SÉBASTIEN OGIE СЕ ВРАЌА ВО ЕКИПАТА ОД СВОИТЕ ПОЧЕТОЦИ !

Одлучна од наредната година да нижи само победи, екипата на Citroën Total Abu Dhabi WRT со гордост го најави враќањето од 2019, на Себастијан Ожие (Sébastien Ogier) и Жулиен Инграсија (Julien Ingrassia), петкратните светски шампиони во светот на рели трките.
Пред десет години, на Рели во Велика Британија 2008, Себастијан Ожие (Sébastien Ogier) и Жулиен Инграсија (Julien Ingrassia), во тоа време ја освоија титулата Светски шампиони за младинци, зад воланот на C4 WRC зграпчувајќи го првиот scratch, и водејќи го сè до ES 5. На прагот на 2018 на ова исто рели, кој претставува и најадекватниот настан за најава на враќањето на петкратните светски шампиони (2013 до 2017) во рамки на екипата Citroën Total Abu
Dhabi WRT, каде и ја започнаа својата кариера! Се појавија облечени во истите комбинезони со познатите шеврони кога двајцата французи го освоија првиот шампионат, во Јуниори со C2 Super 1600, и нивниот прв scratch, но и првото качување на подиумот во WRC (2-ри на Акропол во 2009 со C4 WRC) како и првата победа (Португалија 2010 со C4 WRC). Докажувајќи го својот талент во рамки на екипата Junior Team d’alors, но многу брзо и се прилагодија и докажаа во елитната екипа на црвените (Финска 2010), давајќи особен допринос за титулата производители во 2010 и 2011. Од 2019 се приклучуваат на оваа екипа во освојување на шестата последователна победа, обука која беше водена од Пјер Будар, зад воланот на C3 WRC кој веќе има освоено две победи и шест подиуми. Подготвен да се бори за титулата светски шамион за марката, Себастијан е убеден во потенцијалот на својот автомобил како и во одлучноста на тимот којшто многу добро го познава. Пресреќни што повторно ќе работат заедно, со нетрпение очекуваат да го натопат новиот пехар кој ќе биде седми по ред. На ден пред почетокот на Саемот на автомобили 2018 (4-14 октомври), каде ќе биде изложен и еден C3 WRC, најавата на повторната соработка на ова познато дуо беше примена на одлична вест од страна на нивните фанови, кои без никакви сомнежи го очекуваат отпочнувањето на новата сезона на рели Монте- Карло 2019 (22-27 јануари) !