April 20, 2015

САЕМ TECHNO-CLASSICA 2015 : « CITROËN ИМА КАРАКТЕР »

Саемот Techno-Classica ги отвори вратите за посетители во Есен ( Германија). Најголемиот саем на класични автомобили срдечно ќе ги нагости фановите на автомобили до 19 април. Годинава, штандот на марката е на тема « CITROËN ИМА КАРАКТЕР » и ќе изложи автомобили со изразен карактер од типот на 2CV 4x4 Sahara, Ami 6, GS или пак concept car C4 CACTUS Aventure. Повеќе од 95 години, возилата на CITROËN длабоко го одбележаа светот на автомобилот кој непрестано се менува и вчудоневидува.

Надалеку ценетиот 2CV 4X4  Sahara

За првпат претставен во 1958, како се искачува на нагорнина од 40 % во пустина. Овој автомобил 2CV со моторен погон на 4 тркала поседува со двојни вградени елементи : 2 мотори, 2 менувачи,  2 резервоари и мотор и менувач поставени назад. Подоцна ќе биде наречен двомоторен 2CV.

 

Симболичниот  AMI 6

Премиерно претставен во април 1961, се продаваше до 1971 во околу 1 040 000 примероци. Оригинален дизајн на Фламинго Бертони, CITROËN создаде од овој модел возило со 4 врати за средната класа. Со својот одличен комфор и просторност, CITROËN AMI 6 ја одбележа целата епоха како и генетското наследство на Марката.

 

CITROËN GS и неговиот аеродинамичен дизајн

Осмислен од Роберт Опрон и премиерно претставен на Саемот во Париз во 1970, GS воодушевува со својата оригиналност и уникатен потпис. Со хидрауличен систем и бесшумен мотор, високо ниво на комфор, GS беше инспирација за многумина уметници и актери.

 

И најмодерниот : concept-car C4 CACTUS Aventure

Оригинална варијанта на CITROËN C4 Cactus лансиран во 2014, овој концепт автомобил ги надминува сите бариери и се придвижува кон луѓе чии особености се споделување и оптимизам. Авантуристички дух со подигнато држење и пневматици за секаков терен, дополнителни светла и багажник на кровот.

 

« Играчки CITROËN » 

Штандот за играчки на CITROËN, ќе биде претставен во халата 9. Андре Ситроен отсекогаш сакал да ги изненади децата со играчки CITROËN со мали тротинети « Citroënettes », минијатурни класични автомобили на педали, од CITROËN XM со далечинско или пак « Lego » Citroën BX.