CITROËN ГИ ЛАНСИРА ПРВИТЕ ОЧИЛА ЗА РЕЛАКСИРАНИ ДОЛГИ ПАТУВАЊА: SEETROËN !

Летните одмори и долгите патувања се на прагот… За жал со нив се појавуваат и непријатните чувства на гадење и повраќање при патување, а патувањето е одлична можност за читање од вашиот смартфон или таблет. Повеќе од 30 милиони лица во Европа го имаат ова непријатно чувство при патување. За да се соочиме со овој вид на проблем марката Citroën, ги претставува SEETROËN, првите очила кои елиминираат непријатно чувство од патување. Овие очила функционираат на едноставен принцип: ја одржуваат хоризонталната линијата во видното поле на патникот со помош на обоена течност која го елиминира чувството на гадење и на непријатност.
Марка која е посветена на чувството на удобност на сите свои патници, Citroën ги претставува SEETROËN, првите очила кои го елиминираат целосно непријатното чувство на гадење и повраќање при патување. Не можат да го елиминираат чувството на надоаѓање на повраќање и на чувството на придушен слух но даваат решение за непријатно чувство при патување. Оваа хронична состојба се нарекува кинетоза и од неа страдаат повеќе од 30 милиони европејци. Едно од три лица ги имаат доживеано овие симптоми најмалку еднаш во својот живот.
Ова решение кое првично било развиено за потребите на морнарите, Citroën одлучи да го употреби за широка примена: на брод но и за во автомобил, автобус, авион – со креирање на очилата SEETROËN.
• Очилата SEETROËN ја користат технологијата Boarding RingTM, развиена од страна на start-up компанија од Јужна Франција. Овој парамедицински уред, е заштитен и тестиран, а има стапка на ефикасност од 95%.
• Течноста во овие очила се движи во прстените околу очите, во насока десно кон лево, но и во правец напред/назад, и ја одржува хоризонталната линија со цел елиминирање на конфликот во сетилата кои се причина за ова чувство на гадење и повраќање.
• Citroën го довери дизјанирањето на париското студио за дизајн 5.5, кое создаде очила со high-tech изглед, изработени од бела пластика нежна на допир.
Како функционира ?
• Ставете ги очилата уште при појавување на првите симптоми.
• По 10 до 12 минути, овој уред го синхронизира движењето кое го чита од внатрешното уво во момент кога очите се фиксирани на неподвижен предмет како на пример смартфон или книга.
• Извадете ги очилата и уживајте во патувањето.
Овие очила се наменети за возрасни и за деца постари од 10 години (чие внатрешно уво е целосно развиено).
Не се изработени од стакло и може да ги користи целото семејтсво, членови на екипа, … а може да се носат и над очилата за гледање.
Комерцијализација на очилата SEETROËN за нашиот пазар се очекува во октомври 2018.
Погледнете го видеото: