богата гама на кипери, плато со страници и Pick-up на платформа Berlingo, Jumpy и Jumper. Продолжените кабини нудат до 3 m корисна должина и корисна носивост до 1 425 kg . Со седишта во вториот ред може да прими до седум лица.
АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО
Citroën поседува долгогодишно искуство во дизајнирање на амбулантни возила. Адаптирани врз платформа на Jumpy и Jumper, располагаат со медицинска келија, ергономски уреди кои гарантираат ефикасност на екипите за интервенција, со специјално потпирање за максимална удобност на лицата кои се превезуваат.
ПРЕВОЗ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Било да сте невладини или солидарни организации или физички лица, моделите Berlingo, Jumpy и Jumper гарантираат комфор и сигурност на вашите патници. До шест лица со посебни потреби може да се качат во кабината со своите инвалидски колички. Особено внимание е посветено на пристапот во кабината
(пристапна рампа, подвижна платформа, систем за спуштање).
ФУРГОНИ СО ГОЛЕМИ ЗАФАТНИНИ
Citroën ви нуди комплетна понуда на Фургони на платформа Jumper Кабина со плоча и Кабина со шасија. Овие возила нудат голем капацитет на корисна зафатнина до 22,5 m3 .
ДРУГИ ТРАНСФОРМАЦИИ
Citroën ви нуди решенија по мерка прилагодени на секаков вид на потреби: трансформација на патничко во комерцијално возило, авто школа, пренос 4Х4 …Продажниот тим на Citroën е секогаш тука за Вас за да ве насочи во вашите планови.
ПОСЛЕ ПРОДАЖБА, ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИС НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА
Нашите заложби:
-Наменски телефонски број и персонал за прием
-Прилагодена организација на работното време
-Загарантиран термин за сервисирање во рок од 72 часа
-Понуда на соодветно решение за мобилност
ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
СИТЕ ПРАВНИ ЛИЦА ПРИ НАБАВКА НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ИЛИ БИЗНИС ВОЗИЛА ИМААТ ПРАВО НА ПОВРАТ НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ.
Искористете ги можностите за финансирање, и тоа:
Во соработка со Sparkasse Leasing – Финансиски лизинг за комерцијални/бизнис возила
– Каматна стапка од само 4,50%
– Учество минимум – 10% (нето)
– Максимален рок на отплата – 84 мес (мах)
– Трошок за обработка – 1,50%
Во соработка со ПроКредит Банка – Специјална понуда за автомобилски кредити за физички и правни лица
– 5% фиксна каматна стапка за цел период, со возилото под залог
– 5,5% фиксна каматна стапка за цел период, со солемнизација на договор
– Максимум рок од 5 години
– 0% учество
– 1% провизија за исплата
– 100% контролирани средства