November 29, 2018

СЕЗОНАТА ЗАВРШИ ВО НАГОРНА ЛИНИЈА!

Искачувајќи се на победничкиот подиум по петти пат во сезонава во Австралија, Mads Ostberg и Torstein Eriksen како дел од екипата Citroën Total Abu Dhabi WRT која уште еднаш ја докажа својата надменост во втората половина од годината.

ПРИКАЗНА ЗА ТРКАТА

Израснат на скандинавските вијугави и лизгави патишта, Mads Ostberg отсекогаш се воодушевувал од брзината на рели трките, а токму рели трката Австралија е од таков вид. Иако неговото последно учество датира од трката во Велика Британија, норвежанецот веднаш се прилагоди и се постави на чело со помош на еден scratch уште и од ES 3 – Sherwood (26,68 km), најдолгата ES која беше предвидена овој петок, која не ја напушти до крајот на денот. Ѕвезда на првиот ден беше и Craig Breen. Втор веднаш зад неговиот тимски колега на патеката во Sherwood, го оствари своето најдобро време на втората, потврдувајќи ја на тој начин беспекорната рамнотежа на неговиот C3 WRC на терен кој е особено тежок. Талентираниот ex-kartman без тешкотии ги помина двата премини во супер-специјалата која во најголем дел беше на асфалт за да ја заврши на второто место. За жал, трката тргна во сосема друга насока наредниот ден, малото блокирање на педалот за забрзување и мала грешка со која настрада потпирањето назад лево го спуштија дури на десеттата позиција. Од друга страна пак Mads правеше сè да се спротивстави на конкуренцијата и ги препушти своите команди дури на третото chrono (ES 11) вториот ден. И покрај вториот премин во супер-специјалата (ES 17) возена во услови на дожд , ја докажа својата истрајност која беше наградена со качување на победничкиот подиум саботата навечер. Четвртото место, на само 20’’3 од оној кој беше пред него на пласманот, му даваше надеж за последната етапа која требаше да се извози во крајно непогодни временски услови со бури и грмотевици. Тоа беше фатално за двајцата конкуренти за победничкиот подиум, но Mads беше во целосна осмоза со својот C3 WRC и тоа на подлога која напати наликуваше на лизгалиште на мраз, така што воопшто не се уплаши. Малку се засолни од страв да не се преврти, пред да се закачи на третата позиција во претпоследниот хронометриски сектор, и на тој начин да си го загарантира второто скалило на подиумот, по освоеното второ место во Финска. Неговите беспрекорни перформанси и овозможија на екипата на Citroën Total Abu Dhabi WRT да биде меѓу трите најдобри зи тоа петти пат годинава, по Шведска ( втори), Мексико (трети), Финска ( втори) и шпанскиот успех. Craig Breen и Scott Martin стигнаа на целта на седмата позиција.