March 7, 2017

САЕМ ВО ЖЕНЕВА 2017: DS 7 CROSSBACK – ЅВЕЗДА ПОМЕЃУ ЧЕТИРИТЕ СВЕТСКИ ПРЕМИЕРИ НА DS

DS 7 CROSSBACK, новиот SUV и првиот модел од втората генерација на возила DS, ќе биде вистинската ѕвезда помеѓу четирите светски премиери што марката DS ќе ги претстави на 87-то издание на Светскиот саем на автомобили во Женева.
DS 7 CROSSBACK La Première, лимитирана серија што може да се нарача он лајн од 7 март до 31 декември 2017.
Други две светски премиери кои ќе бидат рамо до рамо, ексклузувно преставени се: DS 5 Prestige во чест на DS 19 Prestige од 1958 и DS 3 Ines de la Fressange, la Parisienne chic.

Посетете нè од 9 до 19 март 2017, на штандот DS, Хала 6 во Паркот за конгреси и изложби во Женева.

Ив Бонефонт, генералниот директор на марката DS « со овие четири светски премиери меѓу кои се вбројува DS 7 CROSSBACK, претставени на овогодишниот Саем на автомобили во Женева 2017, DS започнува нова фаза на имплентација на нејзината стратегија. Марката ги следи своите три приоритети: да понуди извонредни производи, понуда која се базира на целосна дигитализација, ексклузивно искуство на клиентот кое е персонализирано благодарение на програмата ONLY YOU. »

DS AUTOMOBILES исто така ќе го претстави и хибридот E-TENSE, кој е производ на најновата технологија на DS која ќе се понуди во каталог од 2019.

DS 7 CROSSBACK: НОВИОТ SUV НА МАРКАТА DS, ИНОВАЦИЈА И УМЕШНОСТ СО ПОТПИС НА PARIS
За првото претставување пред јавноста, DS 7 CROSSBACK е облечен во Gold Byzantin кој го разубавува неговиот мускулест и сензуален изглед:
– изгледот напред DS WINGS, со вертикална поставеност го изразува неговото благородничко држење, неговите перформанси и неговата харизматичност. Шестоаглона форма на решетката со дијамантски ефект за истакнување на амблемот DS во центарот.
– две централни линии на капакот на моторот изработен од алуминиум каде јасно се истакнува беџот на DS.
– Назад, заоблен капак и дизајнот на светлата назад ја истакнуваат неговата оригиналност на светлосниот потпис DS 7 CROSSBACK. Технологијата 3D Full LED, со тридимензионални мотиви инспирирани од најновиот concept car на марката DS кој го носи името E-Tense.
Овие технологии од најнова генерација кај DS 7 CROSSBACK се концентрирани на пет термички мотори (три бензински и два Diesel BlueHDi), поврзани со новиот автоматски менувач со осум степени (EAT8).

E-TENSE, ХИБРИД DS & DSV-02 : НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Хибридот со високи перформанси E-TENSE, развива моќност од 300 КС, моторен погон на четири тркала и автономија од 60 km* со нула емисија на честички ќе биде на располагање кај DS 7 CROSSBACK на почетокот од 2019.

DS 5 PRESTIGE И DS 3 INES DE LA FRESSANGE: КОЛЕКЦИЈА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2017, ЛИМИТИРАНА УЛТРА ЕКСКЛУЗИВНА СЕРИЈА
DS 5 Prestige на Саемот во Женева ќе биде облечен во Бела бисерна, а од неговата комерцијализација клиентите ќе може да изберат и меѓу Црна Perla Nera или пак Сива Platinum.
DS 5 Prestige ќе биде изработена во 250 примероци со командна табла во кожа.

Автомобилска икона со неповторлив стил и изглед на париската chic мода, ќе биде на располагање во верзија на берлина и кабрио изведба.
Во мастилно сина каросерија, а покрив во бела опал боја, во верзија берлина или пак црн платнен покрив во кабрио верзија, DS 3 Ines de la Fressange се истакнува со логото на ‘Rouge Ines’ на ретровизорите и на тркалата.
За оваа лимитирана серија во понудата се шест мотори– PureTech 110 S&S BVM или EAT6, Pure Tech 130 BVM6, THP 165 S&S BVM6, BlueHDi 100 S&S BVM и BlueHDi 120 S&S BVM6.