SÉBASTIEN OGIER И JULIEN INGRASSIA ОБЕЗБЕДИЈА 100-ТА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА WRC ЗА CITROËN!

Sébastien Ogier и Julien Ingrassia направија херојски напор со своето C3 WRC на денешната последна етапа за да победат на Рели трките на Monte-Carlo со најтесната предност во историјата на настанот. Победничката предност се рефлектираше врз интензитетот на борбата и испорачаните перформанси, перформанси кои помогнаа Citroën Racing да ја добие стотата WRC победа на почетокот на годината во која марката ја прославува стогодишнината!
• Справувањето со последните 13.58 километри од Рели трките на Монте Карло по одржано водство од околу 324 километри со предност од само четири десетинки од секунда, бара исклучително ладна глава. До толку повеќе што концетрацијата ви е нарушена заради проблем со гасот. Со шест титули до нивните имиња, Sébastien Ogier и Julien Ingrassia одамна ја имаат совладано уметноста за справување со притисокот при вакви ситуации и адреналинот што пумпа нив нивните системи, а тоа го покажаа и денес. Втори најбрзи на финалната етапа помеѓу La Cabanette и Col de Braus, французинот ја запечати нивната седма победа и нивната шеста по ред во кнежевството за само 2.2s, на нивниот прв натпреварувачки настап со C3 WRC! Резултатот значи и дека парот заедно го држи рекордот по број на победи на ова престижно рели и токму сега потврдува колку многу Sébastien и Julien се како едно со нивното ново возило.
• Овој исклучителен перформанс е еднаков на стотата победа на Citroën Racing на Светскиот рели шампионат, речиси дваесет години по прватa победа на ова ниво кога Xsara Kit-Car преовладуваше во 1999 на Rally de Catalunya, управувана од покојниот Philippe Bugalski и Jean-Paul Chiaroni, кој сега работи како координатор за извидување и временски услови за тимот. Историското достигнување кое се одразува како долготрајност на највисоко ниво со кое само неколку производители може да се пофалат.
• Сите свесни за замките кои секогаш ги обезбедува Monte-Carlo, францускиот пар прифати одмерен, интелигентен пристап уште од самиот почеток, грабајќи ја втората позиција по отворањето во четвртокот со две ноќни етапи. Тие потоа се поместија со вкупно водство, наредниот ден (SS7), во голема мера благодарение на победите во две етапи (SS5 и SS6) кај Curbans – Piegut (18.47km) и Valdrome – Sigottier 2 (20.04km), и двете нови патеки од годинава. Завршувајќи ја петочната трка со тесно водство од 2.0s, Sébastien и Julien успеаја повеќе од двојно да ја зголемат својата предност кај Agnières en Devoluy – Corps (29.82km), на почетниот брзински тест во саботата и најдолгиот за време на викендот и покрај појавата на многу мраз. Водство кое го совладаа до крајот на саботната трка, што значи дека го започнаа финалниот ден со 4.3s предност пред второ пласираната екипа. Тие менуваа удари со нивните најблиски ривали во неделната кратка трка пред да ги поминат за победа во последните стотина метри.
• Во меѓувреме, иако беа принудени да се повлечат во неделата наутро по проблеми со моторот Esapekka Lappi и Janne Ferm имаа непомалку ветувачки старт на трката, задржувајќи се на четвртото место, вечерта во четвртокот. Јасно, Citroën Total WRT напрви вистински чекор со одлуката да ги додаде во составот на возачи, покрај Sébastien Ogier и Julien Ingrassia. Со оглед на тоа, веројатно е дека и тие ќе имаат добра позиција за редоследот во Шведска, тие несомнено ќе бидат сила на која повторно ќе се смета.