СИТЕ ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА CITROËN СЕ ХОМОЛОГИРАНИ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ WLTP

Сите патнички возила Citroën се хомологирани според стандардите WLTP, еден од наjригорозните стандари кои се најблизу до реалните услови на користење од страна на клиентите. Марката нуди комплетна гама на мотори со високи перформанси и ефикасност, кои располагаат со најновата технологија од примерот на SCR « Selective Catalytic Reduction » кај дизел моторот BlueHDi и GPF « филтер за честички кај бензински мотор » кај моторите со директно вбризгување. Овие мотори ги задоволуваат стандарите кои се на сила од 01. Септември 2018 за заштита на загадувањето.
« Амбициите на Citroën директно се црпат од нашите клиенти и се залагаат за давање на конкретни одговори на нивните секојдневни потреби и грижи. Станува збор за потрошувачката и за емисијата на штетни честички особено со применување на технологијата SCR (Selective Catalytic Reduction) кај дизел моторите и GPF (филтер за честички кај бензинските мотори) кај моторите со директно вбризгување. На овој начин се истакнуваат јасните и прецизни информации за клиентите, со давање на вредности за реална употреба на возилото со T&E и FNE од 2016 како и јасна поддршка на новите стандарди WLTP. Уште од денес на нашите клиенти им нудиме мотори хомологирани според WLTP чија цел е да гарантираат максимална удобност во возењето со своите перформанси и доблести». Linda Jackson – Citroën CEO
Од 01. Септември 2018, се менува процесот на хомологација со цел да се понуди реална слика за потрошувачката на гориво за да клиентот може да си ја предвиди употребата на возилото според хомологираните податоци. Новиот стандард WLTP (Worldwide harmonized Light Vehicle Test Procedure) се применува кај сите патнички автомобили кои се комерцијализирани во Европска Унија. Основата на овие стандарди е реални циклуси во возењето кои се најблизу до реалната употреба во смисла на изминато растојание, просечна брзина, време на запирање и температура. Овие тестови овозможуваат добивање на хомологирани вредности за потрошувачката на гориво и за емисија на честичките како и точна конфигурација на возилото. Резултатите добиени од овие пробни тестови за емисија на CO, NOx и честички се проверуваат во реални услови на патот.
Денес, целокупната гама на Citroën е хомологирана според стадарите на WLTP, за да им понудат на клиентите комплетна гама на мотори кои истовремено се со високи перформасни но и со доблести, а се најблизу до нивните потреби.
Citroën е марка која ја црпи својата инспирација од клиентите и од нивниот начин на доживување на автомобилот. Нејзината посветеност да понуди најпрецизни информации до реалноста, доведе до примена на новите стандари WLTP, прецизен циклус до реалните услови на користење на возилото, кој започнува со постапката T&E започната во 2016. Со цел транспарентност и максимална информираност на клиентите, Citroën ја објави на својата веб страна потрошувачка на гориво на сите свои модели од 2016 како и емисија на NOx во реални услови на користење од март 2018, во согласност со стандартите ONG (T&E и FNE) сертифицирани од независна организација со назив Bureau Veritas.
Со хомологирање на сите свои модели, Citroën им гарантира на своите клиенти комплетна гама на мотори кои целосно ги задоволуваат потребите на клиентите. Бензинските мотори PureTech и дизел моторите BlueHDi од најнова генерација му даваат голема предност на Citroën во однос на ригорозните стандарди кои треба да стапат на сила од 2020 со примена на најефикасни технологии за заштита на животната средина. Впрочем, сите модели на Citroën располгаат со иновациите на Групацијата Groupe PSA од примерот на SCR (Selective Catalytic Reduction) кај дизел моторите Diesel BlueHDi, и GPF, оригинален филтер за честички кај бензинските мотори со директно вбризгување.