July 3, 2018

SUV C3 AIRCROSS: ПОСТАНА ГЛАВЕН ИГРАЧ СО 90 000 НАРАЧКИ

Комерцијализиран кон крајот на 2017, новиот SUV C3 Aircross за девет месец се наметна во SUV сегментот, со дизајн инсипиран според очекувањата на клиентите од овој пазар. Со оригинален однос и карактер и со бројни можности на персонализација, неверојатен патнички простор и модуларност без конкуренција, но истовремено и со 12 технологии за помош во возењето и 4 технологии за поврзување за целосно олеснување на секојдневието, Citroën C3 Aircross се наметнува како « импресивен ». Носител на програмата Citroën Advanced Comfort®, SUV C3 Aircross се пригадодува на современиот начин на живеење, нудејќи оригинално и неповторливо искуство во возењето. Подеднакво одлично се чувствува во град и на автопат, а ви нуди неповторлива авантура со функцијата Grip Control® со Hill Assist Descent.

Новиот SUV C3 Aircross постана неодминлив играч на пазарот, а досега воодушеви и привлече околу 90 000 клиенти во Европа од кои 35 000 во Франција. Купувачите на SUV C3 Aircross се воодушевени од неговата морфологија, неговиот свеж и оптимистички дизајн. Состојба на духот акцентирана со неговиот потенцијал на персонализација за да креирате возило според вашиот имиџ. Од продажбата на новиот SUV C3 Aircross 30% се со двобоен покрив и 25% со Пакет во боја. Поради неговата мултифункционалност новиот SUV C3 Aircross е модел кој ги задоволува очекувањата на младите семејства, но и на повозрасните кои во автомобилот го пронашле идеалниот партнер за активен живот.